Европа
Меркел за целосно запирање на илегалната имиграција
Германската канцеларка Ангела Мерел изјави во австриската престолнина Виена во сабота на средбата на челниците до земјите на ткн Балканска рута, дека илегалната имиграција треба целосно да се спречи и вети помош за Грција и Италија, членки на Европската унија кои се најмногу изложени на бегалскиот бран.
„Нашата цел мора да биде целосно запирање на илегалната миграција“, нагласи германската кацеларка Ангела Меркел по самитот во Виена.
На самитот, покрај неа, и домаќинот австрискиот канцелар Кристијан Керн, учествуваа и премиерите на Македонија, Албанија, Бугарија, Грција, Србија, Словенија, Унгарија и Хрватска, како и министерот за внатрешни работи на Романија. На средбата зборуваа и претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, и еврокомесарот за бегалци Димитрис Аврамопулос.
Меркел, притоа, истакна дека треба да се зајакне европската мисија за контрола на границите Фронтекс поради подобро контролирање на надворешните граници на Европската унија и вети поддршка за Грција и Италија, земји кои се први на ударот на мигрантскиот бран.
„Германија е подготвена месечно да прифати неколку стотина бегалци од Грција и од Италија, кои имаат шанси за долгорочно останување во Европа., Токму на тие луѓе треба да им се даде перспектива“, рече Меркел.
Германската канцеларка смета дека е потребно што поскоро да се склучи договор за враќање на бегалците од земјите како што се Авганистан, Пакистан и државите од северна Африка. „Нам најважната цел ние дека мора да има јакнење на легалната и спечување на илегалната миграција“, рече Меркел./крај/мф/сн
Извор: APA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Околу 500 патници заглавени во авиони поради снег во Минхен
Околу 500 патници останале заглавени во авиони на аеродромот во Минхен, откако нивните летови биле откажани поради обилни снежни врнежи. Иако дел од авионите биле подготвени за полетување, патниците не можеле да се вратат во терминалот поради недостиг на автобуси и зафатени паркинг-позиции за авионите.
Повеќе од 100 летови планирани за четврток навечер биле откажани поради снегот, а дел од патниците ја поминале целата ноќ во леталата.
Лоша логистика и ограничен капацитет
Според портпарол на авиокомпанијата Луфтханза, дури и летовите што добиле специјални дозволи за ноќно полетување не можеле да тргнат. Како причина се наведува тоа што сите паркинг-места за авиони во близина на терминалот биле веќе зафатени, а капацитетот на автобусите за превоз на патници бил ограничен.
„Во тој момент сите паркинг-места кај терминалот беа исполнети, а бројот на автобуси е ограничен“, изјавил портпаролот, додавајќи дека организацијата на автобускиот превоз е во надлежност на аеродромот.
Летови кон повеќе европски и светски дестинации
Според информациите на Луфтханза, погодени биле летови кон Сингапур, Копенхаген, Гдањск, Грац и Венеција. Дури во раните утрински часови автобуси пристигнале и ги превезле патниците до терминалот.
Од аеродромот во Минхен кратко соопштиле: „Жалиме за непријатностите што настанаа“.
Студен бран во регионот
Ледениот бран изминатите денови го зафати и Виена, додека хаос беше пријавен и во Марибор, каде што голем број жители останаа без струја, а дел и без вода.
Поради состојбата, во поширокото подрачје на вториот по големина град во Словенија беше прогласена вонредна состојба.
Европа
Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад
Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.
Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.
Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.
Европа
Мерц реизбран за лидер на ЦДУ
Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.
Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.
Резултатот е негов втор најдобар досега.
Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.
Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.
Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.
Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.

