Контакт

Македонија

Усвоен годишниот извештај за имплементација на реформите во правосудството

Објавено пред

Првиот годишен извештај за имплементација на стратегијата за реформа на правосудниот сектор беше усвоен денеска на седница на советот за следење на имплементацијата на оваа стратегија, која се одржа во Владата, а ја водеше министерката за правда, Рената Дескоска.

dobivaj vesti na viber

Извештајот, како што соопшти владината прес-служба, покажува преглед и степен на реализација на досегашните достигнувања во реформата на правосудниот сектор предвидени со акцискиот план на стратегијата. Извештајот е фокус на досега донесените законски решенија и постигнатото зголемување на ефикасноста на судовите и подобрување на правосудството.

На седницата било констатирано дека извештајот ги следи стратешките цели на реформите во овој сектор и ги опфаќа мерките и активностите што ќе се реализираат во предвидениот рок, со вклучување на сите институции во правосудниот систем.

Пред членовите на советот била претставена и анализата на судската мрежа и било заклучено дека подетаљно ќе се разгледува и на една од наредните седници, од каде што ќе произлезе потребата за понатамошни анализи или креирање политики, соопшти владината прес-служба.

Македонија

Утре многу топло време со температури до 38 степени

Објавено пред

Времето утре ќе биде сончево и многу топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. УВ индексот ќе биде 9.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 36 степени.

Од УХМР информираат дека времето во понеделник кон крајот на денот, а особено во вторник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интезивен пороен дожд, силен ветер и град. Потоа во следните два дена ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремен пороен дожд и грмежи и ќе дува умерен северен ветер. 

Прикажи повеќе...

Македонија

Албанската агенција за статистика го корегираше „Северномакедонци“ во „Македонци“

Објавено пред

Албанската агенција за статистика еден ден по објавата на резултатите изврши корекција и наместо „Северномакедонци“ го графата на пописот сега стои „Македонци“.

dobivaj vesti na viber

Промената доаѓа по реакцијата на македонското Министерство за надворешни работи и комуникацијата на министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски со неговиот албански колега Игли Хасани.

„Колегата Хасани ме информираше дека станува збор за техничка грешка. Благодарен сум за брзата интервенција“, изјави Муцунски.

Македонското Министерство за надворешни работи денеска испрати остра реакција за употребениот термин, како и оценка дека резултатите од пописот во Албанија не ја отсликуваат соодветно реалната бројка на етнички Македонци во земјата.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Планинар паднал во провалија, бил извлечен со хеликоптер, но во болница лекарите констатирале смрт

Објавено пред

Центарот за управување со кризи информира дека денеска околу 12:30 часот на бројот за итни повици 112 вознемирен планинар пријавил дека едно лице од седумчлената планинарска група паднало во провалија длабока педесетина метри и дека при падот се здобило со сериозни повреди на главата, крвари од главата и е во несвесна состојба. Несреќата се случила на територијата на Општина Маврово-Ростуше, пред изворот на Тресонечка Река во близина на месноста „Раскрсницата“.

dobivaj vesti na viber

Поради непристапноста на теренот за возила Итната медицинска помош не била во можност да се упати кон местото на настанот.

Од страна на ЦУК веднаш е упатено барање за ангажман на хеликоптер на МВР, а од нивна страна дополнително е ангажиран тим од Специјалната антитерористичка единица (САЕ) „Тигар“, за извлекување на настраданото лице, качување во хеликоптер како и транспорт до болница.

„Повреденото лице кое не давало знаци на живот, во многу тешки услови за лебдење на хеликоптерот, со силен ветер, високи дрвја и стрмни падини на местото на несреќата, со витло со придружба на специјалец од ‘САЕ Тигар’, е качено во полицискиот хеликоптер и пренесено до ГОБ 8-ми Септември во Скопје, каде од страна на докторите е констатирана смрт“, информираат од ЦУК.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 часа

Планинар паднал во провалија, бил извлечен со хеликоптер, но во болница лекарите констатирале смрт

Центарот за управување со кризи информира дека денеска околу 12:30 часот на бројот за итни повици 112 вознемирен планинар пријавил...

Македонија15 часа

Змија касна двајца мажи од Велес, префрлени се на Инфективна клиника во Скопје

Двајца велешани биле каснати од змија додека работеле на лозје вчераутро кај селото Војница. Откако им се влошила состојбата се...

