Европа
Тела на пет бебиња пронајдени во ладилник

Тела на пет мртви бебиња се пронајдени во четвртокот во куќа во југозападна Франција, во еден од најтешките случаи на чедоморство во оваа земја потресувана од слични случаи последните неколку години.
Петте тела се најдени во куќа Лошатс, мирно местенце со околу 700 жители педесетина километри јужно од Бордо, во шумата Ландс, изјавил за AFP извор близок на истрагата.
Првото тело на новороденче го пронашол во четвртокот партнерот на мајката во преносен ладилник во семејната куќа. Полицијата „во текот на пребарувањето открила уште четири тела“, рекол соговорникот на агенцијата.
Мајката на возраст од 35 години, којашто како што изгледа раѓала сама во својот дом, е хоспитализирана во Бордо за да се направат гинеколошки и психијатриски прегледи.
Нејзиниот 40-годишен партнер е сместен во притвор. „Целосно е скршен, тврди дека ништо не му е јасно, а уште не е известен за откривањето на другите четири тела“, додал истиот извор.
Двојката има две ќерки, на 13 и 15-годишна возраст, а работа во земјоделието, водејќи, како што изгледало однадвор, нормален секојдневен живот.
Најлошиот случај на чедоморство ја потресе Франција во летото 2010 година, кога брачна двојка беше приведена во откако полицајци нашле тела на осум новороденчиња на нивниот имот во северниот дел од државата, во селото Вије-о-Тертр, во близина на Лил. Последниве години во француската јавност беше неколкупати вознемирена со случаи на чедоморство, кога полицијата откриваше остатоци од бебиња.
Еден од најпознатите беше случајот на Селин Лесаж која во март 2010 година призна пред судот дека ги убила своите шест новороденчиња чии тела беа најдени во пластични кеси во нејзиниот подрум во северозападна Франција.
Друга Французинка, Вероник Куржол, во 2009 година беше осудена за убиство на трите нејзини новородени деца, нејзиниот сопруг открил две тела во ладилник додека живееле во Јужна Кореја. Во текот на процесот, стручњаците вештачеа дека таа боледувала од синдромот на ткн. „негирање на бременоста“./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин