Спорт
Столе Димитриевски ќе заврши во Валенсија
Валенсија покажува интерес за голманот на македонската репрезентација и Рајо Валјекано Столе Димитриевски, пишуваат шпанските медиуми.
Димитриевски е стандарден на голот на Рајо од декември минатата година, со него тимот има четири победи, едно реми и пет порази. Рајо до крајот на сезоната ќе води голема борба за опстанок во лигата.
Скаути на Валенсија го следеле Димитриевски на натпреварот против Леганес на 4 февруари. Во Валенсија биле задоволни од она што го виделе иако Рајо го загуби тој меч (1:2).
Според шпанските медиуми, Димитривски, кој има договор со Рајо уште три и пол години, би можел да замине за сума од пет милиони евра.
Димитриевски е поранешен голман на Работнички, Удинезе, Гранада и Настик Тарагона, откаде за сума од еден милион евра пристигна на „Валјехас“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Синер го декласира Де Монор, во полуфиналето го чека Шелтон
Јаник Синер експресно се пласираше во полуфиналето на Австралија опен. Најдобриот светски тенисер го совлада Австралиецот Алекс Де Минор со 6:3, 6:2, 6:1 за помалку од два часа игра.
Синер против Де Минор одигра речиси перфектен меч во кој на својот ривал му дозволи само една брејк топка. Од друга страна, Де Минор немаше решение за агресивната игра на Синер.
Првиот сет беше решен во петтиот гем, кога Јаник ја реализираше втората брејк топка и потоа без многу мака дојде до водство од 1:0.
Ништо не се смени и во вториот сет. Брејк во првиот гем, уште еден во петтиот и по час и 20 минути на Род Лејвер арената, Синер имаше два сета предност.
Третиот сет беше само формалност. Забележлово беше дека Де Минор полека се откажува. Синер набрзина стигна до 4:0 и лесно го заврши сетот.
Синер во петок ќе игра за место во финалето против Бен Шелтон. Американецот претходно го победи сонародникот на СИнер, Лоренцо Сонего, по речиси четири часа игра со 6:4, 7:5, 4:6, 7:6.
Синер и Шелтон досега одиграа пет натпревари и резултатот е 4:1 за Италијанецот. Американецот го доби само првиот меч во Шангајво 2023 година, а во следните четири не освои ниту еден сет против Синер.
Спорт
Гринвуд ја одјави Англија, ќе игра за Јамајка
Фудбалерот на Олимпик Марсеј, Мејсон Гринвуд во иднина ќе игра за репрезентацијата на Јамајка.
Според англиските медиуми, поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед има право на јамајканско државјанство бидејќи неговиот татко е роден во таа земја.
Ова ќе биде големо засилување за тимот на Стив Мекларен, кој ја презеде репрезентацијата на Јамајка.
Гринвуд оваа сезона одигра 20 натпревари за Марсеј, постигна 13 гола и запиша четири асистенции.
Фудбалерот со англиско потекло ќе има право да и се приклучи на националниот тим на Јамајка, иако во кариерата ги минал сите младински селекции на Англија.
Спорт
Рафиња нападнат во тунелот на „Ла Луж“, интервенирала полицијата
Спектакуларнит натпревар на „Ла Луж“ во Лисабон, меѓу Бенфика и Барселона (4:5) има и трето полувреме. Во тунелот, играчот на Барселона имал блиска средба со неколку фудбалери на Бенфика. Според извештаите, на шпанските медиуми, интервенирала и полицијата.
Бенфика испушти предност од два гола 3:1 и 4:2, загубија од Барселона и веднаш по последниот судиски свиреж го оплојија судијата Дани Макели. Домашните смеаат дека судијата жестоко ги оштетил во 94.минута кога не досудил чист пенал за нив по стартот на Касадо врз Бареиро. Макели дозволи играта да продолжи, а во контранападот Рафиња го постигна голот за победа на Барселона.
Фудбалерите на Барселона бучно го прославија неочекуваниот триумф, а тоа не им се допадна на домаќините. Неколку играчи на Бенфика го нападнале Рафиња во тунелот. Шпанските медиуми јавуваат дека полицијата морала да интервенира. Рафиња го потврди судирот.
„Ме навредуваа, а јас возвратив. Да ме почитуваа, ќе ги почитував. Наместо тоа, ме навредуваа, но јас не им останав должев. Херојот на Барселона додаде: Ова е мојот најдобар натпревар. Горд сум што сум во Барса и овој тим. Би убил и би умрел за овој клуб“.
Тренерот на Бенвика, Бруно Лаж, на прес конференцијата посочи дека судијата немал ист критериум.
„Мислам дека тоа судијата направи голема грешка. Во ситуации како оваа, судиите мора да имаат слични критериуми во однос на казните. Погледнете го ова. Ако го досуди оној пенал за Барселона, мораше и за нас“.