Македонија18 часа

Мајката знаела дека татко ги силува двете малолетни ќерки, ама ги убедувала дека е срамота да кажат

Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 36-годишен жител на прилепско за кого постои основано сомнение...

Македонија18 часа

Славјанка Петровска ја повлекува кандидатурата за претседателка на СДСМ

Кандидатката за претседателка на СДСМ, Славјанка Петровска, ја повлекува кандидатурата на еден ден пред внатрепартиските избори. Преку официјално писмо до...

Регион18 часа

Непознато лице тешко рани припадник на жандармеријата пред израелската амбасада во Белград

Непознато лице, чиј идентитет се утврдува, со самострел тешко ранил припадник на жандармеријата кој бил на должност да ја обезбедува...

Топ19 часа

Осуденици на затворски казни барани со потерница вчера паднаа во рацете на полицијата

Две лица барани со потерница за издржување затворска казна се приведени од страна на полицијата во текот на вчерашниот ден...

Европа23 часа

Пет лица загинаа во напад со беспилотно летало во руската област Курск, меѓу нив и деца

Пет лица загинаа во напад со беспилотно летало во руската област Курск во близина на границата со Украина, објави регионалниот...

Македонија2 дена

МНР за почитувањето на Договорот од Преспа: Неговата имплементација е обврска и за двете страни

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија во целост ги почитува преземените обврски од меѓународните договори чиј потписник е Република...

Топ2 дена

Ги силувал неговите ќерки: уапсен 36-годишен маж од Прилепско

Вчера во 17.15 часот полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода А.Р. (36) од прилепско село. Полицијата постапила...

Македонија2 дена

Игор Јанушев е новиот генерален секретар на Владата

Новиот владин состав денеска ја одржа првата седница. На дневен ред се најдоа пензиите, нови именувања, а донесена беше и...

Македонија2 дена

Новите камери не се во функција, поставувањето и тестирањето e во тек

Новите камери не се во функција, поставувањето и тестирањето во тек. Ова го посочи портпаролот на МВР, Тони Ангеловски. „Ве...

Македонија2 дена

Грчкото МНР: Прашањето со непочитувањето на договорот од Преспа е покренато на меѓународно ниво

Раководството на Северна Македонија продолжува да го прекршува Договорот од Преспа, велат од грчкото МНР преку соопштение. Од тука нагласуваат...

Македонија2 дена

Бујар Османи му ја предаде функцијата на Муцунски – евроинтеграциите, партнерството со САД и инвестициите ќе бидат во фокус

Во Министерството за надворешни работи беше извршено примопредавање на функцијата – Министер за надворешни работи меѓу новоименуваниот министер Тимчо Муцунски...

Топ2 дена

Болјер усмрти тинејџер, загина 14-годишно дете во Маврови Анови

Трагичен настан со смртни последици се случил вчера во Маврови анови, информираат од полицијата. „На 27.06.2024 во 18.00 часот во...

Македонија2 дена

Невремето поплави градинка во Крива Паланка

Градинка во Крива Паланка беше поплавена при временските непогоди во последните две деноноќија. Како што соопшти Центарот за управување со...

Свет2 дена

Како помина дебатата меѓу Бајден и Трамп – најстарите кандидати во историјата на САД

Американскиот претседател Џо Бајден и неговиот републикански ривал Доналд Трамп разменија неколку лични навреди во долгоочекуваната дебатa. Двајцата кандидати разменија...

Македонија2 дена

За зголемувањето на пензиите и именувањата на директори ќе се дискутира на првата седница на новата Влада

Денеска во просториите на Владата ќе се оддржи првата владина седница на новиот состав, на која ќе стане збор за предлогот...

Македонија2 дена

Дрво падна врз три возила во Карпош, погон на скопска фирма под вода

Оштетени возила, паднати дрвја, поплавeни површини во Скопје, проблеми со струја. Ваков е епилогот од состојбата во текот на ноќта,...

Свет2 дена

Трамп: Бајден е виновен за нападот на Украина;  Бајден: Би го пуштил Путин да стигне во Полска

Американскиот претседател Џо Бајден и неговиот републикански ривал Доналд Трамп го споменаа рускиот претседател Владимир Путин десетина пати во првата...

Македонија3 дена

Филков во посета на КПУ Идризово: Состојбата во затворите е алармантна

Министерот за правда Игор Филков го посети затворот во Идризово по вчерашниот инцидент кој се случи во затвореното одделение Амбуланта...