Црна хроника
Уапсените во акцијата „Шпион“ оддавале државни тајни

Лицата кои беа уапсени синоќа и утрово во големата полициска акција „Шпион“ оддавале класифицирани информации и државни тајни на странски разузнавачки служби и уценувале лица од јавниот живот и бизнис заедницата, соопшти МВР.
Уапсени се вкупно 17 лица, по три лица сé уште се трага, а две лица кои се осомничени за овие дела, веќе издржуваат казна затвор за други кривични дела.
Меѓу уапсените има актуелни и поранешни вработени во Управата за безбедност и контраразузнавање, во МВР, во Министерството за одбрана и во Агенцијата за разузнавање.
Сите уапсени се на распит во полициска станица и против нив сé уште не е поднесена кривична пријава.
Неофицијално се потврдуваат имињата објавени на интернет порталите меѓу кои се и шефот на кабинетот на собранискиот спикер, Маријан Маџовски, поранешниот директор на Агенцијата против перење пари, Ване Цветанов, поранешниот полициски генерал Горан Стојков, Александар Динески од УБК, режисерот и продуцент на „Контрабанда“ што ја подготвува емисијата „Еднооки“ Борис Дамовски.
Неофицијално се трага и по новинарот Зоран Божиновски, кој го поседува интернет весникот „Буревесник“./крај/мф/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Возило на 26-годишник оштетено од неколку проектили од огнено оружје: полицијата го расчистува случајот

Вчера околу 21:20 часот во СВР Скопје, 26-годишниот Ш.Ј. од село Крушопек, општина Сарај, пријави дека на паркинг простор пред угостителски објект во село Лака, скопско, неговото паркирано патничко возило „сеат алтеа“ со скопски регистарски ознаки било оштетено од неколку проектили од огнено оружје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредена 29-годишна жена од Битолско по пад од трактор

Вчера во 19:20 часот во СВР Битола е пријавено дека на регионалниот пат Р-2333 Битола-Драгош, на крстосница за село Барешани, додека 30-годишниот Р.М. од село Острец, битолско, управувал трактор „тафе“ со приколка, неговата сопатничка У.М.(29) од истото село, паднала од тракторот, при што се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола.
Црна хроника
14-годишник нападнат на трим-патека во Кисела Вода од повеќе малолетници

Вчера во 14:30 часот во СВР Скопје, 54-годишниот Д.Х. од Скопје пријави дека на 09.08.2025 околу 22:30 часот на трим патека на подрачје на Кисела Вода во Скопје, неговиот 14-годишен син, додека бил со неговиот брат и другарка, по претходна расправија, бил физички нападнат од повеќе малолетници, кои ги познава и кои носеле и метални предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот