Свет
Столтенберг: Самит на НАТО во декември во Лондон, доаѓа и Трамп
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2018/07/jens-stoltenberg-2.jpg)
Лидерите на 29 членки на Северноатлантскиот сојуз, во декември ќе одржат самит во Лондон, на кој ќе присуствува и американскиот претседател, Доналд Трамп, најави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
„Благодарни сме на Обединетото Кралство што ќе биде домаќин на тој состанок, кој се одржува во знак на одбележување на 70-годишнината на НАТО. Лондон е дом на првото седиште на НАТО, а Обединетото Кралство е едно од 12-те основачки членки на алијансата, кои ќе продолжат да играат клучна улога во алијансата, давајќи значаен придонес на нашата заедничка безбедност“, порача Столтемнберг.
Трамп на самитот на НАТО во Брисел, во јули минатата година, се закани дека САД ќе се повлечат од воено-политичкиот сојуз доколку останатите членки не го зголемат своето трошење за одбрана, односно за војската.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Европа
Нема струја, водата носи мостови, расте бројот на исчезнати во Швајцарија (ВИДЕО)
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2017/07/oBK9lwTeiv-i-istanbul-pod-voda-poplavite-predizvikale-haos-i-vo-turcija.jpeg)
Во Швајцарија неколку лица се водат како исчезнати во кантон Тичино на југоистокот на земјата, по свлечиште предизвикано од силни дождови што ја зафатија оваа алпска земја, соопшти полицијата.
„Големите бури предизвикаа свлечиште во регионот Фонтана и луѓе се пријавени како исчезнати“, се наведува во соопштението на полицијата без да изнесат дополнителни детали.
Спасувачките акции се особено тешки поради лошите временски услови, додаваат од полицијата. Апел за евакуација од куќите во близина на реката Маги е упатен рано утрово за жителите на Прат-Сорника и долината Маги, каде се бараат исчезнатите. Патиштата се пресечени, а камповите што се наоѓаат покрај реката се евакуирани, соопшти кантоналната полиција. Водата однесе мост и блокираше кантонален пат. Струјата е исклучена во делови од регионот, а дел од кантонот остана без питка вода, според федералниот систем за предупредување Swissalert. Голем дел од Швајцарија од вчера попладне беше погоден од силни грмежни невремиња проследени со многу обилни врнежи.
⛈️ Nouvelle catastrophe à Zermatt en Suisse où des orages diluviens causent des inondations cette nuit, 8 jours après les précédentes. 🌊 (© Manuel Jorge) pic.twitter.com/eYuKmHmZT5
— Météo Express (@MeteoExpress) June 29, 2024
Европа
Русија соопшти дека соборила 36 дронови испратени од Украина
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/04/shahed-136-dron00002-830x0.jpg)
Системите на руската противвоздушна одбрана уништија 36 дронови, испратени од Украина во текот на изминатата ноќ кон територијата на Русија, соопшти Министерството за одбрана во Москва.
Петнаесет беспилотни летала се соборени над Курска област, девет над Липецка, по четири над Воронешка и Брјанска и по два над Орловска и Белгородска, посочи Министерството во објава на социјалната мрежа Телеграм.
Европа
Четиринаесетгодишно девојче е киднапирано во Грција, во месноста Лариса
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/isceznata.jpg)
Четиринаесетгодишно девојче е киднапирано во Грција, во месноста Лариса, а активирана е „Амберт алерт“ – килибарна тревога. Девојчето Хрисула Хрисобаланти исчезнало на 27 јуни околу 20.30 часот. Се претпоставува дека девојчето било киднапирано од постаро лице.
Медиумите пренесуваат дека девојчето е високо 155 сантиметри, тешко 55 килограми, долга кафена коса и темнозелени очи.
Во моментот на нејзиното исчезнување носела зелени бермуди, бела маица и бели влечки.
Грчките власти пред неколку дена известија дека трагаат по девојчето Константина-Ирини Р.(16), кое исчезна од предградието Ахарнес во Атина.
Според грчките медиуми, девојчето последен пат била видена во неделата на 16 јуни во вечерните часови.