Контакт

Македонија

Еуростандард банка ја мерка зградата на „Фиком“

Објавено пред

Сагата со зградите на „Фиком“ во општина Кисела Вода се чини нема крај. „Макфакс“ дојде до налог за извршување врз недвижност од надлежен извршител, со кој Еуростандард банка на мала врата преку земјиштето сака да стане сопственик на зградата „Антигона 1“.

dobivaj vesti na viber

Според нотарскиот договор склучен во 2005 година меѓу Еуростандард банка и Друштвото за градежништво, трговија и услуги „Фиком“ ДОО од Скопје, под хипотека во 2005 година е ставен објектот што бил во градба во првата фаза за популарно наречената зграда „Антигона 1“, што значи дека како залог е ставена идната градба.

Според увидот во нотарскиот акт, во моментот кога е запишана хипотеката, наместо сопствениците на земјиштето, како должник се потпишал управителот на „Фиком“, Никола Николиќ, кој во 2015 година се обеси во затворот.

Иако Николиќ го приватизирал земјиштето, сепак тоа не е ставено под хипотека, туку само идниот објект кога ќе биде изграден.

Врховниот суд во судска постапка иницирана од оштетените граѓани застана на страната на Еуростандард банка, па иако во оваа постапка било употребено полномоштво по смртта на давателот на полномоштвото и иако се однесува на овластување за друга катастарска парцела, а не за онаа на која се гради зградата, Еуростандард банка тргна во присилно извршување на оваа зграда преку извршител.

На земјиштето на кое се гради оваа зграда не е заснованата хипотека, но и покрај тоа, извршителот дал налог за извршување. Во хипотеката се опфатени земјиштето и објектите што се запишани во имотниот лист, а кои не постојат, односно се срушени во 2003 година кога зградата почнала да се гради.

Ставајќи го земјиштето под залог, со измените на Закнот за извршувањето од 2018 година, банката може да ја земе и зградата.

Поранешната aдвокатка на оштетените, Лорија Ваневска, која и самата е оштетена во оваа афера, за „Макфакс“ вели:

„Некој се обидува на мала врата, користејќи ги измените во Законот за извршувањето, да ја реализира оваа во многу нешта спорна хипотека. Провериме во Катастарот на недвижностите и утврдивме дека во текот на 2011 година (најверојатно, во моментот кога е правен новиот катастар) во имотните листови, каде што воопшто не е ни запишан објектот што се гради, е направена промена, па, така, од првичното запишување на заложното право врз објект – идна недвижност, сега како залог фигурира, и тоа без никаква основа, и земјиштето на кое лежи зградата. За тоа кој и кога направил ваков упис без основа, очекуваме објаснување од Агенцијата за катастар – секторот за внатрешна контрола, каде што поднесовме официјална претставка“, вели Ваневска.

Таа очекува извршителот што постапува во овој предмет да објасни како го врзал извршувањето на земјиштето, кога тоа не му е предмет на залог, во нотарскиот акт по кој извршува. Поднесени се и претставки до Министерството за правда и до Комората на извршителите.

„Се надеваме дека  надлежните инситутции овој пат ќе бидат на висината на задачата и ќе го спречат ова извршување, кое, според нас, е во целот незаконито“, вели Ваневска.

Оштетените граѓани се обратиле до Aмерикансата амбасада во Скопје и до премиерот, Зоран Заев. Со писмото информираат дека над 15 години се заглавени во потрагата по правдата.

Случајот „Фиком“, кој тежи над 10 милиони евра, медиумите го открија во 2006 година кога десетици граѓани тврдеа дека нивните станови биле продадени уште на неколку лица. Сопружниците Николиќ, кои беа сопственици на „Фиком“, измамија десетици луѓе ветувајќи им евтини и модерни станови речиси во центарот на Скопје.

Со одлука на стечаен управник од 2007 година „Фиком“ отиде во стечај, па уште тогаш измамените граѓани ја обвинија банката дека хипотеките што ги има над зградите на „Фиком“ се фиктивни. 42-годишниот Николиќ за измами беше осуден на затворска казна во траење од над 25 години, но тој беше пронајден обесен во затворот во Штип.

Македонија

Ѓорѓиевски: Скопје излегува од финансискиот и институционален колапс

Објавено пред

Од

Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на денешната прес конференција за медиумите, кажа дека Скопје излегува од финансискиот и институционален колапс и влегува во период на стабилизација, развој и најголема инвестициска офанзива во својата историја.

dobivaj vesti na viber

Тој истакна дека при преземањето на функцијата затекнал урнат систем, град на раб на банкрот, јавни претпријатија со блокирани сметки, вработени без плати, нефункционални институции и долгови од речиси 300 милиони евра. На сметката на градот имало само осум милиони денари реално расположливи средства, додека истиот ден чекале извршни решенија од 48 милиони денари.

Во само два месеци, како што информираше, намалени се повеќе од 40 милиони евра обврски на Градот и јавните претпријатија, нормализирана е исплатата на платите во Дрисла, Комунална хигиена, Паркови и зеленило, Лајка, Флораком и Луна, каде што претходно, како што кажа, се доцнело по две плати.

