Македонија
Општина Гостивар: Таравари не направил пропусти, одлуката на Адеми е политичка
Во врска со одземањето на надлежностите во областа на образованието на гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари, прес-конференција денеска одржа раководителката на Секторот за јавни дејности при Општина Гостивар, Аслиан Снопче.
Пред медиумите, користејќи документација, таа рече дека при последното разрешување и именување директори од страна на градоначалникот Таравари, немало повреда на процедурите, и одлуката на министерот за образование ја квалификува како политичка одлука.
„Одлуката за oдземање на надлежностите по вторпат не се базира врз законот, туку е само политичка одлука. Државниот инспекторат за образование, по увидот во основните училишта, утврди дека конкурсите за избор на директори во времето на добивање на надлежностите од општина Гостивар не се објавени врз основа на законот, значи на три дневни весници, туку само на два весника“, истакна на почетокот од прес-конферемнцијата, Снопче.
Таа извести дека поради таа причина градоначалникот Арбен Таравари донел решение со кое се прогласуваат за ништовни решенијата за избор на директори, на ист начин како што постапил и министерот, кој, како што рече, сега донесува одлука за одземање на ингеренциите.
„Исто така, и од страна на Државниот управен инспекторат беше констатирано дека при поништувањето на решенијата, градоначалникот на Гостивар секогаш постапил според законот и не констатирале прекршок“, рече во продолжение одговорната за образование Аслиан Снопче.
Таа информираше дека Општина Гостивар, знаејќи ги целите на министерот за образование, навремено го информирала премиерот Заев и амбасадите на седум највлијателни држави во земјава.
„Ова се доволни аргументи, за кои на увид ви доставуваме и документација, дека одлуката е чисто политичка“, подвлече на крајот од прес-конференцијата, Снопче.
Министерот за образование и наука, Арбер Адеми, му ги одзеде надлежностите на градоначалникот Таравари во делот на разрешување и именување на директори во период од девет месеци. Од МОН порачаа, Таравари да не го злоупотребува образованието во политички цели.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Пратениците на СДСМ утре ќе поднесат предлог за надзорна расправа и Анкетна комисија за Кочани
Пратениците на СДСМ и Коалицијата утре ќе поднесат предлог до Собранието за надзорна расправа и формирање посебна Анкетна комисија за целосно и независно испитување на трагедијата во „Пулс“ објави претседателот на СДСМ, Венко Филипче повикувајќи ги сите пратеници да ги поддржат.
„Пратениците на СДСМ и Коалицијата ги поддржуваат барањата на семејствата на загинатите и повредените во Кочани и утре ќе поднесат предлог до Собранието за надзорна расправа и формирање посебна Анкетна комисија за целосно и независно испитување на трагедијата во „Пулс“, за утврдување на вистината и одговори на сите прашања.
На денешната координација на пратеничката група на СДСМ и раководството на партијата оценивме дека ова се неопходни чекори за проверка на постапувањето на сите институции, утврдување на политичка одговорност, како и подготовка на понатамошни мерки и решенија за вакви трагедии никогаш повеќе да не се случат во Македонија.
Ги повикувам сите пратеници од сите политички партии да ги поддржат овие иницијативи во македонското Собрание.“ стои во објавата.
Македонија
Минчев во Рим: усвоена новата декларација за реформи на јавната администрација во Западен Балкан
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, учествуваше на 17. седница на Управниот одбор на Регионалното училиште за јавна администрација (ReSPA) на министерско ниво, која се одржа во рамките на конференцијата „Партнерство за реформи: Министерски дијалог Западен Балкан – Италија“ во Рим, Италија.
На седницата беа презентирани и усвоени Годишниот извештај за периодот од 19 октомври 2024 до 19 октомври 2025, кој ги акцентира постигнувањата во реформите на јавната администрација, како и Буџетот за 2026–2027 година, кој обезбедува континуитет во активностите и поддршката за земјите од регионот.
Изгласана беше и Министерската декларација за реформа на јавната администрација, која потврдува заложбата за регионална соработка.
Оваа година декларацијата се фокусира на модернизација, дигитализација и унапредување на соработката со земјите членки на ЕУ.
Седницата заврши со предавање на претседателството на Управниот одбор на ReSPA беше свечено од министерот за јавна администрација на Црна Гора, Мараш Дукај, на министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Србија, Снежана Пауновиќ.
Во рамките на оваа значајна регионална иницијатива, министерот Минчев со своето учество повторно ја потврди континуираната поддршка на Република Македонија за унапредување на реформите во јавната администрација, зајакнување на регионалната соработка и интеграцијата во европските административни стандарди.
Македонија
Два авиони наместо во Скопје пренасочени во Приштина поради силен ветер
Два вечерни лета кои требаше да слетаат на скопскиот аеродром, се пренасочени кон Приштина поради неповолни услови за слетување.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, изјави дека во скопскиот регион дува силен јужен ветер, кој создава проблеми за безбедно слетување:
„Поради силен јужен ветер, кој го зафати скопскиот регион, два авиони се пренасочени за слетување кон приштинскиот аеродром, додека други два сè уште кружат и чекаат насоки за слетување“, рече Ангелов.
Според информациите, ветерот дува на поголема височина, што дополнително ги отежнува процедурите за приод и слетување на скопскиот аеродром.

