Спорт
Фондацијата на Меси донира 200.000 евра во Кенија

Фондацијата на ѕвездата на Барселона, Лионел Меси, донира 200.000 евра за помош на проектите на УНИЦЕФ за доставување чиста вода за пиење во Кенија.
Со проектот повеќе од 2.000 луѓе во рурална Кенија ќе добијат пристап до вода во своите домови и во училиштата. Децата ќе добиваат по два литра вода во текот на школските денови, а во училиштата ќе се изградат и тоалети за да се подобри хигиента.
Покрај ова, ќе бидат донирани 4.000 пакети храна во регионот откако податоците покажаа дека во Кенија има над 58.000 деца што гладуваат.
The @fundacionmessi maintains its commitment to young people, donating €200,000 to offer its assistance, in a project run alongside @UNICEF, with the construction of a drinking water pump and the distribution of nutritional supplements amongst children in Kenya. #ChooseToBelieve pic.twitter.com/KpN4fFBMVj
— Fundación Leo Messi (@fundacionmessi) February 21, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Најскапото засилување во историјата на Аталанта се пресели во Бешикташ

Напаѓачот од Мали, Ел Билал Туре (23) ја напушти Аталанта и ќе го помине остатокот од сезоната на позајмица во редовите на Бешикташ. Турскиот клуб ќе може да го откупи неговиот догоговор по завршувањето на сезоната.
Пред две години, Туре стана најскапото засилување во историјата на Аталанта кога дојде од Алмеира за нешто повеќе од 30 милиони евра.
Сепак, тој не се снајде во Бергамо. Речиси веднаш по пристигнувањето во Италија, тој заработи сериозна повреда на тетивата, што го спречи да игра до февруари.
Минатата сезона ја помина на позајмица во Штутгарт, а сега се сели во Бешикташ.
Претходниот тренер на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини, не беше задоволен од неговата форма, а новиот тренер на „Ла Деа“, Иван Јуриќ, очигледно не смета ниту на него.
Тој одигра вкупно 17 натпревари за Аталанта, постигнува три гола, додека минатата сезона одигра и 17 натпревари за Штутгарт, постигнува три гола.
Туре е роден во Брегот на Слоновата Коска, но игра за репрезентацијата на Мали, вза која одигра 25 натпревари и постигна девет гола.
Спорт
Тотална промена во ждрепката за Лига Европа и Конференциската лига

Ждрепката за групните фази на Лигата на Европа и Лигата на Конференции ќе се одржи на една церемонија, а тоа носи голема промена во самиот процес. Наместо традиционалното извлекување со топчиња, распоредот ќе биде одреден со софтвер.
На сцената ќе се употреби само едно копче. Ќе се притиска на самиот почеток на обете извлекувања, што ќе активира програма која случајно ги одредува противниците и редоследот на домашните и гостинските натпревари.
Откако софтверот ќе ги обработи сите податоци, распоредот ќе биде објавен постепено.
Церемониите за извлекување започнуваат во петок, 29 август, во 13 часот по средноевропско време. Ќе биде извлечена и Шкендија, доколку го помине Лудогорец ќе биде во ждрепката за Лигата на Европа, во спротивно македонскиот првак оди во Конференциската лига.
Спорт
Реал Мадрид издвојува најмногу за плати од сите клубови во Европа

Реал Мадрид и во новата сезона 2025/2026 го потврдува статусот на клуб со највисоки плати во европскиот фудбал. Според податоците на специјализираните страници „Betideas“ и „Capology“, просечната годишна плата на играчите на „кралскиот клуб“ е 11,2 милиони евра.
Оваа бројка е дури за 60 проценти повисока од сумата што ја издвојуваат повеќето други европски гиганти. Интересно е што ова е сепак мало намалување во споредба со минатата сезона, кога просекот беше малку повеќе од 12 милиони евра.
Далеку зад Реал Мадрид е нивниот најголем ривал, Барселона, чии играчи заработуваат просечно 7,91 милиони евра годишно. Каталонците исто така забележаа пад, со оглед на тоа што минатата сезона просекот беше 8,5 милиони евра.
Третото место на рангирањето го зазема Манчестер сити со просечна плата од 7,43 милиони евра. Сепак, за разлика од шпанските гиганти, англискиот клуб ја зголеми својата сметка за плати за повеќе од еден милион евра во споредба со претходната сезона.
По водечкото трио следува Баерн Минхен со 7,38 милиони евра, потоа Пари Сен Жермен и Арсенал, кои издвојуваат околу 7 милиони евра за просечна плата.
Клубови со највисоки просечни бруто плати во светот
1. Реал Мадрид – 11,2 милиони евра
2. Барселона – 7,9 милиони евра
3. Манчестер Сити – 7,43 милиони евра
4. Баерн Минхен – 7,38 милиони евра
5. ПСЖ и Арсенал – 7 милиони евра
6. Ливерпул и Манчестер Јунајтед – 6 милиони евра
7. Челзи и Тотенхем – 4,5 милиони евра
Foto/ EPA/J.L. Cereijido