Контакт

СЈО

Државата му должела на Латас оти платил повеќе данок – судењето за „Тотал“ по третпат почнува од почеток

Објавено пред

По третпат од почеток ќе почне судењето за новинарот Драган Павловиќ Латас за затајување данок. Судијата Ѓоко Ристов го одложи денешното рочиште поради оправдано отсуство на адвокатката Анита Бегова. Во предметот „Тотал“ на СЈО досега се сменија 2 судијки: Софче Гаврилова-Ефремова и Славица Наумова-Јосифовска. Првото судење почна на 5 декември 2017 година, а а на денешното одлагање немаше претставник на специјалното јавно обвинителство во судницата.

dobivaj vesti na viber

Пред одлагањето на судењето, обвинетиот Латас на судот му достави дополнителен доказ – решение за пребивање на даночен долг со повеќе платен данок од Управата за јавни приходи од 16 јануари годинава за една од неговите фирми. Во решението пишува дека „Тотал медиа центар“ ДООЕЛ од Скопје платило повеќе пари за данок на додадена вредност. „’Тотал медиа центар’ не е даночен должник кон УЈП“, го исцитира решението од даночниците, судијата Ѓоко Ристов на записникот за рочиштето.

Според обвинението на СЈО, Латас во периодот од 2008 до 2015 година одбегнал плаќање данок. Тој и правните лица давале лажни податоци за даночните обврски – фирмите за данок не плаќале данок, а обвинетиот и самиот одбегнал да плати данок. Латас како управител на компаниите ја намалил основицата за данок и не пријавил лични приходи.

Тој набавката на опрема за себе ја евидентирал како опрема за фирмите, иако во фирмите немало вработени лица, односно во една фирма имало само еден вработен. Овие средства биле евидентирани како основни средства и тековни трошоци, а Латас ја намалил обврската и по основ на ДДВ. Износот за добра и набавени услуги осомничениот не го пријавил во годишната даночна пријава. Следното рочиште е на 26 март.

Македонија

(Видео) Рочиштето за „Рекет“ одложено, се разболеле адвокатите на Јанева

Објавено пред

Поради влошена здравствена состојба на адвокатите на ексшeфицата на СЈО, Катица Јанева, Дељо Кадиев и Ирена Фрчкоска, утринава се одложи рочиштето за случајот „Рекет“.

dobivaj vesti na viber

На денешното рочиште требаше да сведочи обвинителката Лиле Стефанова, која се појави во судот, но не сакаше да даде изјава за медиумите пред да даде исказ пред судот.

Следното рочиште е закажано за четврток.

Стефанова ја води истрагата за случајот „Империја“, во кој еден од осомничените е бизнисменот Јордан Камчев, кој како оштетен го пријави случајот „Рекет“. Според обвинението во „Рекет“, Камчев наводно им дал 1,5 милион евра мито на обвинетиот Бојан Јовановски и на Зоран Милески – Кичеец со цел да запре кривичниот прогон против него.

Стефанова претходно повеќепати кажуваше дека поволностите (укинувањето на притворот и враќањето на пасошот) што ги добил осомничениот Камчев биле дадени од шефицата на СЈО, Катица Јанева. Таа истакна дека Јанева барала случаите „Империја“ и „Поштенска банка“ да завршат со спогодба, без затворски казни за осомничените.

Прикажи повеќе...

Македонија

Талевски: Само сакавме да ги намалиме цените на превозот за ученици

Објавено пред

Повеќе од два часа обвинетиот ексградоначалник на општина Битола, Владимир Талески, одговараше на прашањата на својот адвокат Димитар Дангов за обвинението за злоупотреба со превозот на ученици во општинските училишта во Битола во предметот на СЈО – „Транспортер“.

dobivaj vesti na viber

Талевски, одговарајќи на прашањата, рече дека тој и неговиот менаџерски тим работеле законски и не му e јасно зошто се обвинети бидејќи тие дури и се заложиле и ги намалиле цените на превозот на учениците.

„Не разбирам зошто сме обвинети, дека сме биле корумпирани и сме правеле штета во буџетот кога ја гледате нашата тенденција дека бараме начин како да го реализираме до крајот Законот за слободниот превоз на начин за да се намалат цените за превозот на учениците“, рече обвинетиот и појасни дека заедно со соработниците пронашле два за 60-ина проценти.

„Цените се понудата. Фиксните точни поединечни цени на релациите. Децата што ќе се возат и следната година со истото превозно средство ќе се возат по утврдените цени поединечно на релациите. Да, утврдена е вредноста на договорот, но не е нумерички утврдена. Утврдена е со начин и метод“, додаде тој.

