Црна хроника
Дилер од Битола ја „наплаќал“ дрогата со сексуални услуги
Дваесет иосумгодишен битолчанец и’ продавал хероин на негова сограѓанка, а кога немала пари да му плати, од неа барал сексуални услуги.
Во декември минатата година, Н.А. од Битола во повеќе наврати продавал хероин на засега непознато женско лице за паричен надомест од илјада, а во одредени случаи и две илјади денари. Како што информира полицијата, Н.С. и’ овозможувал употреба на дрогата во својот дом, а кога немала пари да плати и’ барал сексуални услуги.
Полицијата извршила претрес во домот на Н.А., при што биле пронајдени 15 најлонски пакувања со непозната материја, за кои по извршеното вештачење е утврдено дека претставува хероин (1,72 грама).
Осомничениот пред два дена на улицата „Никола Тесла“ во Битола украл акумулатор од автомобил „застава“ и радио од „Рено 4“ со што предизвикал материјална штета од околу 2.500 денари.
Битолската полиција против него поднесе кривични пријави за четири кривични дела и тоа „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прокусори“, „Овозможување на употреба на наркотични дроги“ и две „Тешки кражби“./крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со џип му го пресекол патот и му се заканувал со пиштол: драма во Скопско
На 29.01.2026 околу 15:00 часот во СВР Скопје, Н.М.(43) од с. Долно Свиларе, скопско, пријавил дека околу 11:15 часот во с.Долно Свиларе, додека се движел со патничко возило, му бил пресечен патот од возило „џип“, управувано од Р.Н..
Тој излегол од возилото и му се заканувал со пиштол на пријавителот.
Полицијата информира дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Со остар предмет им се заканувал на снаата и синот па искршил дел од покуќнината
Утрово во 03:50 часот полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со Б.Ш.(65) од Скопје.
ПОлицијата постапила по претходна пријава од неговата 58-годишна снаа дека на 29.01.2026 околу 22:00 часот во семејниот дом во Скопје, тој по претходна вербална расправија, со остар предмет упатил закани кон неа и нејзиниот 30-годишен син, а потоа искршил дел од покуќнината.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок, информираат надлежните.
Црна хроника
Изнајмил возило на три дена, платил само за првиот и не му го вратил автомобилот: кривична за стружанец
ОВР Струга поднесе кривична пријава против Ф.К.(38) од струшкото село Делогожда.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „затајување“.
Делото го сторил на 28.12.2025 година кога од Е.Џ. од Струга, изнајмил патничко моторно возило за времетраење од три дена, му извршил уплата само за првиот ден и возилото не му го вратил.
Со тоа, пријавениот го оштетил Е.Џ. за сума од 240.000 денари.