Градоначалникот кажа дека Буџетот за 2026 година изнесува 5,2 милијарди денари – зголемен за 12 проценти. Пренесен е вишок од 482,9 милиони денари, со што за првпат по долги години Град Скопје има повеќе пари отколку обврски.

„Тоа ни овозможи да тргнеме во најголемата инвестициска офанзива досега. Капиталните инвестиции се зголемени за 33,4 проценти, а веќе се реализирани 389,7 милиони денари, при што јануари 2026 година е најуспешен јануари по приходи и реализација“, кажа Ѓорѓиевски.

Градоначалникот им се заблагодари на граѓаните кои го платиле данокот на имот и информираше дека се блокирани 17.694 сметки за долг од 1,3 милиони евра за 2021 година, како и дека во наредните 15 дена се очекува подмирување на обврските од 2022 до 2025 година од вкупно 96.562 физички лица и 2.335 правни субјекти во износ од 19,5 милиони евра.

„Ред мора да има. Секој денар во буџетот значи повеќе проекти и подобар живот за сите“, порача тој.

На крајот, Ѓорѓиевски нагласи дека ова е само почеток на финансиската консолидација и целосната трансформација на градот.

„Наследивме долгови, но градиме иднина. Наследивме хаос, но воспоставуваме ред. Наследивме разочараност, но ја враќаме надежта. Ќе го направиме Скопје модерен, чист, функционален и достоинствен град. Нема враќање назад. Нема изговори. Само резултати. Заедно ќе успееме. Време е скопјани да живеат подобро, време е градот да застане цврсто на нозе и да оди напред“, кажа тој.

Прикажи повеќе...

Македонија

Сали-Вајц: Билатералните прашања не треба да претставуваат пречка за напредокот на европската интеграција

Објавено пред

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, оствари средба со европратеникот Томас Вајц, и главен известувач за извештаите на Европскиот парламент за напредокот на Република Северна Македонија кон членство во Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

На средбата беше разговарано за процесот на европска интеграција и за последниот извештај на Европскиот парламент за Република Северна Македонија, усвоен со мнозинство гласови во јули 2025 година, во кој се нотира постигнатиот напредок и се нагласува потребата од отстранување на политичките блокади во процесот на пристапување.

Заменик-претседателот Сали изрази благодарност за континуираната поддршка од страна на европратеникот Вајц, при што беше реафирмиран ставот дека билатералните прашања не треба да претставуваат пречка за напредокот на европската интеграција. Европратеникот Вајц истакна дека процесот на проширување треба да се темели на објективни критериуми и европски вредности.

Двајцата соговорници се согласија за продолжување на блиската соработка и отворениот дијалог со институциите на Европската Унија, со цел забрзување на европскиот пат на Република Северна Македонија.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Филипче: Владата ја турка Македонија во изолација, изложена на туѓи авторитарни влијанија

Објавено пред

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес конференција рече дека владата ја турка државата во изолација и ја оддалечува од европскиот пат, оставајќи ја изложена на авторитарни влијанија.

dobivaj vesti na viber

„Очигледно е веќе дека ниту се спроведуваат реформи, ниту се прават потребните чекори да се фати возот за Европската Унија, на којшто веќе многу напред одат Црна Гора и Албанија. Црна гора веќе го пишува договорот за пристап во Европската Унија, веќе се затвораат сите поглавја“, посочи Филипче, на денешната прес-конференција.

Тој додаде дека тоа што не се прават вистински реформи во правосудството, тоа што дополнително се прави партизација на сите по сите инстанции во правосудството, обвинителство, судии и така натаму е доказ дека се нема желба и волја да се оди понатаму.

Филипче предупреди и на зголеменото влијание на унгарскиот премиер Виктор Орбан врз домашните политики, кое, како што рече, е јасно видливо.

„Силното влијание на премиерот Орбан од Унгарија се гледа секој ден. Започна како финансиска зависност со кредитот од една милијарда евра, за којшто никој не знае каде се отидени парите. Во делот на медиумите има јасна мрежа на унгарски медиуми кај нас кои креираат силно антиевропско расположение кај граѓаните. Очигледно е дека оваа поврзаност со вакви авторитарни режими на северот од нас нè држи во изолација. Премиерот јасно кажа дека нема да има уставни измени и веќе не ни крие дека нема да има чекор напред кон Европа. Ја цитирам за жал и претседателката ’Измислен е патот кон Брисел‘, посочи Филипче.

Граѓаните мора да знаат, додаде тој, дека оваа влада ја држи земјата во изолација, оставена во овие комплексни геополитички случувања како изолирана земја, изложена на влијание на Русија.

„Кога Црна Гора и Албанија ќе станат земји членки на Европската Унија, а тоа може да се случи за една или две години, ние ќе стоиме во место, без реформи, без чекор напред“, порача претседателот на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

(Видео) Филипче: СДСМ има решение за 600 евра плата, помалку луксуз – поголеми плати за работниците

Стандардот на работниците практично е срозен изминатите две години. Соочени сме со ситуација во којашто владата на ВМРО и ЗНАМ...

