Свет
Бегалец ја освои најпрестижната книжевна награда во Австралија
Курдско-ирански новинар, кој моментно е затворен во камп во Папуа Нова Гвинеја, освои две престижни австралиски книжевни награди и доби 125.000 австралиски долари.
Победникот Бехруз Бучани не можеше да присуствува на церемонијата што се одржа во четвртокот, а на која се доделуваа наградите Victorian Premier’s Literary Awards бидејќи е затвроеник на островот Манус поради обид во 2013 година да влезе во Австралија без виза.
Тој е еден од 600 бегалци што живеат во камповите на островот иако Австралија го затвори својот регионален имиграциски центар уште во 2017 година.
За време на престојот во центарот, Бучани ја напиша својата книга со наслов „Само планините ми се пријатели: писание од затворот Манус“ на својот мобилен телефон испраќајќи му ја на својот издавач преку СМС-пораки. Комитетот што ги доделува наградите ја опиша како сведоштво од прва рака и чин на преживување, како и повик за бунт, велејќи дека неговото дело не се опишува со зборови.
Бучани го опиша своето заробеништво како заложништво санкционирано од владата на Австралија и рече дека тие се заборавени луѓе, оставени на заборавени острови.
Австралиската влада, пак, тврди дека нејзините строги миграциски политики се неопходни за да се избегне шверцот со луѓе преку вода. Со ваквата политика оние што ќе пристигнат во Австралија со брод ги испраќаат во некои од островските центри за процесирање и им се забранува да се населуваат на континентот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Украина ги повлекува тенковите Абрамс од борба: Пет од нив веќе се уништени во руските напади
Украина ги повлече од борбата тенковите Абрамс М1А1 испратени до неа од САД, делумно затоа што нападите со руски беспилотни летала ја попречија работата на тие тенкови и затоа што тие се цел на напади, изјавија за АП двајца американски воени претставници.
Засега, тенковите се преместени од првите линии на фронтот, а САД ќе соработуваат со Украинците за да најдат нова тактика за користење на тие тенкови, изјавија заменик-претседателот на Здружениот генералштаб, адмирал Кристофер Грејди и неименуван претставник на одбраната.
САД одобрија испраќање 31 тенк Абрамс во Украина во јануари 2023 година, откако украинските власти побараа нивна испорака, тврдејќи дека тенковите, кои чинат по околу 10 милиони долари, се од витално значење за пробивање на руските борбени линии.
Оттогаш фронтот значително се промени, особено поради употребата на руски извидувачки беспилотни летала, што им отежна на украинските сили да ги заштитат тенковите Абрамс од руски напади, бидејќи беспилотните летала брзо ги откриваат, наведува АП.
Агенцијата додава дека пет од 31 тенк Абрамс веќе се уништени во руските напади.
Свет
Јенс Столтенберг: Украина се уште може да ја добие војната против Русија
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека сојузниците ќе мора повеќе да се ангажираат за Киев да ја добие поддршката што ја вети Алијансата.
Во четвртокот, на состанокот на непрофитната организација „Атлантски мост“ во Берлин, Столтенберг рече дека членките на НАТО сега треба да го претворат она што и го ветија и обврзаа на Украина во итна испорака на оружје и муниција, објави Киев Индипендент.
„Во последните месеци, членките на НАТО не ја дадоа поддршката што ја ветија“, рече Столтенберг.
Свет
Во Аргентина откриен нов вид диносаурус
Аргентинските палеонтолози објавија дека откриле нов вид диносаурус, наречен Chakisaurus nekul, кој живеел пред околу 90 милиони години во областа на денешна Патагонија.
Chakisaurus nekula е тревојаден диносаурус со средна големина, а фосилот е пронајден во природниот резерват Пуебло Бланко, во јужната провинција Рио Негро, каде што претходно биле пронајдени бројни остатоци од други диносауруси, цицачи и риби.
Се смета дека најголемиот чакисаурус достигнал големина од три метри во должина и 70 сантиметри во висина, а новите студии покажуваат дека овој тип на диносаурус трчал брзо и имал невообичаено закривена опашка, наведува Ројтерс.