Македонија
Започнува мониторингот на изборното медиумското известување на радиодифузерите

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги од денес започнува со мониторингот на изборното медиумско известување на радиодифузерите. Мониторингот ќе се спроведува согласно Методологијата за мониторинг на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси за време на изборни процеси од 7.02.2019 година.
Сите телевизии и радија кои ќе емитуваат платено политичко рекламирање за време на изборната кампања, се должни во рок од пет дена од денот на распишување на изборите да ги утврдат и достават ценовниците, во кои цената по секунда за платено политичко рекламирање нема да ја надминува просечната цена на рекламирање пресметана во последните 3 месеци, пред денот на распишување на изборите.
Ценовниците треба да се достават до Агенцијата, Државната изборна комисија, Државниот завод за ревизија и до Државната комисија за спречување на корупцијата. Според Изборниот законик, радиодифузерите се должни до започнување на изборната кампања најмалку двапати да ги објават ценовниците за платено политичко рекламирање на своите програми. За време на изборниот процес не е дозволена промена на ценовниците.
На веб страницата на Агенцијата, поставен е посебен банер посветен на Изборите 2019 година, во кој можат да се погледнат Изборниот законик, Методологијата за мониторинг и линкот до формуларот за претставки за сите граѓани и правни субјекти кои имаат забелешки на известувањето на медиумите. Овде Агенцијата ќе ги објавува и извештаите од сите констатирани прекршувања на Изборниот законик врз основа на кои ќе бидат поведени прекршочни постапки пред надлежните судови. Освен на македонски јазик, овој банер функционира и на албански и на англиски јазик.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Почина Панчо Минов, поранешен пратеник и градоначалник на Кавадарци

На 67-годишна возраст денеска почина Панчо Минов, поранешен градоначалник на Кавадарци и поранешен пратеник во Собранието.
Панчо Минов беше дипломиран правник и политичка фигура со повеќедецениско искуство. Тој два пати беше избран за градоначалник на Општина Кавадарци – прво како кандидат на Либералната партија (2000–2005), а потоа како независен кандидат (2005–2009).
Минов имаше и пратеничка кариера, учествувајќи во повеќе состави на Собранието.
Првпат беше избран во првиот повеќепартиски состав (1990–1998), а подоцна повторно стана пратеник преку ГРОМ (2016–2020) и СДСМ (2020–2024).
Македонија
Уште колку луѓе треба да настрадаат за Панче Тошковски да почувствува одговорност, прашуваат од СДСМ

Министерот Панче Тошковски без око да му трепне јавно соопшти дека не чувствува никаква одговороност за колапсот на безбедносниот систем и фактот што на улиците се пука како да сме Див Запад, велат од СДСМ.
Според нив, последиците од партизацијата на полицијата и претоварењето во партиски сервис на ДПМНЕ скапо ги чини граѓаните.
„До кога мисли Тошковски да се криe зад политички реторики додека улиците стануваат небезбедни за граѓаните?
Не е само последното пукање во Куманово, непрекинатиот раст на вооружените и насилни инциденти во различни градови е сигнал за целосно системско потфрлање на безбедниот апарат, нема ниту превенција ниту соодветна реакција.
За тоа мора да има одговорност“, додаваат од оваа партија.
Македонија
Парични казни за три градинки и едно училиште по спроведени инспекциски контроли во кујните

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), во септември годинава спроведоа инспекциски контроли во училишните и кујните во градинките на територијата на цела држава. Спроведени беа 91 контрола во градинки и 23 вонредни надзори во училишта.
За утврдените недоследности, издадени се 9 решенија со наредби за нивно отстранување. Во две градинки, хигиената не била задоволителна во кујните, а една градинка немала спроведено задолжителен здравствен преглед на вработениот персонал во кујните. Парични казни изречени се за 3 градинки, и поради несоодветно чување, уништени се 24 килограми храна.
Од спроведените контроли во училиштата, незадоволителни услови констатирани се само во една училишна кујна. Отстапки во однос на добрата производствена и добра хигиенска пракса утврдени се во две кујни. Поради погрешно декларирање, уништени се 59 килограми храна.
Инспекциските служби на АХВ за утврдените недоследности со контролите во училишните кујни изрекле 1 парична казна и донеле 5 решенија со наредба за нивно отстранување.