Македонија
Без струја делови на Кисела Вода, Центар, Карпош…
Од „ЕВН Македонија“ АД е добиено известување дека поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, без електрична енергија ќе останат повеќе скопси населби.
Во периодот струја ќе немаат од 8:30 до 15 часот корисниците од улиците Сердарот и Ратко Митровиќ и целиот реон кај ТИПО и Туланата (општина Кисела Вода). Во периодот од 8 до 15 часот без струја ќе останат и корисниците од броевите 57. 59 и 108 на ул. Востаничка (општина Центар), од 13 до 15 часот корисниците од сите стопански и нестопански објекти на територијата на општина Зелениково (општина Зелениково).
Во периодот од 9 до 11 часот струја ќе немаат корисниците од непарните броеви од бр. 65 до бр. 81 на ул. Јуриј Гагарин, парните броеви од бр. 4 до бр. 18 на истата улица и зграда бр. 149 на бул. Митрополит Теодосиј Гологанов (општина Карпош), од 9 до 12 часот дел од корисниците од ул. Ацо Шопов т.е. околу бројот 9 (општина Бутел), од 12:30 до 14:30 часот делови од улиците Шарпланинска, Пекљане, Торонто и Антон Кецкаров (општина Шуто Оризари)
во периодот од 9:15 до 15:00 часот корисниците од дел од с. Рашче (општина Сарај).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре многу топло време со температури до 38 степени
Времето утре ќе биде сончево и многу топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. УВ индексот ќе биде 9.
Во Скопје сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 36 степени.
Од УХМР информираат дека времето во понеделник кон крајот на денот, а особено во вторник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интезивен пороен дожд, силен ветер и град. Потоа во следните два дена ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремен пороен дожд и грмежи и ќе дува умерен северен ветер.
Македонија
Албанската агенција за статистика го корегираше „Северномакедонци“ во „Македонци“
Албанската агенција за статистика еден ден по објавата на резултатите изврши корекција и наместо „Северномакедонци“ го графата на пописот сега стои „Македонци“.
Промената доаѓа по реакцијата на македонското Министерство за надворешни работи и комуникацијата на министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски со неговиот албански колега Игли Хасани.
„Колегата Хасани ме информираше дека станува збор за техничка грешка. Благодарен сум за брзата интервенција“, изјави Муцунски.
Македонското Министерство за надворешни работи денеска испрати остра реакција за употребениот термин, како и оценка дека резултатите од пописот во Албанија не ја отсликуваат соодветно реалната бројка на етнички Македонци во земјата.
Македонија
Планинар паднал во провалија, бил извлечен со хеликоптер, но во болница лекарите констатирале смрт
Центарот за управување со кризи информира дека денеска околу 12:30 часот на бројот за итни повици 112 вознемирен планинар пријавил дека едно лице од седумчлената планинарска група паднало во провалија длабока педесетина метри и дека при падот се здобило со сериозни повреди на главата, крвари од главата и е во несвесна состојба. Несреќата се случила на територијата на Општина Маврово-Ростуше, пред изворот на Тресонечка Река во близина на месноста „Раскрсницата“.
Поради непристапноста на теренот за возила Итната медицинска помош не била во можност да се упати кон местото на настанот.
Од страна на ЦУК веднаш е упатено барање за ангажман на хеликоптер на МВР, а од нивна страна дополнително е ангажиран тим од Специјалната антитерористичка единица (САЕ) „Тигар“, за извлекување на настраданото лице, качување во хеликоптер како и транспорт до болница.
„Повреденото лице кое не давало знаци на живот, во многу тешки услови за лебдење на хеликоптерот, со силен ветер, високи дрвја и стрмни падини на местото на несреќата, со витло со придружба на специјалец од ‘САЕ Тигар’, е качено во полицискиот хеликоптер и пренесено до ГОБ 8-ми Септември во Скопје, каде од страна на докторите е констатирана смрт“, информираат од ЦУК.