Црна хроника
Еден приведен, по друг се трага поради пукотницата во Тетово

Тетовската полиција во саботата приведе еден осомничен за вооружениот инцидент во петокот вечерта, додека по друго лице интензивно се трага.
„Имаме обезбедено еден осомничен, додека по друг се трага“,изјави за Макфакс портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.
Тој додаде дека засега полицијата има две осомничени лица, што не значи дека бројот на осомничени може да биде проширен, како што ќе напредува истрагата.
Во тешкиот инцидент, што се случи во едно тетовско кафуле, смртно настрада едно лице, шест беа ранети со огнено оружје, додека четири се здобија со друг вид повреди.
Според првични неофицијални информации, осомничените и застралното лице имале претходно расправија. Во петокот вечерта, застреланиот седел на маса со уште неколку лица во кафулето, кога влегле осомничените. Откако го забележале веднаш почнала вербална расправа и се обиделе да го изнесат надвор од локалот, по што дошло до метежот. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
За осум часа казнети 76 возачи во Скопје, 20 од нив возеле мотоцикли

Синоќа од страна во периодот од 17.00 до 01.00 часот полицијата во Скопје повторно спроведе засилена сообраќајна контрола на учесниците во сообраќајот кои управуваат мотоцикли и велосипеди со помошен мотор.
„За време на контролата биле преземени мерки против 76 учесници во сообраќајот, од кои 20 санкции за возачи на мотоцикл. Од нив четири за возење мотоцикл без возачка дозвола, 10 санкции за возење без заштитна кацига, четири мерки за возење мотоцикл без положен испит“, извести Министерството за внатрешни работи.
Црна хроника
Беровец пренесен в болница, со трактор паднал во река во Пехчево и се повредил

58-годишник се повреди вчера откако со трактор падна во река во близина на Пехчево. Несреќата е пријавена во пехчевската полиција, а повредениот веднаш е пренесен на лекување во Скопје.
„На 11.05.2025 во 15.04 часот во Полициската канцеларија Пехчево било пријавено дека околу 14 часот на шумски пат, кај место викано ’Скокото’ кај Равна река, Пехчевско, И.Д.(58) од Берово, управувајќи трактор ’МТ 533’ со приколка, се превртел и со тракторот паднал во река. Тој бил пренесен во Ургентен центар при Комплекс клиники ’Мајка Тереза’ Скопје за укажување лекарска помош“, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Увид на местото на несреќата направила увидна екипа од ОВР Берово.
Црна хроника
Уапсен 46-годишен скопјанец оти ја истепал сопругата и ѝ се заканувал

Ноќеска, неколку минути по полноќ, полицијата во скопски Петровец го уапси 46-годишниот Ј.К.. Полицајците постапувале по пријава дека во домот Ј.К. ја нападнал својата сопруга и ѝ се заканувал со остар предмет.
Против насилникот ќе биде поднесена соодветна пријава по целосно документирање на случајот, извести Министерството за внатрешни работи.