Македонија1 час

62-годишен маж од Тетово починал по компликации од грип, соопшти ИЈЗ

Минатата недела во периодот од 26 јануари до 1 февруари во Македонија е регистриран уште еден случај на починато лице...

Македонија1 час

Во следните 15 дена платете го данокот на имот за 2022, 2023, 2024 и 2025 година, апелира Ѓорѓиевски кој веќе блокираше 15.000 сметки за неплатен данок од 2021 година

Близу 20 милиони евра по основ данок на имот за изминатите четири години должат на Град Скопје граѓаните и компаниите....

Македонија2 часа

Родителите на загинатите во „Пулс“ се сомневаат дека се врши притисок врз сведоци, бараат надлежните да извршат проверка на мобилен телефон

Родителите на загинатите во „Пулс“ се сомневаат дека се врши притисок врз сведоци преку Вибер комуникација од затворот. „Имаме сознанија...

Свет2 часа

Виткоф објави дека е постигнат првиот договор меѓу Русија и Украина по пет месеци

Ексклузивните разговори во Абу Даби донесоа конкретен резултат, Русија, Украина и Соединетите Американски Држави постигнаа договор за размена на затвореници,...

Македонија3 часа

Објавена петиција за забрана на социјални мрежи за деца до 12 години во Македонија

Граѓанската иницијатива „Иницијатива за безбедно детство“ објави петиција со која се бара воведување забрана за употреба на социјални мрежи за...

Македонија4 часа

Продлабочување на стратешкото партнерство со САД во фокусот на средбите на Гаши во Вашингтон

За време на работната посета на Вашингтон, претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со Даниел Џ. Лотон, заменик-помошник секретар...

Македонија5 часа

Случајот со смртните закани врз новинарот Александар Видиновски да се истера до крај, бара Демократскиот сојуз

Демократскиот сојуз жестоко ги осудува примитивните напади и смртните закани врз новинарот Александар Видиновски на социјалните мрежи и ја поздравува...

Македонија5 часа

(Фото) Сиљановска-Давкова се сретна со претседателот на ОАЕ: перспективите за продлабочување на билатералната соработка во фокусот на разговорот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на учеството на Светскиот самит на владите во Дубаи, оствари средба со претседателот на Обединетите...

Македонија5 часа

(Видео) Ѓорѓиевски: Нема вработувања во Град Скопје – нема да дозволам ниту еден денар од буџетот на скопјани да биде злоупотребен

„Нема вработувања во Град Скопје – нема да дозволам ниту еден денар од буџетот на скопјани да биде злоупотребен!“, порача...

Свет5 часа

Путин повторно го насамари Трамп, објави „Њузвик“

Претседателот Доналд Трамп минатата недела објави дека посредувал во еднонеделно примирје меѓу Русија и Украина, истакнувајќи го својот личен однос...

Свет6 часа

(Фото/видео) Руски беспилотни летала го нападнаа Киев, две жени повредени, неколку станбени згради оштетени

Две лица се повредени во руски напад што беше извршен синоќа со беспилотни летала врз Киев. Остатоци од беспилотните летала...

Свет7 часа

Поранешен британски министер под истрага поради Епстин, Стармер: Нè излажа повеќе пати

Британскиот премиер Кир Стармер изрази жалење за назначувањето на Питер Манделсон за амбасадор на Велика Британија во Вашингтон, велејќи дека...

Свет7 часа

Гутереш: Истекот на договорот „Нов СТАРТ“ е сериозен момент за глобалната безбедност

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, оцени дека истекот на договорот „Нов СТАРТ“ е сериозен момент за меѓународниот мир...

Свет8 часа

Израел врати 54 тела и 66 кутии со останки во Газа

Министерството за здравство на Газа вчера објави дека 54 палестински тела и 66 кутии со човечки останки се префрлени во...

Свет8 часа

Кси го предупреди Трамп да биде внимателен со испораките на оружје за Тајван

Кинескиот претседател Кси Џинпинг го предупреди американскиот претседател Доналд Трамп во телефонски разговор во среда да биде „претпазлив“ во врска...

Европа8 часа

Зеленски: На Путин ќе му требаат 2 години и 800.000 војници за да ја освои источна Украина

Русија ќе мора да жртвува дополнителни 800.000 војници во следните две години ако сака воено да ја освои источна Украина,...

Македонија14 часа

Почувствуван земјотрес во Битола, Охрид и околината: епицентарот во Албанија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани и одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во...

Македонија21 час

Гаши од Вашингтон: Северна Македонија останува лојален сојузник на НАТО и посветен партнер на САД

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, кој престојува во работна посета на Вашингтон, САД, денеска се обрати на Форумот за безбедност...

Македонија22 часа

Алиу истражува, но се сомнева дека ќе најде податоци за извозот на мозоци: Истечени се сите рокови за архивирање на документите

Стариот закон ги обврзува институциите да ги чуваат документите за извоз на мозоците како биолошки материјал 15 години, а новиот,...