Спорт
Вестбрук подобар од Чембрлен – десетти трипл-дабл во низа за победа на Тандер (видео)

Пол Џорџ имаше 47 поени, а Расел Вестбрук постави нов рекорд со десетти последователен трипл-дабл учинок за Оклахома Сити тандер да стигне до 120:111 победа над Портланд во понеделникот навечер.
Тројката на Џорџ на 3:52 пред крајот дојде по 10. асистенција на Вестбрук, кој мечот го заврши со 21 поен, 14 скока и 11 асистенции. Вестбрук го подобри рекордот на легендарниот Вилт Чембрлен, кој имаше девет последователни трипл-дабл во 1968 година.
Џорџ, кој додаде 12 скока и 10 асистенции, има неверојатни 92 поена во последните два меча, а победата беше четврта во низа и 11-та во 12 меча за Тандер.
Хјустон рокитс го победи Далас маверикс во тексашкото дерби со 120:104 предводен од повредениот Џејмс Харден, кој во второто полувреме ја исполни својата квота од 30 поени. Харден заврши со 31 поен од 9-од-23 обиди, а додаде и осум скока, седум асистенции и пет украдени топки.
Уште четири други кошаркари на Хјустон имаа над 10 поени, а од другата страна повторно блесна Лука Дончиќ, но неговите 21 поен, 10 скока и 8 асистенции не беа доволни Маверикс да победи.
НБА-РЕЗУЛТАТИ
Кливленд – Њујорк 107:104
Детроит – Вашингтон 121:112
Индијана – Шарлот 99:90
Торонто – Бруклин 127:125
Чикаго – Милвоки 99:112
Хјустон – Далас 120:104
Минесота – ЛА клиперс 130:120
Оклахома Сити – Портланд 120:111
Денвер – Мајами 103:87
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Макаби славеше во израелското дерби во Евролигата

Кошаркарите на Макаби од Тел Авив го победија Хапоел со 103:90 во првиот натпревар 3. коло од Евролигата. Натпреварот се одигра во Софија, каде што Хапоел како домаќин ги игра натпреварите во Евролигата.
Натпреварот беше неизвесен до самиот крај, се играше во серии, а потоа Макаби успеа на „крилата“ на Џефф Даутин Џуниор да направи клучна предност и рутински го до заврши натпреварот.
Ова беше прва победа на Макаби во сезоната, како и прв пораз на Хапоел.
Во редовите на „Гордоста на Израел“, се истакна Лони Вокер со 20 поени, два скока и четири асистенции и потоа Ошај Брисет со 19 поени и четири скока.
Џеф Даутин Џуниор и Џален Хорд постигнаа двоцифрен број поени по 13 поени, додека Роман Сокрин постигна 12, а Тамир Блат 11 поени со четири скока и седум асистенции.
Кај Хапоел се истакна Елајџа Брајант со 18 поени, а потоа следуваа Антонио Блејкни со 16, Ден Отуру со 15 и Василије Мициќ со 14 поени и четири асистенции.
Спорт
Пелистер загуби со двоцифрена разлика од Висла

Еурофарм Пелистер, во четвртото коло го доживеа третиот пораз во групната фаза од Лигата на шампионите. Вечерва во Плоцк, македонскиот првак доживеа убедлив пораз од Висла 36:25.
Еурофарм Пелистер на Висла и се спротивстави само во првите 20 минути. Една третина од натпреварот избраниците на Рубен гарабаја делуваа добро на теренот. Битолчани имаа предност 8:9, кога започна серијата на Висла од 6:1.
Таа серија се покажа како клучна за преостанатиот тек на натпреварот. Висла на полувреме замина со предност 18:14.
Вториот дел Висла рутински го одработи, на десет минути до крајот домаќинот дојде и до двоцифрена предност (30:20), на крајот полскиот тим победи 36:25.
Пелистер го предводеше Дејан Манасков со седум гола, кај Всла најефикасен беше францускиот репрезентативец Мелвин Ричардсон со осум погодоци.
Foto/ EPA
Спорт
Салах го однесе Египет на Светското првенство

Фудбалската репрезентација на Египет обезбеди место на Светското првенство следната година откако го победи Џибути со 3:0 во африканските квалификации.
Во групата А, коло пред крајот, Египет на првото место има недостижни пет бода повеќе од Буркина Фасо, која е на второто место. Египет четврти пат во историјата избори место на Мундијалот, претходно „фараоните“ беа дел од најголемата фудбалска смотра во 1934, 1990 и 2018 година.
Од Африка, место на Мундијалот претходно изборија Мароко и Тунис.
Египет убедливо го победи Џибути со 3:0 на гостински терен со головите на Ибрахим Адел и Мохамед Салах (два).
Покрај трите селекции од Африка и домаќините Канада, Мексико и САД, пласман на Светското првенство досега изборија: Јапонија, Нов Зеланд, Иран, Узбекистан, Јужна Кореја, Јордан, Австралија, актуелниот светски шампион Аргентина, Еквадор, Бразил, Уругвај, Парагвај и Колумбија.