Македонија
Oбвинителството дополнително ќе одлучува дали ќе истражува говор на омраза во објавата на Ванковска

Скопското Обвинителство дополнително ќе одлучува дали ќе истражува говор на омраза во објавата на „Фејсбук“ на универзитетската професорка Билјана Ванковска, потврдија оттаму за „Макфакс“. Спорната објава на професорката Ванковска наиде на осуда во коментарите на социјалните мрежи. Таа, пак, се пожали дека добила заканувачки пораки.
Додека синоќа повредените и жртвите од трагичната несреќа се пренесуваа во болницата, Ванковска на својот профил напиша: „Каква трагедија и иронија: Карпалак“. Дел од јавноста изјавата ја протолкува дека Ванковска сакала да каже дека несреќата е историска иронија за трагичниот настан во близина на истото место Карпалак од конфликтот во 2001 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Лабудовиќ: Центар добива нов лик, вистински почеток на ред, безбедност и паметна мобилност

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Мирослав Лабудовиќ, најави серија конкретни проекти со кои ќе се стави крај на долгогодишниот сообраќаен хаос и ќе започне ново поглавје во урбаното уредување на општината.
„Секојдневниот метеж, хаосот на улиците и борбата за паркинг станаа симбол на Центар. Пешаците немаат каде да поминат, велосипедистите се борат за простор, а возачите се движат низ преполни улици без ред. Време е да се стави крај на тоа. Време е Центар повторно да дише,“ изјави Лабудовиќ.
Во фокусот на проектите се реконструкцијата и целосното преуредување на клучните улици во населбата Буњаковец – Христо Смирненски, 9 Мај и 20 Октомври. Со нов асфалт, модерни тротоари, повеќе зеленило и урбана опрема, овие улици, според најавеното, ќе го добијат изгледот што го заслужуваат, а граѓаните – безбедно и удобно место за живеење.
Паралелно, се воведува резидентен и комерцијален паркинг систем што ќе им даде приоритет на жителите, но и ќе донесе ред во паркирањето на центарските улици. Преку нови правила, ред и дигитални решенија, ќе се елиминираат хаотичните сцени со возила на тротоари, тревници и премини.
Како дел од концептот за паметна мобилност, ќе биде воведен смарт-паркинг систем со дигитална контрола, апликација и фер наплата, што ќе им овозможи на граѓаните во секој момент да видат каде има слободни паркинг-места и да го планираат движењето без непотребно губење време и нерви.
Посебен акцент е ставен на изградбата на катна гаража во Буњаковец, како и на други локации во Центар, што ќе овозможи растоварување на улиците и конечно ќе се воспостави ред во паркирањето.
„Ова не се празни ветувања, туку реален и издржан план што ќе го промени секојдневието на граѓаните. Центар мора да стане општина на функционални улици, безбедни пешаци и достапен јавен простор. Време е да ја вратиме современата слика на Центар – општина што дише, се движи и живее по нови правила,“ порача Лабудовиќ.
Со овие проекти, Центар конечно се движи кон модел на европска општина – уредена, безбедна и хумана, во која граѓаните се во центарот на вниманието, а секој чекор, секој метар улица и секое паркинг-место ќе значи повеќе ред, мир и квалитетен живот, додава тој,
Македонија
Tigo.mk ја започна својата најголема наградна игра досега: Нов Chery TIGGO 4 PRO, патување од соништата и парични награди

