Македонија
Министерот Фазлиу на работен состанок во Брисел

Министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу, денеска во Брисел говореше на отворањето на објаснувачкиот состанок, на чија агенда е Поглавјето 22, кое се однесува на регионалната политика на Европската Унија.
На состанокот со кој претседава директорот на Директоратот за проширување и соседска политика, Марк Џорна, министерот Сухејл Фазлиу ја истакана важноста на процесот во кој државните службеници што работат на имплементирање на регионалната политика имаат можност директно да споделат информации и знаења за поефикасно спроведување на регулативата на Европската Унија.
„Ова е исклучително важно за нас затоа што со големиот политички исчекор што го направи нашата земја, формално заокружен со уставните измени во парламентот пред само две недели, како и со формалната потврда за влегување во НАТО, што ја очекуваме утре овде во Брисел станува извесно дека нашата евро-атлантска агенда станува и многу подинамична, но и многу посуштинска“, рече министерот Фазлиу.
Министерот за локална самоуправа говореше за спроведувањето на регионалната политика на Европската Унија преку ИПА-инструментот за територијална соработка за што е одговорно Министерството за локална самоуправа, како и за создавањето услови за отворање нови перспективи за соработка.
„Сега кога се отстранети политичките и техничките пречки, очекуваме и наше формално приклучување на макрорегионалните стратегии на кои географски и економски припаѓаме, јадранско-јонската и дунавската. Она што може веднаш да се направи е да се операционализира министерската одлука од мајскиот состанок во Катанија за наше формално пристапување како деветта членка на јадранско-јонскиот макрорегион“, рече Фазлиу.
Фазлиу имаше состанок и со директорот на одделението Д3 на Генералниот директорат за проширување и соседска политика, Дејвид Кулен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од улиците низ Скопје ќе бидат затворени заради верскиот празник Велигден

По повод верскиот празник „Воскресение Христово-Велигден” од попладне ќе биде воведен посебен сообраќаен режим на одредени сообраќајници во централното градско подрачје и во општините Ѓорче Петров и Аеродром.
Како што соопшти МВР, во периодот од 18 часот во центарот на Скопје по потреба за сообраќај ќе бидат затворени бул.„Партизански Одреди” од крстосницата со ул.„Франклин Рузвелт” до крстосницата со бул.„ВМРО”, бул.„Св.Климент Охридски” од крстосницата со бул.„Илинден” до крстосницата со ул.„Димитрие Чуповски” и ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ од крстосницата со ул.„9-ти Мај” до кружната крстосница со ул.„Св. Кирил и Методиј”.
На автобусите кои што минуваат преку мостот „Гоце Делчев” по потреба ќе им се менува трасата на движење при што истите ќе се движат по бул.„Илинден” и преку ул.„Франклин Рузвелт” ќе се вклучуваат на бул.„Партизански Одреди”, додека автобусите коишто минуваат преку центарот на градот ќе се движат по ул.„М.Т.Гологанов” па преку ул.„Франклин Рузвелт” ќе се вклучуваат на бул.„Партизански Одреди”. И во спротивна насока автобусите ќе ги користат истите сообраќајници.
Во општина Ѓорче Петров по потреба за сообраќај ќе се затвори ул.„Македонска Војска“ пред црквата „Свети Петар и Павле“ на потегот од крстосницата со бул.„Партизански Одреди“ до ул.„Ѓорче Петров“.
Во општина Аеродром по потреба за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон с. Лисиче.
По потреба за сообраќај ќе бидат затворени и други сообраќајници кои гравитираат околу верските објекти.
Македонија
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност

Времето денеска, сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во крајните источни планински региони ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 18 до 26 степени.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 25 степени.
Во наредните денови следува период на топло време. Во недела ќе се задржи сончево со мала до умерена облачност, а од понеделник променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.
Македонија
Дел од Центар без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваat дека денеска ( сабота ) без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 11.00 до 12.30 часот, корисниците од ул. Јордан Хаџи Константинов – Џинот лоцирани кај ул. Крсто Баиќ, корисниците од ул. Кеј 13 – ти Ноември лоцирани кај ресторан Парк, како и корисниците од ул. Ленинова лоцирани спроти Министерството за Земјоделство. ( општина Центар )