Претходно, адвокатот Димитар Дангов го праша Талевски за бомбата што беше објавена во јавност алудирајќи на говорот на обвинителката Фатиме Фетаи дека превозот на ученици во Битола бил поскап и од Токио.

Судијката Кацарска не го дозволи прашањето по приговорот на обвинителот Трајче Пеливанов бидејќи, како што рече, тоа како содржина го нема во доказите.

„Обвинетиот не може да одговори колку чини превозот во Токио…“, рече Кацарска.

Судењето за „Транспортер“ почна на 28 септември 2017 година, но расправата почна од почеток. Обвинети се 21 лице за злоупотреби на буџетот со превозот на ученици во Битола.

Меѓу обвинетите се ексградоначалникот на општина Битола, Владимир Талевски, експретседателот на Комисијата за јавни набавки во Битола, директори на средни училишта, како и превозници што наплаќале двојно повисока цена за превозот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Почнува судењето за „Рекет“ – Јовановски, Јанева и Кичеец ќе седнат на обвинителната клупа

Објавено пред

Денеска во 10 часот почнува судењето за случајот „Рекет“. Бојан Јовановски – Боки 13, ексшефицата на СЈО Катица Јанева и Зоран Милески – Кичеец ќе седнат на обвинителна клупа во скопскиот кривичен суд.

dobivaj vesti na viber

Јовановски ќе биде спроведен од истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари, додека Јанева и Милески ќе бидат донесени од нивните живеалишта во Скопје каде што издржуваат куќен притвор.

Тројцата треба да се произнесат во однос на обвинението за „Рекет“ – неизвесно е дали тие ќе ја признаат вината или ќе го отфрлат обвинителниот акт на тимот од Обвинителството за гонење  организиран криминал и корупција, предводен од шефицата Вилма Русковска. Агендата за судскиот процес е набиена и веќе се закажани четириесетина рочишта во наредните три месеци.

Случајот „Рекет“ се отвори во јули годинава, кога Бојан Јовановски и Зоран Милески – Кичеец беа уапсени и завршија во притвор, а на Милески подоцна му беше определен куќен притвор.

Во август беше уапсена и Катица Јанева, под сомнеж дека таа прибавила значителна имотна корист за да му ја олесни состојбата на осомничениот бизнисмен Орце Камчев во случајот „Империја“. Поради влошена здравствена состојба, и Јовановски и Јанева во последниве месеци често завршуваа во болница, сè додека минатиот месец скопска Апелација не ѝ го замени притворот на Јанева со домашен, одлука која предизвика жестоки реакции во јавноста, но и отворен судир меѓу Обвинителството и судот.

Случајот „Рекет“ се отвори откако бизнисменот Орце Камчев, осомничен во случајот „Империја“ на СЈО, пријавил дека Јовановски и Милески му барале рекет, а тој им дал 1,5 милиони евра – пари со кои наводно ексшефицата на СЈО Катица Јанева требало да ја олесни неговата положба за случајот за кој тој е осомничен – притворот да му го замени со домашен, да му го врати пасошот и, конечно, да му донесе слобода.

За ова, во јавноста беа прикажани видеоснимки на кои се гледа како двоецот Јовановски – Милески ги земаат парите во скапа чанта „Луј Витон“ од домот на Камчев. На снимките што ги објави италијанскиот весник „Ла верита“ можеше и да се чуе и како Јанева вклучена на звучник од телефон разговара со осомничениот бизнисмен Камчев и го убедува дека „сè ќе биде во ред“.

Истрагата за случајот „Рекет“ во меѓувреме се прошири и кон невладината организација на Јовановски – „Меѓународен сојуз“ и нејзиното финансиско работење. На површина испливаа уплатите на бизнисмените Силјан Мицевски од 726 илјади евра и Ардија Амозоски од 260 илјади евра, пари кои наводно со измама биле изнудени за проект за изградба на старечки домови, кој никогаш не бил реализиран. Во оваа истрага меѓу осомничените повторно е Бојан Јовановски како претседател на сојузот, неговиот татко Миле Јовановски, заменик-претседателката на сојузот Јасна Мандиќ, но и потпретседателката на Собранието од редовите на СДСМ, Фросина Ременски, на која ѝ беа изречени мерки на претпазливост, а партијата времено ја исклучи од функциите додека да заврши процесот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Родителите на децата загинати во пожарот во Кочани: Живееме за да одиме на гробишта, да си помуабетиме со нашите деца

Обвинители, дали нашиот молк, тишината и тагата по нашите деца, кои се убиени, ви даде право да ослободите лица кои...

Топ3 часа

Деветнаесетгодишно момче загина откако со БМВ излета од пат

Момче на 19-годишна возраст од село Миравци, загина утрово околу четири часот кога со автомобил БМВ, што го управувало, излетало...

