Спорт
Дончиќ влезе во ексклузивно друштво, Јокиќ е г-дин „трипл-дабл“ (Видео)


Лука Дончиќ, во победата на Далас Маверикс над Кливленд Кавалирс 111:98 го одигра најдобриот меч од доаѓањето во НБА лигата и влезе во одбрана група на кошаркари.
Словенецот натпреварот го заврши со 35 поени, 11 скока и 6 асистенции и стана само шести играч во историјата на лигата кој пред да наполни 20 години ја надминал бројката од 1.000 поени во кариерата.
Во овој ексклузивен клуб претходно влегоа Леброн Џејмс, Кевин Дурент, Кармело Ентони, Девин Букер и Двајт Хауард.
Никола Јокиќ го забележа 25 трипл-дабл во кариерата. Денвер Нагетс ги совладаа Минеста Тимбервулвс 107:106. Србинот мечот го завршил со 13 поени, 16 скока и 10 асистенции, вклучувајќи ја и последната преку целиот терен по која Малик Бизли решавачките поени.
Изминатата ноќ Голден стејт Вориорс ги победија ЛА Лејкерс 115:101. Вориорс до 37 победа во сезоната ги предводеше Клеј Томпсон со 28 поени, а дабл-дабл запишаа Кевин Дурент (21 поен, 11 скока) и Демаркус Казинс (18 поени, 10 скока).
Лејкерси играа без Леброн Џејмс, а најефикасен беше Брендон Инграм со 20 поени.
Џејмс Харден на 26 натпревари ја продолжи низата на која постигнува најмалку 30 поени на натпревар. „Брадата“ во победата на Хјустон над Јута Џез 125.98 имаше 43 поени, 12 скока, 5 асистенции, 6 украдени топки и 4 блокади.
Резултати:
Шарлот-Чикаго 125:118
Орландо-Бруклин 102:89
Вашингтон-Милвоки 115:131
Мајами-Индијана 88:95
Сан Антонио-Њу Орлеанс 113.108
Феникс-Атланта 106:107
Сакраменто-Филалделфија 98:125
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лил ја згасна Звезда
Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.
Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.
Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.
Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.
Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.
Foto/ Starsport
Спорт
Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор
Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.
Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.
Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.
EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos

