Црна хроника
Раководител во Сектор за урбанизам издавал незаконски решенија за градба
Раководител, советник и виш соработник во Секторот за урбанизам издавале незаконски решенија за грабда, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Секторот за внатрешни работи Битола поднесе кривична пријава против А.А. (49), раководител, С.Н.Б. (58), советник и Г.К. (59), виш соработник во Сектор за урбанизам, за сторени две кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување”, а А.А. и С.Н.Б. се пријавени и за „фалсификување службена исправа”.
Исто така, кривично е пријавен и С.И. (29) од Ресен, управител на ДООЕЛ „Палмира Инжинеринг” за „бесправно градење” и „измама.
На 23.02.2012 година, откако С.Н.Б. и Г.К. незаконски изготвиле пресметка на трошоци за уредување градежно земјиште во износ од 444.428 денари иако пресметката изнесувала 3.930.438 денари и решение за изведување градежни работи, А.А. ги потпишал.
Исто така, во период од јули до декември 2012 година незаконски издале уште две решенија за изведување градежни работи, а А.А. и С.Н.Б. изготвиле службен документ во која навеле дека катастарска парцела-зона е наменета за јавни објекти иако била наменета како зона за домување, овозможувајќи им на подносителите на барањата да добијат решенија за приватизација.
Инаку, С.И. изведувајќи градба на станбена куќа довел во заблуда лице од Ресен дека ќе му отпочне постапка за добивање решение за градба по што му зел 500 евра, но истото не го направил.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Излизган камион го прекина сообраќајот на патот Струмица-Ново Село
Излизган камион на магистралниот пат Струмица-Ново Село-граничен премин со Бугарија, пред влезот во селото, предизвика прекин на сообраќајот од скоро еден час, од 14:10 до 15:00 часот.
Според информации од СВР Струмица, во сообраќајката нема повредени и загинати, а причинета е само материјална штета.
И од АМСМ информираа дека сообраќајот на магистралниот пат А4 Струмица – Ново Село кој беше во прекин поради случена сообраќајна незгода е нормализиран.
– Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ.
Црна хроника
Со БМВ удрил во контејнери и автомобил, па побегнал
Вчера во 22:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на сервисна улица од ул.„Матеја Матевски“ во Скопје патничко возило БМВ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.А.А.(22) од Р.Турција, а со привремен престој во Скопје, удрило во контејнери и патничко возило алфа ромео со демиркаписки регистарски ознаки. М.А.А. го напуштил местото на настанот, но по преземени мерки од полициски службеници, тој набрзо бил фатен.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Жител на дебарското село Горенци вршел превоз без лиценца
Дебарското Одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против жител на село Горенци, кој вршел превоз без соодветна лиценца.
-Кривична пријава е поднесена против А.А.(48) од селото Горенци, општина Центар Жупа, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без да поседува соодветна лиценца“ по член 284 од Кривичниот законик, информираше Стефан Димоски портпарол на СВР-Охрид.
Според него, на 9 октомври при контрола во патниот сообраќај извршена на улицата „Елена Ѓика“ во Дебар, полициските службеници сопреле патнички автомобил „фолксваген голф“, управуван од пријавениот.
При тоа, констатирале дека тој врши такси превоз на патници без соодветна лиценца издадена од надлежен државен орган.

