Hitech
NSA и GCHQ ги украле клучевите за дешифрирање на СИМ картичките

Американската разузнавачка Агенција за национална безбедност (NSA) и сродната британска агенција GCHQ украле застрашувачки количества клучеви за разбивање на кодот на СИМ картичките, што им овозможило дискретно да ја пресретнуваат комуникацијата на корисниците на тие картички, пишува The Intercept, американски интернет ресурс за истражувачко новинарство, кој се повикува на таен документ од британското разузнавање предаден од поранешниот соработник на американските шпионски агенции CIA и NSA, Едвард Сноуден.
Секоја СИМ картичка има клучеви за кодирање на комуникацијата со операторот на телекомуникациите. Поседувањето на клучот за некоја картичка, овозможува пребарување на сите извршени разговори.
Според The Intercept, NSA и GCHQ (Government communications headquarters) се инфилтрирале во информатичките мрежи на производителите на СИМ картичките за да ги украдат клучевите, особено на светскиот гигант во оваа област – „Gemalto“. Но цели на американското и британското разузнавање биле и други производители на СИМ картички. Холандската компанија „Gemalto“, која покрај чипови на мобилните телефони произведува и чипови за банкарски картички, за клиенти има околу 450 мобилни оператори во светот, вклучувајќи ги и најголемите американски AT&T, T-Mobile, Verizon и Sprint.
„GCHQ со поддршка на NSA ги слушал приватните разговори на инженерите и другите вработени во компаниите во многу земји, за да успее да ги украде клучевите. Невозможно е да се знае колку клучеви украле NSA и GCHQ, но доколку се приклониме и на најконзервативните хипотези, бројката се чини застрашувачка“, се наведува во текстот објавен на The Intercept од тимот новинари што го предводел Глен Гринвалд, кој во британскиот весник The Guardian ги објавуваше документите доставени од Едвард Сноуден.
„Хакирањето на компјутерските мрежи ги спроведувале заедничките оддели составени од припадници на американското и британското разузнавање. Како резултат на нападот, за што информација е дадена во документот на GCHQ датиран од 2010 година, разузнавачките агенции можеле тајно да следат значителен обем од мобилната комуникација во целиот свет, вклучително и разговорите и мета податоците за повиците“, пишува Тhe Intercep.
Според ресурсот, благодарејќи на украдените клучеви, разузнавачките служби можеле да ги следат разговорите преку мобилните телефони без да побараат дозвола за тоа од телекомуникациските компании, локалните судови или националните влади.
Во соопштението на компанијата „Gemalto се истакнува дека „многу сериозно ги сфаќа“ тврдењата на Тhe Intercept, како и дека воопшто не биле свесни за тоа сé до појавувањето на написот. „Многу сум загрижен. Во моментов за нас приоритетно е да се процени степенот на она што се случило и да проучиме на каков начин тоа се случило, за да не дозволиме тоа да се повтори во иднина“, изјавил извршниот потпретседател на „Gemalto“, Пол Беверли./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Hitech
Прекин на WhatsApp: корисниците ширум светот пријавуваат проблеми

Популарната апликација за пораки WhatsApp денеска се соочи со сериозен прекин, оставајќи илјадници корисници оневозможени да се поврзат, да испраќаат пораки или да остваруваат повици, и преку мобилната апликација и преку веб-верзијата.
Социјалните мрежи се преплавени со извештаи за корисници кои пријавиле тешкотии со WhatsApp. Најчесто се пријавуваат проблеми со испраќање пораки, неуспешно воспоставување врска, како и нефункционални повици.
Според веб-страницата Downdetector, која го следи статусот на дигиталните услуги, забележано е нагло зголемување на поплаките од корисниците.
На глобално ниво, околу 1.000 корисници пријавиле проблеми – 91% од нив навеле тешкотии со испраќање пораки, 6% со функционирањето на самата апликација, додека 3% од корисниците изјавиле дека не можат да примаат пораки.
Компанијата Мета, која е сопственик на WhatsApp, се уште нема објавено официјално соопштение во врска со суспензијата на услугата.
Hitech
(Видео) Илон Маск: За пет години ќе можете да купите 18+ роботи

Илон Маск се појави на поткастот на Џо Роган и се претстави како десна рака на Доналд Трамп и шеф на иницијативата DOGE (Одделот за владина ефикасност).
Една од темите беше вештачката интелигенција, а фокусот беше на неговата програма за вештачка интелигенција позната како „Грок“, до која луѓето може да пристапат преку „Икс“.
Роган се пошегува дека „Грок“ има валкан режим на разговор од 18+ и непресметлив режим нарекувајќи го многу чуден. Маск зборуваше и за можностите за развој на секс-роботи предвидувајќи го нивното доаѓање на пазарот за помалку од пет години. „Тоа е валкана вештачка интелигенција и тоа е вистински проблем“, се пошегува Роган додавајќи: „Тоа е чудно време и со вашата луда вештачка интелигенција нè туркате во сè почудни ситуации“.
„Набргу вакви роботи ќе се најдат на отворен пазар, во продавници“, повтори Маск. „Дали ќе бидат топли?“, го прашал Роган, на што Маск одговорил: „Веројатно ќе имаш што сакаш“.
Hitech
Шефот на „Епл“ најави нов производ: „Запознајте го новиот член на семејството“

Извршниот директор на „Епл“ откри дека технолошкиот гигант набргу ќе претстави нов уред. Обично треба да почекаме до пролет за да ги слушнеме големите најави на „Епл“, но изгледа дека тие доаѓаат порано овој пат.
Исто така, се чини дека нешто сосема ново се појавува на хоризонтот.
Според Тим Кук, шефот на „Епл“, најновиот член на семејството на „Епл“ пристигнува в среда, 19 февруари. Тој објави видео на „Икс“ со холографско лого на „Епл“ со натпис: „Подгответе се да го запознаете најновиот член на семејството. Среда, 19 февруари. #AppleLaunch“.
Get ready to meet the newest member of the family.
Wednesday, February 19. #AppleLaunch pic.twitter.com/0ML0NfMedu
— Tim Cook (@tim_cook) February 13, 2025
Иако не откри за каков уред станува збор, се појавија шпекулации дека тоа би можело да биде ажурирана верзија на серијата iPhone SE. Иако тоа е само шпекулација, сѐ почна со изјавата на Марк Гурман, кој сугерира дека може да се појави iPhone SE 4 – и има добар аргумент за тоа.
Пишувајќи за „Блумберг“, Гурман рече: „iPhone SE 4 ќе го модернизира моделот со пониска цена за да поттикне раст и да ги привлече корисниците да се префрлат од други брендови на ‘Епл’“.
Тој тврди дека информацијата му била пренесена од луѓе што побарале да останат анонимни бидејќи објавувањето на „Епл“ е приватно.
Но, тоа не е сѐ бидејќи тој исто така верува дека во 2025 година ќе бидат претставени и други производи, вклучувајќи MacBook со чип M4 и надградби на моделите iPad Air, како и уредите на Apple Watch и новите модели на iPhone.
Луѓето на „Икс“ ја коментираат објавата на Тим Кук очајно барајќи трага.
Некој праша: „Можете ли да ни дадете поконкретни информации?“, „Едвај чекам да видам што е тоа!“, напишал друг корисник, а трет коментирал: „Возбудливо! Можеби е Apple Vision? Изгледа ќе треба да почекаме до 19 февруари за да дознаеме“.