Свет
Полски ветеринар: 2.700 килограми сомнително месо од Полска завршило во ЕУ
Полска извела 2.700 килограми говедско месо во земјите од Европската Унија, соопшти главниот полски ветеринар кога телевизиска репортажа извести за компанија што убивала болни крави и го продавала нивното месо.
Полска произведува околу 560.000 тони говедско месо годишно, од што извезува меѓу 80 и 85 отсто.
Новинарот на комерцијалната телевизија „Н24“ помина три недели како вработен во кланицата во Калинов. Сними и објави вознемирувачки видеа од многу болни крави врзани со јаже околу вратот во кланицата, кои едвај стојат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Два земјотреси во Грција: Првиот удар 4,6 степени, а вториот 4,9
Два силни земјотреси утрово ја погодија Грција. Првиот беше со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала, а вториот 4,9. Како што соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки институт (EMSC), епицентарот бил островот Крит.
Првиот земјотрес се случил на длабочина од 10 километри, додава EMSC, а епицентарот бил на 40 километри југоисточно од градот Сити, кој има околу 9.000 жители.
Засега нема информации за жртви и материјална штета.
Регион
„Заедно до крај“: Сопружници беа пронајдени прегрнати под урнатините во Јабланица
Босна и Херцеговина на 4 октомври беше погодена од катастрофални поплави, кои однесоа човечки животи.
Тешка е ситуацијата во неколку градови во БиХ, но убедливо најтешка е во Јабланица.
Во екот на разорните поплави што ја погодија БиХ, особено е потресна приказната за брачната двојка Ирмела и Јасмин Чилиќ, чии тела прегрнати ги пронашле спасувачите под урнатините во Јабланица.
Тие останале еден со друг до крај, но за жал не можеле да се извлечат. Биле познати во нивната заедница како топли и грижливи луѓе, а нивната љубов и поврзаност послужија како инспирација за многу луѓе.
Регион
Две лица загинаа во пожар во стан во Белград
Две лица загинаа во пожар во Белград, потврдија за РТС од итната помош.
Пожарот избувнал околу 05:30 часот во стан на вториот кат во Раковица.
Противпожарните екипи се уште се на терен.