Македонија
(Видео) Арсовски: Два нови случаи на партиско вработување на СДСМ
Не може ниту една закана, уцена или прогон да ја покрие срамната епидемија од непотизам на власта. Заразено е целото СДСМ. На јавноста сега ѝ е јасно зошто постои ваква нервоза кај СДСМ и Заев и зошто по секоја цена сакаат да се дефокусира темата за епидемијата од непотизам, обвини портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
„Речиси не постои пратеник или висок функционер од власта чијшто близок роднина не е вработен во некоја државна институција, агенција, управа, државно претпријатија или орган кај што не добива плата над просечните примања на граѓаните во Република Македонија.
Ќе обелодениме две нови имиња на пратенички од СДСМ чии блиски роднини се едни од многуте ‘заразени’ со епидемијата за непотизам.
Прво, пратеничката Фросина Ременски веројатно лажно ќе морализира, но мора да ѝ признае на јавноста и ја прашуваме еве јавно: Дали Зоран Ременски, со кого е во кумовски и во роднински врски, е вработен во ЕЛЕМ? Кои се критериумите, доколку е тоа така, според кои лицето Зоран Ременски, кум и внук на Фросина и на Јовче Ременски, се вработил во оваа државна фирма?
Вториот случај кој ќе го обелодениме денес е ‘дизел-вработувањето’ кое го добил и Никола Шумански, братот на пратеничката на СДСМ од Виница, Славица Митева-Шуманска, кој е вработен како царински службеник во Штип на 1 февруари 2019 година, веднаш по гласањето на уставните измени, пред само 20 дена“, рече Арсовски, додавајќи дека ова е доказ дека во СДСМ не владее морал.
Единствено морално, според него, е да си ги вработат пратениците и функционерите своите роднини. Тие се оперирале од морал, вели Арсовски, во моментот кога ги вработувале блиските роднини на нивните функционери.
„Јавноста ја охрабруваме да продолжи секојдневно да нè информира и да истражува за ваквите случаи, како што и тоа го прави бидејќи очајно го навлегоа гневот на граѓаните. Сите граѓани ги плаќаат овие партиски роднини преку буџетските пари прибавени или од зголемени даноци или од бруталното задолжување коешто го прави СДСМ“, порача Арсовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Ако лажат британските медиуми и „нема легални и нелегални мигранти“ – Мицкоски нека ја потпише Резолуцијата!“, бара СДСМ
„Христијан Мицкоски тврди дека британските медиуми, кои објавија дека се договара прифаќање мигранти во Македонија за пари, лажат. Исто така, тврди дека „нема легални и нелегални мигранти“. Значи, според Мицкоски, сите лажат“, велат од СДСМ.
„Ако е навистина така, тогаш зошто Мицкоски не ја потпишува Резолуцијата? Што чека? Зошто одолговлекува и бега?
Еве, нека ја потпише Резолуцијата на СДСМ. Со само еден потпис ќе ги расчисти сите сомнежи и дилеми.
Ние сме конструктивни и транспарентни од првиот ден. Резолуцијата е јавно објавена и сите ја видоа.
Граѓаните бараат дела – конкретен чекор од Мицкоски, а не празни зборови.
Затоа што за граѓаните неговите зборови одамна не важат, поради сите ветувања што не ги исполни. Како и ветувањето дека ќе се повлече од политиката ако се докаже поврзаност со Агенцијата за обезбедување во Кочани. А има и многу други неисполнети ветувања. Списокот е долг.
Мицкоски веднаш нека ја потпише Резолуцијата, а не да ја руши со контра Резолуции. Потпиши и нема мигранти. Толку е едноставно.
Ако одбива да потпише – тогаш сè е јасно: Мицкоски не ја зборува вистината, а договор за мигранти сепак има“, соопшти СДСМ.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.

