Македонија
Демократски сојуз: Приемот во НАТО е заслуга на сите влади и граѓани
По близу триесет години самостојност, потпишувањето на протоколот за прием во НАТО за Република Македонија и за граѓаните е настан од непроценлива вредност за стабилноста, безбедноста и демократските перспективи на Македонија, порача Демократскиот сојуз.
Приемот на Македонија во НАТО, како што додава партијата, е резултат на работата на сите досегашни влади, невладиниот сектор, медиумите и пред сè цврстата определба и многуте компромиси направени од сите граѓани.
„Преспанскиот договор со сите контроверзии, практично ги отвори вратите за членство во НАТО и Европската Унија. Започната е финалната фаза и до крајот на оваа година се очекува протоколот за прием во НАТО на Република Македонија да го ратификуваат дваесет и девет (29) земји членки на НАТО.
Демократскиот сојуз го поздравува овој чин и повикува на единство и сплотеност за Македонија да чекори напред.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДКСК: Вишиот Управен суд ја одби жалбата на Академијата за судии и јавни обвинители, постапката за прием на нови слушатели ставена во мирување
„Вишиот Управен суд донесе Пресудата со која се одби жалбата на Академијата за судии и јавни обвинители, со што ја потврди Пресудата на Управниот суд, и постапката за прием на 130 нови слушатели во почетна обука ја стави во мирување, се до завршување на изборите. Жалбата е одбиена како неоснована“, се наведува во соопштението од ДКСК.
„Државната комисија за спречување на корупцијата за овој предмет и за сите наредни предмети, постапи и ќе постапува врз основа на пропишаните закони и прописи, во насока на зајакнување на владеење на правото, како врвен приоритет кон кој цели државата.
Оваа Одлука на Вишиот Управен суд не охрабрува и ни дава поттик уште попосветено да ја вршиме работата за која ја добивме довербата“, се додава во соопштението на ДКСК.
Македонија
Битиќи: Не смееме да дадеме шанса ВМРО-ДПМНЕ да ја загрози европската иднина
„Потребно е СДСМ да биде водечкиот глас во Владата и во Собранието, потребно е поради иднината на државата и за зачувување на европските перспективи на идните генерации. Наследниците на Груевски не смеат да добијат преголема моќ, тоа е опасност за европската иднина“, порача на денешните средби со жителите на скопската општина Гази Баба, Фатмир Битиќи, потпретседател на СДСМ и ко-носител на листата на кандидати за пратеници на Коалицијата за европска иднина во Изборна единица 2.
Тој порача дека не е време за откажување, за кревање на рацете од битката за Македонија и затоа на 8-ми мај треба да се спротивставиме на желбите за изолација.
„Мораме да се сплотиме за да ги одбраниме нашите европски вредности и да ја одбраниме нашата држава од разорните политики и желбата за изолација на наследниците на десничарскиот режим на Груевски“, рече Битиќи.
Потпретседателот на СДСМ, Битиќи предупреди дека доколку се дозволи на парламентарните избори да се врати нереформираното ВМРО-ДПМНЕ, ќе треба многу време за земјата повторно да се врати на вистинскиот пат.
„Секој од нас има важна улога во обликувањето на судбината на државата, никој не е изоставен од одговорноста. На 8-ми мај секој глас еднакво се брои. Секој глас нема да биде само заокружување на број, туку влог во наследството кое ќе го оставите зад себе“, порача на жителите на оваа скопска општина, во населбата Железара, Битиќи, воедно нагласувајќи дека грешките во владеењето може да се поправат, но поделбите предизвикани од национализмот не се надминуваат лесно.
Битиќи посочи дека СДСМ има јасна програма и план со кои ќе ѝ донесе добро на Македонија.
„Гласот за ВМРО-ДМНЕ не ѝ носи добро на Македонија, а само со заокружување на бројот еден може да одиме напред и да изградиме подобра држава за нашите деца, држава во која тие ќе сакаат да живеат. Може да нè казните, но истовремено ќе ги казните и сопствените деца. Краткорочната казна за прогресивните политички сили ќе има долгорочни последици. Затоа, потребно е силно СДСМ во Собранието“, порача Битиќи.
Македонија
Каевски: Обвинувањата на ОЈО се неосновани и тенденциозни, тврдам дека го немам прекршено законот
Поранешниот директор на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски ги отфрли сите обвинувања на ОЈО против него, кои, како што рече се неосновани и тенденциозни.
„Најодговорно тврдам дека го немам прекршено законот во ниту еден случај и тоа ќе се докаже. Очекувам и во исто време сум убеден дека во една јавна, транспарентна, фер постапка ќе се докаже вистината и целосна моја невиност. Ништо од ова нема основа и затоа што фактите покажуваат дека:
1. Ниту сум можел ниту сум влијаел, ниту сум поттикнувал било кој од Централната Комисија. Особено што е именувана од друг орган надлежен по Закон, на владина седница. Дополнително сите членови во своите изјави кажале дека не сум присуствувал на работа на комисијата ниту сум давал сугестии. Се е јасно.
2. Во делот на надзорот според тогашниот закон за спорт член 14е, извештајот се доставува до следната календарска година од добиените ваучери најдоцна до 15ти јуни или во конкретниот случај тоа е до 15.06.2021 година, период во кој што јас не сум директор на АМС.
Не навлегувам во мотивите на ОЈО да бидам опфатен со ваква постапка, постои сомнеж дека ова е можеби и злоупотреба за избораната кампања, но едно е сигурно вистината ќе се потврди. Дополнително на ова вештачењето е од 25.04.2024 година ден после првиот круг од претседателските избори, а предлогот е доставен за 3 работни дена потоа“, напиша Каевски.
Неговата реакција следува по денешната објава на Јавното обвинителство дека е поднесено барање за обезбедување мерки за претпазливост за 12 лица од Агенцијата за млади и спорт, во врска со случајот за распределба на средства од ваучер системот.
„Постапувајќи по поднесената иницијатива од Државната комисија за спречување на корупцијата, надлежниот јавен обвинител поднел обвинителен предлог против 12 лица за кривични дела – Злоупотреба на службена положба и Несовесно работење. За осомничените до Основниот кривичен суд Скопје е доставен предлог за определување мерки на претпазливост“, соопшти Обвинителството.