Македонија
(Видео) Џафери го изнервираа пратениците: Седете, море аман!
Претседателот на Собранието, Талат Џафери, им се налути на пратениците кога во првиот обид за гласање во собраниската сала немаше доволен број присутни за да може да се изгласа одложувањето на примената за законот за пазарџии. Во собраниските клупи во тој момент седеа вкупно 54 пратенци.
По ова, Џафери им се налути на пратениците што дополнително влегоа во салата.
„Да излезат надвор тие што влегоа по гласањето, не може да влегува кој како сака“, рече спикерот во парламентот и ги повика пратениците доколку сакаат пауза, уредно да побараат.
„Ги повикувам пратениците да си ја извршуваат функцијата за која се избрани“, рече Џафери.
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, рече дека од опозицијата ќе останат во салата заради кворум, иако тие барале целосно укинување на овој закон.
Гласањето беше повторено кога во салата влегоа пратеници и беа 72 на број, со што беше донесена измена на законот со кој се одложува неговата примена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

