Спорт
Клоп: Лага е дека барав да се чисти само нашата половина



Јирген Клоп вели дека никогаш не побарал да се чисти снегот само на половината на која неговиот тим напаѓа, и во исто време додаде дека не ја сфаќа реакцијата на фудбалерот на Манчестер сити, Кајл Вокер, кој постави (па избриша) фотографија потсмевајќи се со Ливерпул.
Вокер постави фото на колегата од англиската репрезентација, Хери Мегвајр, кој го постигна голот за 1:1 реми на Лестер со Ливерпул со легенда: „А тие мислеа дека ќе избегаат 7 поени“. Клоп, кој беше под критики дека наредил на полувреме да се чисти од снег само половината на која напаѓа Ливерпул, вели дека не сфаќа како некој може да се радува на губење поени на ривалите.
„Не знам што кажува тоа за нас, туку повеќе за нив. Јас никогаш не сум славел губење на поени на друг клуб, бидејќи тоа не е дозволено. Исто така никогаш не сум барал да се чисти една половина на терен, а другата да биде во кал. Јас така го сфаќам спортот. За навивачите е поинаку, но тоа нема да го критикувам“, вели Клоп.
Тој исто така додаде дека не е вистина дека Ливерпул користи спортски психолози за да се помогне на фудбалерите во обидот за прва титула по 29 години.
„И ние го користиме мозокот од време на време. Во спортот има такви ситуации, такви атмосфери, но треба да траат цела сезона. За нас тоа трае три и пол години и борбата не престанува“, додава луто Германецот.
Фото: ЕПА
Клоп наредил да се чисти снегот само на половината каде што Ливерпул напаѓаше!
Кајл Вокер се потсмева со Ливерпул: И така, тие мислеа дека ќе имаат 7 поени предност
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Стојковиќ: Одговорноста за поразот од Албанија е само моја

Фудбалската репрезентација на Србија доживеа пораз од Албанија со 0-1 во Лесковац, сериозно загрозувајќи ги шансите за пласман на Светското првенство. Навивачите на трибините скандираа „Пикси, оди си“, а селекторот Драган Стојковиќ ја прифати одговорноста.
„Јас сум виновен, јас сум предводник на селекцијата и ја преземам целата одговорност. Апелирам да не ги критикувате фудбалерите, вината е целосно моја. Ни на крај не ни доаѓаше во мислите дека ќе го загубиме мечот од Албанија. Примивме гол по прекин на играта, во второто полувреме се обидовме да израмниме, но не успеавме. Албанија беше добро организирана во одбраната“, изјави Стојковиќ по мечот.
Следен натпревар за Србија е против Андора, но останува неизвесно дали Стојковиќ ќе остане на селекторската позиција.
Спорт
ВИДЕО: Албанците ја шокираа Србија во Лесковац, Португалците славеа и покрај промашениот пенал на Роналдо

Фудбалската репрезентација на Албанија изненади на гостувањето кај Србија во Лесковац, славејќи со 0-1. Голот за гостите го постигна Реј Манај во завршните моменти на првото полувреме, додека тимот на Драган Стојковиќ – Пикси одигра под очекувањата. Сега на Србија сериозно и е загрозен пласманот на Светското првенство во 2026 година.
🚨 Rey Manaj 45′ +1
World Cup Qualification | 🏆 Serbia 0-1 Albaniapic.twitter.com/VHmftaAMia
— Goals Xtra (@GoalsXtra) October 11, 2025
Кристијано Роналдо промаши пенал за Португалија, но тоа не ја загрози победата на неговиот тим, кој со голот на Рубен Невеш во 90-тата минута го освои триумфот.
Турција ја декласираше Бугарија на гости со 1-6, додека Италија славеше против Естонија со 1-3. Шпанија на домашен терен го победи Грузија со 2-0, благодарение на головите на Пино и Ојаразбал, додека Феран Торес промаши пенал.
Спорт
Александар Стојанов замина од тренерската позиција во Беласица

Македонскиот фудбалски второлигаш Беласица ќе ја продолжи сезоната со нов тренер. Александар Стојанов поднесе оставка од функцијата шеф на стручниот штаб по двата последовни порази на струмичкиот второлигаш.
Тимот имаше одличен почеток на сезоната – пет победи и едно реми во првите шест кола. Сепак, неуспесите против Осогово и Шкендија Арачиново ја променија ситуацијата.
„Во спортот победите и поразите одат заедно. По два порази по ред ја преземам целата одговорност. Дадов сè од себе за клубот, но кога не оди – време е да се направи чекор назад“, рече Стојанов по оставката.
Иако Беласица има најдобар старт во последните години, тимот ќе мора да продолжи без својот досегашен стратег. Клубот во следните денови ќе го објави името на новиот тренер.