Црна хроника
Истражна постапка против Македонец и двајца Албанци кои шверцувале марихуана од Албанија во Македонија

Надлежен јавен обвинител од Основното jавно oбвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против еден македонски и двајца албански државјани поради неовластено производство и пуштање во промет на дроги.
Како што соопшти ОЈО, на почетокот на месецов, осомничените преземале активности за неовластена набавка и пренесување на наркотична дрога – марихуана од територијата на Република Албанија во Република Македонија. Крајниот пазар за продажба на дрогата била Република Турција. Двајцата државјани, кои биле ангажирани од страна на продавачот на дрогата, во вечерните часови на седми овој месец, ја пренеле марихуаната, преку Граничниот премин Блато и според договорот, во близина на муслиманските гробишта во Дебар, му ја предале на македонскиот државјанин.
На излезот од Дебар во правец кон Маврово, полициските службеници при рутинска контрола на возилото пронашле три вреќи наркотична дрога – марихуана, спакувана во 31 најлонско пакување со вкупна тежина од 28 115 грама. Во исто време, на Граничниот премин Блато, на излез од Република Македонија, полициските службеници ги лишиле од слобода и двајцата албански државјани.
Надлежниот обвинител ценејќи дека се исполнети условите, до Судијата на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје достави Предлог за определување на мерка притвор за осомничените. Судијата го прифати предлогот и со Решение определи притвор во траење од 30 дена за сите три лица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Штитеници во установа за згрижување деца имале сексуален однос пред 12-годишно дете

Вчера во 16:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во август 2025 година во соба во установа за згрижување на деца, 16-годишен штитеник и 15-годишна штитеничка на установата имале сексуален односи.
Според информациите од МВР, тие имале односи пред 12-годишен штитеник на установата, по што 16-годишникот му се заканил на 12-годишникот да не кажува никому.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Ограбен автомобил на паркинг во Центар

Синоќа во 00:32 часот во СВР Скопје е пријавено дека е ограбен автомобил на паркинг простор на подрачјето на Центар во Скопје.
Според информациите на МВР, од патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, одземена е актовка со пари, документи, печати и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото: илустрација
Црна хроника
Инцидент во Карпош: Му ги дупнала гумите на возилото на партнерот, а потоа и физички го нападнала

Маж од тетовско пријавил во полиција дека неговата партнерка му ги дупнала гумите на возилото, а потоа и физички го нападнала.
Доцна синоќа, во 03:20 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од тетовско пријави дека претходно околу 19:00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, неговата партнерка со нејзиното возило удрила во неговото возило, а потоа со остар предмет му ги оштетила гумите на возилото и физички го нападнала.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.