Црна хроника
Во скопски трговски центар со смртни закани се обиделе од маж да изнудат 10 илјади евра
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против две лица за сторено кривично дело изнуда поради тоа што во скопски трговски центар на 14 декември минатата година со умисла се обиделе да присилат оштетено лице да им даде 10.000 евра.
Двајцата обвинети, заедно со уште едно лице, кое е во бегство, дејствувале како група со намера да изнудат пари и употребиле сериозна закана за животот на оштетениот.
Како што информираат од Обвинителството, обвинетите неколку дена претходно телефонски му се јавиле на оштетениот и го принудиле на средба на која агресивно се однесувале и упатувале закани за неговиот и за животот на членовите на неговото семејство барајќи да им исплати 10.000 евра.
Оштетениот се согласил да се сретне со нив на 14 декември 2018 година во еден скопски трговски центар и да им ги даде парите, но намерата ја пријавил во полиција, од каде што му биле дадени обележани банкноти.
Групата се упатила на договорената средба и пред трговскиот центар се раздвоиле. На оштетениот му пристапил еден од обвинетите, а другите двајца го чекале во близина.
Но, разбојникот што разговарал со оштетениот ги забележал полициските службеници задолжени да го чуваат, па почнал да бега и заминал во непознат правец. Другите двајца обвинети биле затекнати во близина на местото на настанот и задржани од страна на полицајците поради што не успеале да го довршат делото.
Во текот на истражната постапка било утврдено дека една од обвинетите во периодот од 17 октомври 2016 година до 21 јули 2017 година со умисла во повеќе наврати зела парични средства од истото оштетено лице.
Таа му се заканувала на оштетениот дека за него ќе открие нешто што може да му наштети на неговата чест или неговиот углед и со тоа го присилила да ѝ даде 10.500 евра и уште 450.000 денари.
Така, обвинетата сторила продолжено кривично дело уцена, па обвинителниот акт за неа се однесува и на ова кривично дело.
За двајцата обвинети, надлежниот јавен обвинител до судот доставил и предлог за продолжување на мерката притвор ценејќи дека и натаму постојат сите околности поради кои и претходно им била изречена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со измами за лажни сообраќајки, охриѓанец „заработил“ 3,6 милиони денари, полицијата го уапси
Полицијата расчисти девет сторени кривични дела измама за лажни сообраќајни незгоди, охриѓанец заврши во притвор, жртвите ги оштетил за 3.600.000 денари.
Полицијата вчера го уапси П.С.(38) од Охрид. По извршен службен разговор П.С. појаснил за начинот, местото и времето на извршување на девет кривични дела од кои шест во Штип и три во Виница при што пријавителите се оштетени за околу 3.600.000 денари. Тој се јавувал на повозрасни лица и лажел дека нивни блиски направиле сообраќајки и им барал пари.
На измамникот му е одреден притвор.
Црна хроника
Бил агресивен и искршил куќна ограда: уапсен маж од Струшко
Синоќа во 21 часот, во струшкото село Радожда, лишен од слобода е К.С.(33) од истото село.
Тој бил пријавен дека го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон М.М. и неговото семејство и извршил оштетување на нивната куќна ограда.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Претрес во Кавадарци, пронајдено оружје и муниција, уапсено едно лице
Вчера вечер во 22:00 часот, во Кавадарци, полициски службеници го уапсија А.М.(38) од Кавадарци. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба од Основен суд Кавадарци, биле пронајдени и одземени гасен пиштол, рамка со куршум, воздушен пиштол, два револвери и 58 куршуми 9 мм, кои ги поседувал без соодветна документација.
Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

