Топ
Првите пасоши и лични карти на Северна Македонија до крајот на годината
Првите лични карти и пасоши на Република Северна Македонија се очекува да почнат да се употребуваат до крајот на годината. Граѓаните што ги загубиле или на кои им истекува важноста на документите и допрва треба да аплицираат за нови не треба да имаат дилема – документите сè уште ќе им бидат издавани само со Република Македонија во следните месеци, велат неофицијално службени лица од МВР. Процените се дека утврдувањето на изгледот на новите документи и усогласувањето со законската регулатива пред да се направи набавка е процес што се очекува да заврши до октомври-ноември. Од МВР велат дека додека трае постапката, документите ќе се издаваат во согласност со постојните закони.
„По објавувањето во ‘Службен весник’ на одлуката за стапување во сила на името Република Северна Македонија, ќе се сменат законите и подзаконските акти што ги регулираат изгледот и употребата на личните документи на граѓаните. Потоа, во согласност со законските одредби, ќе биде спроведена јавна набавка и ќе бидат набавени обрасците за новите лични документи. До тогаш граѓаните непречено може да ги користат постојните лични документи. За каква било промена граѓаните ќе бидат навреме информирани“, соопштија од МВР.
Промената на документите во согласност со договорот од Преспа треба да се направи во следните пет години. Првите табли со новото име на државата се очекува да бидат поставени на граничните премини, а од Владата денеска беа отстранети буквите на зградата од натписот Влада на Република Македонија со образложение дека утре ќе се одржува свечена церемонија на која ќе се постави знамето на НАТО.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел и Иран постигнаа таен договор преку Русија
Во услови на високи тензии, Израел и Иран тајно разменија пораки, со посредство на Русија, уверувајќи се едни со други дека нема да извршат први напад.
Неколку дена пред да избувнат протестите во Иран кон крајот на декември, израелските власти го информираа Техеран преку Москва дека нема да го нападнат Иран доколку први не бидат нападнати.
Иран одговори преку истиот канал дека ќе се воздржи и од превентивен напад, изјавија дипломати и регионални претставници запознаени со комуникациите, според „Вашингтон пост“.
Комуникациите се невообичаени со оглед на непријателството меѓу двата блискоисточни соперници, кои водеа 12-дневна војна минатиот јуни.
Според дипломатите, контактите ја одразуваа желбата на Израел да избегне ескалација додека се подготвува за воена кампања против Хезболах, либанска милиција во сојуз со Иран.
Приватните уверувања беа во спротивност со јавната реторика на израелските претставници кон крајот на минатата година, кога отворено алудираа на можноста за нови напади врз Иран за да се запре неговиот арсенал од балистички ракети.
Иако иранските претставници позитивно одговорија на израелската иницијатива, тие останаа претпазливи, изјавија двајца претставници запознаени со размената. Иран верува дека дури и ако израелските гаранции се искрени, останува отворена можноста американската војска да започне напади врз Иран како дел од координирана кампања, додека Израел ќе ја фокусира својата воена моќ исклучиво врз Хезболах.
Сепак, „за Иран беше добра зделка“ да се држи настрана од потенцијален конфликт меѓу Израел и Хезболах, изјави висок регионален претставник кој зборуваше под услов да остане анонимен. Американски претставници изјавија дека иранската поддршка за Хезболах веќе се намалила додека Техеран се справуваше со внатрешни немири.
Свет
Иранско судство: Демонстрантот Ерфан Солтани не е осуден на смрт
Иранското судство ги негираше извештаите дека демонстрантот Ерфан Солтани е осуден на смрт, објавија иранските државни медиуми.
Солтани претходно беше наведен како првиот демонстрант во Иран кој ја доби најстрогата казна од почетокот на сегашните немири.
Неговото семејство претходно изјави дека им било кажано дека егзекуцијата е одложена.
Иранското судство објави дека 26-годишниот Ерфан Солтани, кој беше уапсен на 10 јануари за време на протестите во Иран, не е осуден на смрт, објавија државните медиуми, пренесува Ројтерс.
Се вели дека Солтани е обвинет за „здружување против внатрешната безбедност на земјата и пропагандни активности против режимот“, но судството појасни дека смртната казна не се однесува на вакви обвиненија доколку бидат потврдени од судот.
Солтани е задржан во централниот затвор во Карај, се вели во извештајот.
Свет
Егзекуцијата на иранскиот демонстрант Ерфан Солтани е одложена, велат семејството и групата за човекови права
Егзекуцијата на иранскиот демонстрант Ерфан Солтани не е извршена вчера, потврдија член на семејството и Хенгав, група за човекови права со седиште во Норвешка.
Сомаје, братучетка на Солтани, која не сакаше да го даде своето целосно име од безбедносни причини, изјави за Си-ен-ен дека егзекуцијата не се случила како што е планирано во текот на денот. Сепак, таа додаде дека не е откажана и дека семејството сè уште чека повеќе информации. Хенгав, исто така, објави доцна во среда дека егзекуцијата на Солтани е одложена.
Според Хенгав, 26-годишниот Солтани бил уапсен во својот дом минатиот четврток. Четири дена по неговото апсење, на неговото семејство му било кажано дека неговата егзекуција е закажана. Веста доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп претходно во среда изјави дека Иран „нема планови за егзекуции“.

