Македонија
Мијалков бара прекин на судскиот процес за апсењето на Бошкоски
Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, согласно одлуката на Врховниот суд, бара одбивателна пресуда за случајот „Тортура“, кој се однесува на апсењето на лидерот на ОМ, Љубе Бошкоски.
На денешното рочиште адвокатите кои го застапуваат Мијалков, Љупчо Шврговски и Петар Василев, истакнаа дека обвинението за предметот „Тортура“ е поднесено по истекот на рокот од 18 месеци на СЈО за поднесување обвиненија и врз основа на тоа бараат прекин на постапката.
„Ако судот изврши увид во предметот, ќе може да констатира дека јавниот обвинител му го предал предметот на СЈО на 4.12.2015-та година заедно со 28 други предмети. Исто така ќе може да утврди дека СЈО со решение од 9.12.2015 година воспоставил надлежност врз комплетниот предмет. Рокот за поднесување обвинение не подолг од 18 месеци завршил на 4.06.2017 година, а од приемниот печат кој се наоѓа на обвинителниот акт на предметот може да се утврди дека СЈО го поднел овој акт до судот на 29.06.2017 годнина, односно 25 дена вон рокот што е определен со закон“, образложи адвокатот Петар Василев.
Обвинителот од СЈО Љубомир Лапе, предложи да се одбие ова барање велејќи дека Основниот суд Скопје 1 – Скопје позитивно одлучил по обвинението што значи дека судот го прифатил СЈО како овластен тужител. Судот го одби ова барање на одбраната велејќи дека приговорот требал да биде поднесен во фаза кога се оценувало обвинението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода утре делови од Карпош и Кисела Вода
Без вода утре ќе останат делови од Карпош и Кисела Вода, информира Регионалниот центар за управување со кризи.
„Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека на ден 30.12.2025 година ( вторник ):
· поради отстранување дефект на водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм на ул. Нобелова крстосница со ул. Хелсинки, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Нобелова, Виенска, дел од ул. Хелсинки и дел од ул. Лондонска. (Општина Карпош)
· поради изведување приклучок на водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм на ул. Жил Верн бр. 10, од 10:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Жил Верн и ул. Есенинова. (Општина Кисела Вода)“, информира РЦУК.
Македонија
Утре без струја делови од Петровец, Студеничани, Сопиште и Ѓорче Петров
Утре без струја ќе останат некои од корисниците од општините Петровец, Студеничани, Сопиште и Ѓорче Петров, информира Регионалниот центар за управување со кризи.
„Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, на ден 30.12.2025 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од с. Ќојлија. (Општина Петровец)
· од 08:30 до 09:30 часот, корисниците од селата: Драчевица и Цветово. (Општина Студеничани)
· од 08:55 до 09:55 часот, корисниците од селата: Горно Соње, Долно Соње , Чифлик и Света Петка. (Општина Сопиште)
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Веле Марков. (Општина Ѓорче Петров)
· од 12:30 до 14:30 часот, корисниците од дел од улиците: Димо Хаџидимов и Христо Татарчев. (Општина Кисела Вода)“, информира РЦУК.
Македонија
Утре претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне со услови за слаб локален снег
Утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за слаб локален снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 0, а максималната ќе достигне од 3 до 11 степени.
Во Скопје, претпладне ќе биде сончево, попладне ќе има зголемување на облачноста. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Под влијание на студена воздушна маса во среда ќе дува засилен до силен северен ветер што ќе услови и дневната температура на повеќе места да остане под нула. Во четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер, а во петок ветерот ќе го смени правецот во јужен и ќе има услови за слаб дожд и снег на планините. За време на викендот ќе биде претежно сончево со пораст на температурата.

