Спорт
Трипл-дабл за Јокиќ, пораз за Денвер (Видео)

Финикс Санс немаа нерви ниту искуство за да ги изненадат шампионите од Оукленд, Голден стејт Вориорс. Иако имаа предност во првите три четвртини, Санс не го издржаа притисокот, потклекнаа во решавачкиот период, кога Голден стејт направија серија 13:0.
Дуелот на најлошиот и најдобриот тим на Западот им припадна на Вориорс 117:107. Клејн Томпсон постигна 25 поени, Кевин Дурент 21, а Стеф Кари 20, додека кај Финикс се истакна Кели Оубри со 25 поени.
Вориорс имаат скор 39 победи и 15 порази, а Финикс 11 победи и 44 порази.
Лидерот на Истокот и воопшто во лигата, Милвоки Бакс убедливо победија во Далас 122:107. Уште еднаш брилијантен меч одигра Јанис Адетокумбо (29 поени, 17 скока, 5 асистенции). Лука Дончиќ со 20 поени ги предводеше Далас.
Детроит Пистонс очекува лесно ги победија Њујорк Никс 120:103. Андре Драмонд забележа 29 поени и 20 скока. Њујорк го забележаа 15 пораз во низа.
Најпривлечниот дуел изминатата ноќ го одиграа Филадлефија и Денвер (117:110). Денвер се вратија во мечот откако имаа минус од 16 поени, но играчите на Филаделфија успеаја во финишот да ја обезбедат победата.
Ветеранот Џеј-Џеј Редик ги предводеше победниците со 34 поени, Џими Батлер постигна 22, а Џоел Ембид забележа 15 поени и 12 скока.
Кај Денвер најдобар беше Никола Јокиќ со трипл-дабл од 27 поени и по 10 скока и асистенции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Лидс извиси, Паишао се сели во Марсеј

Фудбалерот на Феенорд, Игор Паишао, е блиску до трансфер во Олимпик Марсеј, кој постигна договор за обештетување со холандскиот клуб.
На овој начин, францускиот клуб ја доби трката со Лидс јунајтед за потписот на бразилскиот фудбалер. Паишао доби дозвола да отпатува во Марсеј на лекарски прегледи. Претходно, „Екип“ објави дека Марсеј подготвил нова понуда за овој играч, додека Лидс се обидел да го грабне испраќајќи понуда вредна 32 милиони евра.
Феенорд претходно одби две понуди од Марсеј, првата од 16 милиони евра и втората од 28 милиони евра. Феенорд ја прифати третата понуда од 35 милиони евра.
Марсеј претходно ги доведе Анхел Гомес од Лил, како и Си Џеј Еган-Рајли од Барнли и Факундо Медина од Ленс.
Во меѓувреме, враќањето на напаѓачот Пјер-Емерик Обамејанг во клубот се очекува да се случи во наредните денови.
Паишао одигра 47 натпревари за Феенорд минатата сезона со 18 гола и 14 асистенции. Неговата примарна позиција е лево крило, но може да игра и како офанзивен играч од средниот ред.
Тој пристигна во Холандија во летото 2022 година, а претходно играше за Коритиба и неговиот матичен клуб Лондрина.
Фото/ Принскрин
Спорт
Родриго го одбил Тотенхем

Челниците на Тотенхем побарале и добиле дозвола од Реал Мадрид да отворат преговори со крилниот напаѓач Родриго. Бразилецот е отворен за сорабптак со друг клуб, но Тотенхем не е во неговите планови.
Актуелниот освојувач на Лига Европа сакаше да ја искористи можноста и да донесе капитално засилување пред да се врати во Лигата на шампионите по три години, но веднаш стана јасно дека ништо нема да произлезе од тоа.
Шпанскиот инсајдер Санти Ауна ја информираше јавноста дека Тотенхем се распрашувале за неговата цена, а потоа брзо се отрезниле. Поранешниот играч на Сантос сака да се докаже во „поголем клуб од Тотенхем“.
Од почетокот на преодниот рок се споменуваше дека следната станица во кариерата на крилниот напаѓач би можеле да бидат Арсенал и Ливерпул, кои, со заминувањето на Дијаз во Баерн, ослободија место на позицијата лево крило ги обезбедија потребните пари за 24-годишникот од Сао Паоло.
Родриго пристигна во „кралскиот клуб“ од својата татковина во 2019 година, во трансфер вреден 45.000.000 евра. Оттогаш, во 270 настапи, постигна 68 гола и забележа 51 асистенција. Освои две Лиги на шампиони, како и три титули во шпанското првенство.
Foto/ „X“
Спорт
Салиба нема да го напушти Лондон

Дефанзивецот на Арсенал, Вилијам Салиба, изјави дека би сакал да остане на „Емирејтс“ и следната сезона.
Арсенал успеа да го продолжи договорот со партнерот на Салиба, Габриел Магаљаеш, кој и понатаму ќе биде во тимот предводен од Микаел Артета од клупата.
Салиба по победата на Арсенал над Њукасл како дел од подготвителниот натпревар пред новата сезона рече.
„Да, се надевам. Секако, во моментов нема конкретни преговори, но има добра комуникација помеѓу мојот менаџер и клубот. Ќе видиме“.
Салиба ја започна својата кариера во Сент Етјен, а потоа се пресели во Арсенал во 2019 година, но ги помина следните три години на позајмица во Сент Етјен, Ница и Марсеј.
Фото/ Принскрин