Црна хроника
Две лице прободени со ножеви во одделни тепачки во Скопје

Три тепачки, во кои биле употребени ножеви, регситрирани се на територијата на Скопје во изминатото деноноќие, при што две лице се здобиле со убодни рани и се префрлени во болница.
Првиот инцидент е регистриран во неделата попладне улицата .„Гвадалахара, каде по претходна вербална расправија, Г.Ј.(1953) со нож му нанел убодни рани на неговиот сосед И.М.(1974) од Скопје.Откако настанала расправија, И.М. физички го нападнал Г.Ј. удирајќи го со тупаници во пределот на главата и телото, по што тој влегол во куќата, земал нож и му нанел убодни рани во пределот на левата бутина, левата страна на стомакот и ребрата. Веднаш потоа, Г.Ј. го фрлил ножот во дворот и заедно со соседот Б.В. го однеле И.М. во неговиот дом и повикале Брза помош. И.М. е пренесен во Клиника за хируршки болести „Св.Наум Охридски“, каде е констатирана тешка телесна повреда. Увид на лице место извршила увидна екипа од СВР-Скопје, при што се обезбедени два кујнски ножеви, траги слични на крв, како и делови од облека од двајцата инволвирани во инцидентот. Г.Ј. е приведен во ПС-Чаир.Втората тепачка е регистрирана на улицата.„Ѓеорги Капчев“ околу 21,30 часот во Скопје. Според билтенот на МВР, М.Б.(1984) и С.Б.(1988) физички го нападнале С.В., при што со нож му нанеле убодна рана во пределот на градите. На повредениот му е укажана лекарска помош во ГОБ „Наум Охридски“-Скопје, каде е констатирана телесна повреда. М.Б. и С.Б. се приведени во ПС-Аеродром. Третиот инцидент е забележан во понеделникот околу 01,30 часот во Скопје на ул.520“ во населба Керамидница, до Топлификација. Според полицијата на оваа локација со возило „Опел“ со скопски регистерски ознаки дошле неколку лица, кои се обиделе физички да се пресметаат со А.К., при што истите извадиле ножеви, а еден од нив бил вооружен и со пиштол. Во врска со настанот, во ПС-Гази Баба е приведен И.И.(1978) од Скопје, кај кого е пронајден нож. Се превземаат мерки за расчистување на случајот. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсен 18-годишен скопјанец, при претрес во домот пронајдена дрога

Полицијата вчера вечер, на подрачјето на општина Аеродром, го уапси Х.В.(18) од Скопје.
Според информациите на МВР, при претрес во неговиот дом и други простории, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се марихуана и шприц исполнет со течност.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Уапсен 30-годишник од Скопско поради тешка кражба, одреден му е притвор

На 14.10.2025 часот во 17:30 часот во трговски центар на подрачје на Карпош во Скопје полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 30-годишниот М.А. од село Глумово, скопско поради извршено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик на Р.С.Македонија.
Лицето по насока на Јавен обвинител беше задржано во Полициска станица и по комплетирање на доказниот материјал во координација со ОЈО Скопје истиот на 15.10.2025 година е изнесен пред судија на претходна постапка, при што му е одредена мерка притвор.
Црна хроника
Жена од Илинден пријавила дека такси возач ја вознемирувал и ја допирал по телото

Вчера во Полициското одделение Петровец, 37-годишна жена од населено место во општина Илинден пријавила дека на 15 септември, 30 минути по полноќ, такси возач наместо да ја однесе до нејзиниот дом, почнал да ја допира по телото.
Откако му се спротивставила, возачот престанал и ја однел до нејзиниот дом.
Жената го пријавила инцидентот и во такси-компанијата каде што возачот бил вработен, по што тој бил отпуштен од работа.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.