Спорт
Ливерпул пак загуби поени, само реми со Вест хем! (видео)


Предноста на Ливерпул на врвот на Премиер лигата се „стопи“ на само три поени по второто реми во два меча за „црвените“, овојпат на гостувањето кај Вест хем од 1:1.
Ливерпул дојде во водство во 22. минута, кога Џејмс Милнер го најде Садио Мане, откако претходно беше во офсајд, им донесе значајна предност на гостите. Но, само шест минути подоцна, Вест хем одиграа една „трик“ акција од слободен удар, по која Мајкл Антонио со прецизен удар успеа да го совлада Алисон.
Со ремито, второ по тоа со Лестер во средата, Ливерпул останува прв на табелата со 62 поени, три повеќе од Манчестер сити со 59 на второто место. Доколку актуелниот шампион Сити го победи Евертон во среда, привремено ќе се врати на првото место поради подобрата гол разлика.
За Вест хем, поенот е добредојден бидејќи доаѓа по два убедливи порази (од Бурнемаут и Вулверхемптон) и сега тие се на 12. место со 32 поени.
Sadio Mane scores.
West Ham United 0 – 1 Liverpool#WHULIV #Liverpool
pic.twitter.com/0LIfUjQ5B0— Bada (@BADAOLUWAFEMI) February 4, 2019
GOOAAAL WEST HAM EQUALIZE. #WHULIV #LIVERPOOL #WESTHAM pic.twitter.com/zRihOY2qga
— Maestro Messi (@Messischip) February 4, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Блажевски бронзен на ЕП до 21 година во таеквондо
Филип Блажевски од таеквондо клубот Бутел, вечерва во Приштина, оствари голем успех. Блажевски освои бронзен медал на Европското првенство до 21 година.
На патот до медалот, Блажевски, забележа три победи и пораз. Славеше со 2:0 над Манита Александру од Молдавија и Олександар Јефимов од Украина, односно со 2:1 го победи Ајман Бари од Франција.
Доживеа пораз од Хрватот Оскар Ковачиќ, што му беше довлно да го освои бронзениот медал.
Спорт
Се смирија Салах и Слот
Мохамед Салах се враќа во првиот тим на Ливерпул и ќе му биде на располагање на тренерот Арне Слот, утре против Брајтон.
Најдобриот стрелец на „Црвените“ во последните неколку години не патуваше во Милано, на дуелот со Интер во Лигата на шампионите, што беше индикација дека имало конфликт со тренерот. Инаку, претходно, Салах, го преседе на клупата натпреварот против Лидс во Премиер лигата.
Салах, по дуелот со Лидс, го изрази своето незадоволство од статусот што го има, со зборовите дека „клубот го фрлил под автобус“.
Играчот и тренерот одржаа состанок во доцна попладнево и исходот очигледно беше позитивен. Египќанецот се враќа, на прво место се ставени интересите на клубот.
Двете страни ќе продолжат со комуникацијата за време на Африканскиот куп на нации каде што Салах ќе ја претставува својата земја.
Foto/ depositphotos
Спорт
Мексикаците ја потврдија замена за Агире по СП
Фудбалската репрезентација на Мексико, на СП, чии е ко-домаќин, заедно со САД и Канада, од клупата ќе ја предводи искусниот стратег, Хавиер Агире. Националниот сојуз објави дека тоа ќе биде последната работа на Агире, тој по Мундијалот ќе се пензионира.
Ова значи дека по Светското првенство, Мексико ќе добие нов селектор. „Собрероси“ по СП ќе ги преземе уште една легенда, поранешниот играч на Барселона, Рафа Маркез.
„По Светското првенство 2026, Маркез ќе ја заврши својата улога како асистент, а потоа ќе биде назначен за селектор на Мексико. Веќе имавме разговори со него и тоа е планот за следниот период. Во договорот на Маркез пишува дека по Светското првенство 2026, тој ќе стане селектор на репрезентацијата“, вели Иван Сисниега, претседател на Фудбалскиот сојуз на Мексико.
Маркез треба да биде селектор на мексиканската репрезентација до 2030 година.

