Спорт
ППД Загреб го „држи темпото“, Флензбург загубен во Украина

ППД Загреб ги заддржува шансите за пласман во плеј-офот во Лигата на шампионите, откако освои клучни два поени со 32:29 победа над Скјерн, додека во исто време Флензбург иако имаше предност, загуби кај Мотор Запорожје со 28:26.
Во групата Б, Пари Сен-Жермен е убедливо на првото место со 20 поени, три повеќе од Пик Сегед, кои во драматичен меч денеска успеаја да ги победат словенечките шампиони Целје со само еден гол разлика (28:29). Потоа следуваат Флензбург и ППД Загреб со по 10 поени, а тука се и Нант и Мотор, сега со по 9 поени.
Во Загреб, Иван Сршен ги предводеше „плинарите“ до важна победа со девет гола, додека шест даде Мандиќ,додека во Украина, Флензбург имаше 12:10 водство на полувреме, но на крајот беше поразен од Мотор, кои беа предводени од Борис Пухоуски со осум гола.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 11.КОЛО
Целје – Пик Сегед 28:29 (16:18)
Мотор Запорожје – Флензбург 28:26 (10:12)
ППД Загреб- Скјерн 32:29 (15:14)
Фото: ЕПА
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
ВИДЕО: Албанците ја шокираа Србија во Лесковац, Португалците славеа и покрај промашениот пенал на Роналдо

Фудбалската репрезентација на Албанија изненади на гостувањето кај Србија во Лесковац, славејќи со 0-1. Голот за гостите го постигна Реј Манај во завршните моменти на првото полувреме, додека тимот на Драган Стојковиќ – Пикси одигра под очекувањата. Сега на Србија сериозно и е загрозен пласманот на Светското првенство во 2026 година.
Кристијано Роналдо промаши пенал за Португалија, но тоа не ја загрози победата на неговиот тим, кој со голот на Рубен Невеш во 90-тата минута го освои триумфот.
Турција ја декласираше Бугарија на гости со 1-6, додека Италија славеше против Естонија со 1-3. Шпанија на домашен терен го победи Грузија со 2-0, благодарение на головите на Пино и Ојаразбал, додека Феран Торес промаши пенал.
Спорт
Александар Стојанов замина од тренерската позиција во Беласица

Македонскиот фудбалски второлигаш Беласица ќе ја продолжи сезоната со нов тренер. Александар Стојанов поднесе оставка од функцијата шеф на стручниот штаб по двата последовни порази на струмичкиот второлигаш.
Тимот имаше одличен почеток на сезоната – пет победи и едно реми во првите шест кола. Сепак, неуспесите против Осогово и Шкендија Арачиново ја променија ситуацијата.
„Во спортот победите и поразите одат заедно. По два порази по ред ја преземам целата одговорност. Дадов сè од себе за клубот, но кога не оди – време е да се направи чекор назад“, рече Стојанов по оставката.
Иако Беласица има најдобар старт во последните години, тимот ќе мора да продолжи без својот досегашен стратег. Клубот во следните денови ќе го објави името на новиот тренер.
Спорт
Филмска приказна: Риднеркнеш го доби Медведев, ќе игра против својот роднина за титулата

Артур Риднеркнеш и Валентин Вашеро ќе играат за титулата на турнирот од Мастерс серијата во Шангај. Веројатно нема ниту еден човек на планетата кој би можел да предвиди дека двајца братучеди, моментално 52-ри и 204-ти тенисер во светот, ќе бидат во финалето на престижниот турнир.
По пресвртот, Риднеркнес го победи Данил Медведев со 4:6, 6:2, 6:4 и му се придружи на својот братучед во финалето, кој го победи Новак Ѓоковиќ претходно во текот на денот.
Првиот сет беше практично решен во третиот гем. Медведев стигна до брејк и ја задржа предноста стекната до крајот на овој дел од играта за 6:4 и 1:0 во сетови.
Сепак, ова не го поколеба одличниот Французин. Во вториот сет, тој веднаш стигна до брејк во вториот гем, а потоа спаси дури пет брејк топки. Поведе со 3:0, а потоа, со уште еден одземен сервис од својот ривал, стигна до 6:2 и го израмни резултатот.
Риднеркнес го искористи заморот на Русинот и стигна до меч-поен. Не ја искористи првата шанса, но доби уште една. Медведев направи двојна грешка и со тоа му овозможи на Французинот да го постигне најголемиот успех во својата кариера.
Вашеро од Монако и Риднеркнес од Франција ќе се борат за пехарот во недела од 10:30 часот.