Македонија
Адвокатката на Трајковски: Влатко во Собранието влегол од љубопитност

Адвокатката Билјана Стојановиќ на денешното рочиште за крвавиот четврток ги даде завршните зборови за обвинетиот Влатко Трајковски. Бранителката истакна дека Трајковски не презел никакви дејства на извршување ниту, пак, постоела намера да го изврши кривичното дело терористичко загрозување на уставниот поредок за што е обвинет, а и дека нема никаква поврзаност со другите обвинети во случајот.
„Влатко Трајковски пред и за време на случувањата од 27 април бил член на ВМРО-ДПМНЕ, но во ниту еден случај не бил член на патриотско здружение. Не ги познавал членовите на здруженијата, а не ги познавал ниту другите обвинети во случајот. Трајковски ништо не го поврзува со другите обвинети, организираност или усогласено дејствување“, рече Стојановиќ.
Адвокатката нагласи дека Трајковски во Собранието влегол од љубопитност бидејќи забележал дека е отворена вратата, што го натерало да види што се случува внатре.
Во завршните зборови бранителката на Трајковски исто така истакна и дека нејзиниот клиент не само што не извршил кривично дело во Собранието туку и помогнал да се извлече пратеничката Милева Ѓеоргиева од толпата.
Трајковски е обвинет за физички напад врз тогашните пратеници Сашко Коцев и Радмила Шекеринска. Еден од сведоците што даваа исказ пред судот истакнаа дека Трајковски со противпожарен апарат го бркал пратеникот Костов низ ходниците на Собранието, а кога го стигнал, почнал да го удира. Како што наведе сведокот, Трајковски мавал и прскал со апаратот и по другите пратеници и новинари.
Адвокатката додаде дека на ниту една од снимките од безбеднонсите камери што беа презентирани во судницата не се гледа како Трајковски го удира пратеникот со ПП-апаратот. Таа побара ослободителна пресуда за Влатко Трајковски.
Завршни зборови денеска треба да дадат и адвокатите на обвинетите Никола Митревски – Кољо и Александар Василевски – Нинџа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Заробени во минатото, политичките противници мислат дека со црна кампања ќе не оттгрнат од планот и амбицијата, порача Мицкоски

На денешниот народен митинг во Зелениково во рамките на изборната кампања за локалните избори 2025 година со слоган „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, обраќање имаше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при што кажа дека политичките противници СДС ДУИ и Левица не извлекоа поука од поразот на минатите избори, се нереформирани и заробени во минатото и ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата којашто е за развој и напредок на државата.
„Политичките противници не извлекоа резултати од претходните избори и продолжија по она старото како до сега. Така и се однесуваат во оваа кампања за мене можеби малку чудно, несвојствено од првиот ден на почетокот на оваа кампања почнаа со црна кампања со напади врз мене, врз луѓето кои се дел од раководството на партијата врз кандидатите и идни градоначалници со ниски страсти еден од перјаниците на таа кампања на СДС денеска ќе напише дека голем штос во оваа кампања би било да го најдат исецкано моето тело во оние куфери кои што се обидоа неколкумина да ги постават во близина на штабот на ВМРО-ДПМНЕ а потоа да пријават дека има подметнато бомба во текот на вчерашниот ден и на тој начин тие мислат дека ќе не оттргнат од реалните проблеми дека ќе не оттргнат од планот и амбицијата кој што ја имаме да испорачаме за граѓаните бидејќи нашето место е овде пред граѓаните и за граѓаните. Има политичари кои живеат од Македонија и од граѓаните и има политичари коишто живеат за Македонија и граѓаните“ нагласи Мицкоски.
Мицкоски посочи дека на овие локални избори има две понуди едната опција СДС-ДУИ и Левица а другата опција е ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, трета опција нема.
„На овие избори имаме такви две понуди секој кој мисли дека има трета опција се лаже. Од една страна имаме полуформална коалиција СДС-ДУИ и Левица а од друга страна е коалицијата којашто ја предводи ВМРО-ДПМНЕ односно коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со народот. Првата опција на СДС ДУИ и Левица е понуда која што се обединила исклучиво поради еден интерес а тоа е повторно со трик, лага конструкција да се обидат да дојдат на власт и потоа да уживаат од она коешто граѓаните го создаваат во државата. На грбот на граѓаните и Македонија. Втората причина е патолошкиот гнев кој го имаат кон ВМРО-ДПМНЕ. Првата опција е нереформирана, втората опција е ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која изминатите 15 месеци покажа и докажа дека со напорна работа и чесна работа дека голем дел од децениските проблеми успева да ги реши“ кажа Мицкоски.
Мицкоски ги повика граѓаните на 19 октомври да гласаат за број 9 за јасен план и јасна визија за напредок на Македонија.
„Изминатите 15 месеци понудивме план и визија како да ја развиваме Македонија. Или ќе избереме опција во која што се враќаме назад опција која Венко Димче и Ахмети ќе не врати назад во минатото или ВМРО-ДПМНЕ која има јасна визија план како да се бори за секое едно семејство, за секој млад човек. На 19 октомври да гласаме за бројот 9“ заклучи Мицкоски.
Македонија
(Видео) Јакимовски: Мицкоски сака да им продаде мачка во вреќа на карпошани

Во последните денови сме сведоци на уште еден обид на ВМРО-ДПМНЕ, да им продаде на граѓаните на Карпош, мачка во вреќа, вели актуелниот градоначалник и кандидат за претстојните локални избори Стевчо Јакимовски.
„Наместо вистински соочувања и дебати со граѓаните, нивниот кандидат добил строга забрана да зборува. Не смее да се појави на трибини, не смее да одговара на прашања, не смее да зборува без дозвола.
Наместо идеи – снима клипчиња со проекти кои јас одамна ги имам реализирано. Наместо визија – повторување на туѓи ветувања.
Ова не е фер кон граѓаните на Карпош, кои заслужуваат чесна, отворена и аргументирана кампања.
Карпош не е публика за туѓи сценарија и празни ветувања. Граѓаните сакаат луѓе што знаат што направиле, кога направиле и за кого работат. Јас не ветувам, јас покажувам. Сè што сум кажал – сум реализирал“, вели Јакимовски.
Според него, другите треба да објаснат зошто кријат, кого претставуваат, и зошто се плашат од граѓаните.
Како што истакнува, Карпош не заслужува експерименти и неуспешни приправници во политика.
„Карпош заслужува луѓе со резултати, искуство и почит кон граѓаните.
Македонија
„Криминалот на СДС со нивната омилена компанија Марковски излезе на површина“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Она што како партија изминативе години говоревме дека СДС местеше тендери со нивната омилена компанија Марковски, излезе на површина. Финансиската полиција по сомнение за местење на тендер, соодветно постапила и уапсен е Борче Марковски, човекот што ја води компанијата Марковски, кој е осомничен за испумпување на околу 100 милиони денари од Буџетот на државата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Инаку, за тоа колку била омилена компанијата Марковски, на СДС и ДУИ, говори фактот што за 2 години, добиле 200 милиони евра од државата.
ВМРО-ДПМНЕ многу пати говореше за сомнежи во работата на Владата на СДС и ДУИ, во однос на компанијата Марковски, но надлежните институции, спиеја на тоа уво.
Полека но сигурно, правдата и одговорноста доаѓа. Никој нема да биде заштитен, без разлика на неговата партиска, политичка, верска или етничка припадност“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.