Црна хроника
Малолетничките од порно видеата најдени кај Верушевски не се од Македонија

Видеата и фотографиите со детска порнографија коишто полицијата тврди дека ги нашла во запленетиот компјутер на поранешниот разузнавач, Зоран Верушевски не биле направени во Македонија, а девојчињата не се од нашата држава, покажала истрагата.
Бидејќи девојчињата се од странство, полицијата ќе го извести Интерпол за да се вклучи во понатамошната истрага. Во меѓувреме во компјутерот на поранешниот директор на УБК пронајдено е уште едно виедео со порнографска содржина. Видеото било избришано, но полицијата со специјален софтвер успеала да го врати видеото назад.Верушевски беше уапсен во петокот вечерта, а се товари за нелегално поседување на оружје и прикажување на порнографски материјал на дете. Верушевски беше на чело на тајните служби во времето на владеењето на СДСМ./крај/мвр/
Извор: Канал 5, Прес 24
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Во сообраќајна несреќа во Скопје тешко повреден 19-годишен мотоциклист од Тетово

Вчера околу 23:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улицата „Хасан Приштина“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од T.С.(35) од Скопје и мотоцикл „априлија“ со тетовски регистарски ознаки, управуван од З.Н.(19) од Тетово.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот З.Н., додека со телесни повреди неговиот сопатник А.П.(18) и возачот на патничкото возило Т.С., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „8 Септември“ Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Кривична против тетовец: по расправија истепал едно лице и со нож му нанел убодни рани

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.Ш.(34) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
На 27.05.2025 во угостителски објект во Тетово, по претходна расправија, пријавениот физички нападнал едно лице, при што употребил нож и му нанел убодни рани.
Црна хроника
Со возило излетал од автопатот Скопје – Велес и удрил во сообраќаен знак: тешко повреден 67-годишник

Вчера во 17:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на автопатот Скопје- Велес, после клучка Хиподром, 67-годишниот Б.Г. управувајќи патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, излетал од коловозот и удрил во сообраќаен знак.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.Г., констатирани во приватна болница во Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.