Со кампањата „За сè што е важно“, Тиго повторно покажува дека е лидер во доверба, иновација и грижа за клиентите, потврдувајќи дека клиентите не се само бројки, туку инспирација. Со оваа наградна игра, компанијата покажува дека секој избор е важен, и дека Tigo.mk секогаш е тука за да го поддржи секој следен чекор на своите клиенти.
Tigo.mk ја започна својата најголема наградна игра досега – проект што ја спојува маркетинг кампањата „За сè што е важно“ со можноста клиентите да освојат навистина вредни награди. Наградната игра е замислена како благодарност за довербата што илјадници клиенти ја укажуваат на Tigo.mk, но и како поттик да се направи следниот чекор – со сигурност и вистинска поддршка. Иако на самите почетоци, наградната игра веќе предизвикува одличен интерес кај граѓаните, за што сведочат и бројните посети во Tigo.mk филијалите и повиците во контакт центарот 13 700.
Имено, секој нов или повторен клиент кој ќе аплицира за кредит во износ над 10.000 ден. во периодот од 1 октомври 2025г. до 29 јануари 2026 г. автоматски учествува во извлекувањето и станува потенцијален добитник на некоја од вредните награди:
· 8 парични награди, во поединечна вредност од 10.000 денари,
· 1 ваучер за патување во вредност од 2.000 евра
· и главната награда – нов автомобил Chery TIGGO 4 PRO Comfort.
Шансите за добивка се зголемуваат со зголемувањето на износот на кредитот, односно, секој нареден износ од 10.000 ден. над првите 10.000 ден. од кредитот претставуваат дополнителна шанса за добивка. На пример, за кредит од 200.000 денари, клиентот учествува 20 пати во извлекувањето на награда.
Извлекувањето на наградите ќе се одвива со следната динамика
· 15 ноември 2025 г. – кога ќе бидат извлечени 8-те добитници на парични награди
· 15 декември 2025 г. – кога ќе биде извлечен добитникот на ваучер за патување по избор на клиентот, во износ од 2.000 евра
· 30 јануари 2026 г. – големото финале и извлекување на автомобилот Chery TIGGO 4 PRO Comfort
Кампањата „За сè што е важно“ ја зајакнува блискоста со клиентите и носи конзистентен визуелен идентитет и препознатлива порака. Реакциите на клиентите покажуваат дека Tigo.mk останува бренд што го гради својот успех на доверба, транспарентност и вистинска грижа за секој клиент.
За сè што е важно. Tigo.mk – секогаш со тебе. Повеќе информации за наградната игра и правилата се достапни на следниот линк>>>. Повеќе информации за Tigo.mk се достапни на веб страницата www.tigo.mk, во било која Tigo.mk филијала или на телефонскиот број 13 700.
ПР
Македонија
Ви-фи зони во Чаршијата, обнова на дуќаните со буџетски средства и школи за занаети, вети Шукова

Кандидатката за градоначалничка на Скопје од СДСМ, Каја Шукова на Скопје ќе му ја враќа Чаршија со низа проекти. Ви – фи зони, обнова на дуќаните и отворање школи за занаети и мајсторски работилници се дел од ветувањата.
„Старата скопска чаршија е душата на Скопје. Денес Чаршијата е задушена од нечистотија, административен хаос и институционална негрижа, но таму каде што другите гледаат проблем, јас гледам можност. Нашиот план е јасен, визијата е конкретна – да ја вратиме Чарпијата на скопјани. Имаме решение за Чаршијата – секојдневно чистење, нова урбана опрема, јавно осветлување и ви-фи зони со почит кон автентичниот изглед. Имаме во план поддршка за дуќанџиите и занаетчиите со буџетски средства за реконструкција на дуќани со правна и финансиска помош, со отворени школи за занаетчии и мајсторски работилници. Нашата цел е Чаршијата конечно да добие еден центар за управување под целосна надлежност на Град Скопје без лавиринти меѓу институции туку ефикасна, брз и транспарентна администрација за сите што живеат и работат таму“, рече Шукова.
За културата и уметноста таа најави посебни проекти.
„Културата ќе добие вистински дом. Реновирање на Сули Ан, поддршка за студентите по ликовна уметност, отворање на арт – атељеа и културни програми. Уметноста не смее да живее во распаднати ѕидови. Исто така имаме план за развивање дигитална платформа за туристи и јазични обележја, подобрена пешачка структура и европски културни рути затоа што Чаршијата мора да привлекува туристи, да живее и да расте“, вели Шукова.
Сите проекти што ги наброја кандидатката за градоначалничка на Скопје вели дека не се само уште едно ветување туку визија што ја враќа Чаршијата како живо срце на Скопје.