Топ5 часа

МВР го објави идентитетот на загинатите во тешката сообраќајка

На 18.04.2025 во 20.40 часот во ОВР Кичево e пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај место викано „Сеферов бунар“,...

Македонија6 часа

Тошковски: Голема неприлагодена брзина е причината за сообраќајката во која загинаа три лица

Голема неприлагодена брзина е причината за трагедијата која вчера се случи на патот Кичево-Гостивар, а во која загинаа три лица....

Македонија8 часа

Со протестен марш на семејствата, ќе се бара правда за настраданите во пожарот во Кочани

Во Кочани за денеска во 12:05 часот е најавен нов протестен марш на семејствата на настраданите во пожарот во дискотеката...

Топ9 часа

Три лица загинаа, а осум се повредени во сообраќајната несреќа на патниот правец Кичево-Гостивар

Три лица загинаа, а осум се повредени во сообраќајната несреќа што вчера вечерта се случи на патниот правец Кичево-Гостивар. Од...

Македонија21 час

Велигден е тука, но нашите деца ги нема, не прашува ли некој нас како ги минуваме деновите, пишува Златкова, мајка на загинато момче во дискотеката во Кочани

Велигден е тука, но нашите деца ги нема. Престанаа да им чукаат срцата, ги закопавме во црната земја. Некои биле...

Топ1 ден

Одземени возила: биле користени во „диви“ трки во Куманово

На 16.04. и 17.04.2025 во СВР Куманово било пријавено дека на автопатот Куманово – Скопје се одвиваат диви трки со...

Македонија1 ден

Синдикатот на културата разочаран од Љутков: вработените останаа без плата за најголемиот христијански празник

Секој март од 2021 па наваму, кога се коригира минималната плата и кога платите во културата треба да се усогласат...

Македонија1 ден

Наместо куќен притвор, мерки на претпазливост за двајца поранешни инспектори на ДПИ, иста мерка и за лице од дискотеката

Основното јавно обвинителство Кочани, постапувајќи во предметот во врска со пожарот во кабаре клуб “Пулс”, до Основниот суд во Кочани...

Топ1 ден

Се задушил од запалена плинска боца: пронајден починат маж во Кавадарци

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека пожар во урбана средина бил трагичен за повозрасно лице во Кавадарци. Од...

Македонија1 ден

Историја без Албанци-Новата програма за седмо одделение ги исклучува од учебниците, реагираат од ДУИ

Новата програма на Бирото за развој на образованието при Министерството за образование и наука за предметот „Историја и општество“ за...

Македонија1 ден

(Видео) Автомобил влече врзан коњ низ Скопје: полицијата го идентификуваше возачот

МВР го идентификуваше возачот на автомобилот кој влечеше врзан коњ во Скопје по вчерашното видео на кое реагираа граѓаните. Во...

Економија1 ден

Владата озаконува паушални фактури за струја, граѓаните не смеат да бидат жртви, апелираат Инженери на Македонија

Инженери на Република Македонија (ИРМ), денеска упати апел до пратениците и Министерството за енергетика за да ги отстранат како што...

Македонија1 ден

Маркетите од денеска со нова обврска: ќе треба јавно да ги објават цените на производите

Трговците се должни од денеска да ги објавуваат продажните цени на производите на нивните официјални веб страници. Министерството за економија...

Свет1 ден

Трамп ѝ се закани на Кина со царини до 245 проценти; Кина: Бесмислена игра со броеви, одиме до крај

Кина ги отфрли најновите најави за зголемување на американските царини, нарекувајќи ги заканите на администрацијата на Доналд Трамп „бесмислена игра...

Свет1 ден

Иран: „Целиот наш воен потенцијал е подготвен“

Техеран е подготвен да се одбрани од какво било мешање и закани, а целиот воен потенцијал е подготвен да ја...

Свет1 ден

Америка: Имаме нов план за мир, им го презентиравме на Русија, Украина и Европа

Соединетите Американски Држави им презентираа на Украина, Русија и Европа „рамка за траен и одржлив мир“, изјави портпаролката на американскиот...

Македонија2 дена

Села му одговори на Таравари: Без доверба и чест нема ниту куќа, ниту врата

Едниот од лидерите на поделената Алијанса за Албанците, Зијадин Села, преку социјалните мрежи му одговори на неговиот поранешен сопартиец, Арбен...

Македонија2 дена

Папазов од притвор оди во куќен притвор – за седуммина осомничени за пожарот во Кочани мерката е заменета

Поранешниот градоначлник на Кочани, Љупчо Папазов, кој си поднесе оставка од функцијата по трагедијата во дискотеката „Пулс“, оди во куќен...