Македонија
Му се слоши на Никола Митревски – Кољо, брзата помош дојде во судот

На рочиштето за крвавиот четврток му се слоши на обвинетиот Никола Митревски – Кољо, при што претседателката на судечкиот совет, Добрила Кацарска, која го води случајот, повика брза помош.
Брзата помош му даде „дијазепам“ на Никола Митревски по што продолжи рочиштето на кое завршни зборови даваше обвинетиот Александар Василевски – Нинџа.
Претходно, свои завршни зборови даваа Влатко Трајковски, Вилијам Михајловски и Никола Митревски – Кољо.
По завршување со овој дел од постапката, претседателката на судечкиот совет ќе закаже термин за одржување рочиште на кои ќе им биде изречена пресудата на обвинетите.
За крвавиот четврток беа обвинети 33 лица. Од нив, 15 беа амнестирани, меѓу кои и пратениците Крсто Мукоски и Сашо Василевски, кои беа обвинети за отворање на собраниските врати, како и пратениците Љубен Арнаудов и Љупчо Димовски.
Со Законот за амнестијата опфатени беа и предводниците на протестите „За заедничка Македонија“, Богдан Илиевски, Борис Дамовски и Владо Јовановски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сиљановска – Давкова: Не сум се фотографирала со восочни фигури на Доналд и Меланија Трамп

Фотографијата објавена на моите официјални профили на социјалните мрежи, на којашто сум заедно со претседателот на САД, Доналд Трамп, е автентична и направена во Њујорк за време на свечениот традиционален прием организиран од претседателот Трамп и неговата сопруга, Меланија Трамп, реагираше претседателката на државата Гордана Сиљановска – Давкова.
– Написите на одредени медиуми дека станува збор за фотографија со восочна фигура се целосно неточни, злонамерни и со јасна тенденција за дискредитација, вели таа.
Сиљановска – Давкова упати апел до медиумите за професионално, одговорно и чесно информирање на јавноста, со почитување на вистината како највисок демократски принцип.
Македонија
Денес дожд и температура од 13 до 21 степен

Времето во текот на денот се очекува да биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни, проследени со ретки грмежи.
Според синоптичарите, ќе дува слаб со умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15, а максималната ќе достигне од 13 до 21 степен Целзиусов.
Во Скопје, се очекува претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Според најавите, ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 19 степени Целзиусови.
Локални врнежи од дожд се најавени и за утре, а потоа во следните два дена да биде претежно стабилно.
Од четврток се очекува нов влажен и постуден бран со пообилни врнежи од дожд и со значително опаѓање на температурата.
Македонија
Сиљановска Давкова објави дека се фотографираше со Доналд и Меланија Трамп

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова на својот Фејсбук-профил објави дека ѝ претставувало чест да присуствува на приемот што го приредија претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, и неговата сопруга Меланија Трамп, по повод 80. Генерално собрание на Обединетите нации.
Во објавата таа истакна дека во овие турбулентни времиња е важно да не се отстапува од демократските вредности и да се работи заеднички на зачувување на глобалниот мир и безбедност, додавајќи дека САД остануваат искрен сојузник на Македонија.
„Благодарност за гостопримството!“, напиша Сиљановска Давкова.