Свет
Кинез обвинет за крадење тајни материјали од „Епл“

ФБИ обвини Кинез дека украл трговски тајни додека работел за компанијата „Епл“.
Бирото тврди дека инженерот Џиџонг Чен се обидел да украде клучни детали од тајниот проект на „Епл“ за беспилотен автомобил. Чен беше уапсен и обвинет минатата недела, непосредно пред да одлета во Кина, се вели во кривичната пријава поднесена во американскиот окружен суд во Калифорнија.
Од „Епл“ изјавија дека доколку доверливите информации излезеле во јавност, тоа ќе нанело огромна штета на компанијата.
Ова е вторпат во шест месеци кинески државјанин да биде обвинет за крадење тајни од проектот на „Епл“, чие постоење компанијата одбива да го потврди јавно.
Чен поттикнал сомнеж кога колега го забележал како прави фотографии од проектот, се вели во пријавата. „Епл“ покрена истрага, по што беа пронајдени над 2000 фајлови на компјутерот на Чен кои содржеле доверливи информации.
Случајот доаѓа во период кога САД и Кина се борат за контрола врз технологиите на иднината. Изминатата недела САД исто така поднесоа обвиненија против кинеската компанија „Хуавеи“, обвинувајќи ја за крадење трговски тајни.
ФБИ соопшти и дека Чен признал дека направил копија од податоците од својот службен копмјутер на личен хард диск, што е спротивно на политиката на компанијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп вели дека состанок за прекин на огнот во Украина организираат Путин и Зеленски

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговиот украински колега Володимир Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин ќе одржат состанок за да се обидат да постигнат прекин на огнот и да ја прекинат војната во Украина.
„Навистина зависи од претседателот Зеленски да го стори тоа сега. Исто така, би рекол дека европските земји треба малку да се вклучат. Но, зависи од претседателот Зеленски. Ако сакаат, ќе бидам на следниот состанок“, рече Трамп во интервју за „Фокс њуз“ по средбата со Путин во Алјаска.
„Претпоставувам дека сега ќе закажат состанок меѓу претседателот Зеленски, претседателот Путин и мене“, додаде тој.
На прашањето каков совет би му дал на Зеленски, Трамп рече дека би му препорачал на украинскиот претседател „да склучи договор – Русија е многу голема сила“.
Свет
Владимир Путин доби писмо од Меланија Трамп за киднапираните деца за време на војната во Украина

Сопругата на американскиот претседател Доналд Трамп, Меланија, го покрена прашањето за тешката положба на децата во Украина и Русија во писмо до рускиот претседател Владимир Путин. Трамп лично му го предаде писмото на Путин за време на нивниот состанок во Алјаска, изјавија за американски медиуми претставници на Белата куќа.
Меланија Трамп не го придружуваше својот сопруг во Алјаска.
Претставниците на Белата куќа не открија детали за содржината на писмото, но рекоа дека во него се споменува киднапирањето деца за време на војната во Украина.
Киев го нарече киднапирањето на илјадници деца во Русија или на територии окупирани од руските сили без согласност на нивните родители или старатели – воено злосторство што ги исполнува дефинициите на ОН за геноцид.
Москва претходно изјави дека ги штити ранливите деца од воените зони.
Високиот комесар на ОН за човекови права изјави дека Русија предизвикала страдање на милиони украински деца и ги прекршила нивните права од почетокот на нејзината целосна инвазија на Украина во 2022 година.
Регион
Шестмина припадници на полицијата се повредени за време на синоќешните протести во Србија

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека за време на синоќешните протести имало драстично нарушување на јавниот ред и мир и брутален напад врз полицијата, и дека, според досегашните податоци, повредени се шестмина припадници на полицијата.
„Шест полицајци се повредени, според информациите што ги имаме во моментов, а 38 лица се приведени. Секој можеше да види во преносот во живо дека имало брутален напад врз полицијата, дека демонстрантите дошле со намера да ги нападнат полицајците, да ги повредат“, рече Дачиќ.
Тој изјави дека вечерта немало поддржувачи на Српската напредна партија, што, како што рече, не ги спречило демонстрантите да ги нападнат просториите на таа партија низ цела Србија, и додаде дека на некои места биле нападнати и просториите на Социјалистичката партија на Србија.