Македонија
Пасошот и имотот на газдата на печатницата „Европа 92“ назад – бараат адвокатите
Адвокатот на осомничениот директор на печаницата „Европа 92“ од Кочани, Ратко Димитровски во истрагата „Поштенска банка“ за „Макфакс“ потврди дека поднел барање до кривичниот суд со кое бара да му бидат укинати сите мерки кои му биле определени од кривичниот суд во оваа постапка на СЈО.
Ова следува по начелното правно мислење на највисокиот суд во државата за истрагите на специјалното јавно обвинителство кои се отворени по рокот од 18 месеци.
Станува збор за одлуките за замрзнувањето на имотот и враќањето на пасошот, кои судот им ги изрече на осомничените кон крајот на минатата година на предлог на специјалното јавно обвинителство.
Се очекува тавкиот предлог да го следат и останатите осомничени. На барање на СЈО, Основниот суд Скопје 1 го замрзна имотот на правните лица „Европа 92 ДООЕЛ Кочани“ и „НОЕЛ експорт-импорт ДООЕЛ Гевгелија“ и имот на име на нивните сопственици, осомничените лица во истрагата за перење пари „Поштенска банка“, Ратко Димитровски и Томе Главчев.
„Поштенска банка“ е истрага која СЈО ја отвори на 13 октомври лани, а опфаќа повеќе поврзани настани за кривични дела перење пари и други приноси од казниво дело. Со неа се опфатени девет лица: Ратко Димитровски, Коле Смилевски, Томе Главчев, Викица Поповски, Георги Каратолис, Кирил Јаневски, Зоранчо Митровски, Ристо Милев и Златко Ѓорчев. Според СЈО, од извршените кривични дела сторени во временскиот период од 2001 до 2010 била прибавена имотна корист во износ од околу 5 милиони евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.

