Спорт
Пјонтек ја продолжи гол-серијата, Милан го растури Емполи (видео)
Кшиштоф Пјонтек се покажува како вистинска премија за тимот на Милан откако повторно беше стрелец на првиот гол за „росонерите“ при лесната 3:0 победа над Емполи во првиот меч од 25. коло во Серија А.
Пјонтек стрелаше во 49. минута од мечот за да го скрши отпорот на гостите што се борат за опстанок во елитата по што Кеси и Кастилехо постигнаа голови за препородениот тим на Џенаро Гатузо.
Со третата победа во низа Милан останува на четвртото место во Серија А со 45 поени, само поен зад градскиот ривал Интер (кој в недела ѝ гостува на Фиорентина) и четири пред Рома (ко утре му гостува на Фрозиноне). Емполи е 17. со 21 поен, три поени од зоната за испаѓање.
Фото: ЕПА
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Јуанјтед ја продолжи лошата низа, Челси избегна пораз од „шумарите“
Попладневната сесија во Премиер лигата донесе два нерешени резултати. Челси и Нотингем Форест ремисираа 1:1, а без голови заврѓи натпреварот Астон Вила-Манчестер јунајтед.
По првото полувреме немаше голови на „Стенфорд Бриџ“, по само пет минути игра во второто полувреме гостите поведиа со голот на Крис Ву.
Водството на „шумарите“ траеше само седум минути, кога израмни Мадуеке по додавањето од Палмер.
На крајот, избраниците на Нуно Еспирито Сантос беа задоволни од освоениот бод бидејќи играа со играч помалку откако Џејмс-Вард Проуз беше исклучен во 78. минута.
Ремито ја прекина серијата на Челзи од три последователни победи.
Манчестер јунајтед ја продолжи слабата серија во првенството и воопшто од почетокот на сезоната. „Црвените ѓаволи“ одиграа 0:0 во Бирмингем кај Астон Вила.
По седум одиграни натпревари, избраниците на Ерик тен Хаг имаат само осум бодови и остануваат на 14. место. На последните пет натпревари, во сите натпреварувања, Манчестер јунајтед има четири нерешени и еден пораз.
Спорт
(Видео) Миовски од клупата го гледаше шоуто на Газанига – Џирона го победи Билбао
Фудбалерите на Џирона го совладаа Атлетик Билбао со 2:1 во натпреварот од деветтото коло на шпанската Примера за кој долго ќе се зборува. Вистинско шоу имаше голманот на Џирона, Паоло Газанига.
Аргентинецот направи историскиот подвиг, на гостите им одбрани три пенали, од кои два регуларно. Неверојатната партија на Газанига, македонскиот репрезентативец, Бојан Миовски ја гледаше од клупата за резерви.
Шоуто на Газанига започна во 28. минута кога Аргентинецот лесно го сопре ударот од белата точка на Алекс Беренгер.
Lo de que Gazzaniga lleve 3 penaltis parados hoy contra el Athletic qué coño es. Sonríe el Fantasy de mucha gente.
— Cᴀꜱᴛɪʟʟᴏ (@Castillo__Rm) October 6, 2024
Десет минути подоцна стигна наградата за неговата интервенција, бидејќи колумбискиот играч за врска Јасер Асприља ги доведе домаќините во водство. Само две минути подоцна гостите од Баскија израмнија со голот на Оихан Сансет.
Во вториот дел Атлетик имаше две шанси да ги земе сите три бода.
Во 56. минута кога во шеснаесетникот на Џирона беше соборен Игнњаки Вилијамс, а гостите добија уште еден пенал. Токму Вилијамс ја зеде топката во свои раце, а Газанига ја прочита неговата намера и го одбрани пеналот.
Сепак, по проверката на ВАР, беше утврдено дека „гаучосои“ при изведувањето на ударот бил надвор од гол-линијата со двете нозе, па Билбао доби шанса за поправен. Андер Ерера ја презеде одговорноста, а Газанига рутински го одбрани неговиот обид
Tottenham'ın eski kalecisi Paulo Gazzaniga, Girona – Athletic Bilbao maçında üç penaltı vuruşunu kurtarmayı başardı:
❌ Alex Berenguer
❌ Ander Herrera
❌ Inaki Williams— EPL Günlükleri (@EPL_Gunlukleri) October 6, 2024
Длабоко во судиското надополнување, Џирона доби пенал кој во гол го претвори ветеранот Кристијан Стуани.
Спорт
Евра му предолжи на Погба да оди во Марсеј
Пол Погба (31) ќе може повторно да игра фудбал од март 2025 година. Францускиот играч за врска ќе може да тренира од јануари следната година, откако казната за допинг му беше намалена од четири на 18 месеци.
За потсетување, тој беше суспендиран на крајот од минатата сезона бидејќи тестот на кој беше подложен по натпреварот меѓу Удинезе и Јувентус на 20 август 2023 година покажа дека има вишок тестостерон.
Погба напиша дека „кошмарот конечно заврши“ и најави дека ќе му се враи на фудбалот. Иако неговиот договор со Јувентус е со важност до летото 2026 година, клубот не смета на него и се очекува договорот да биде спогодбено раскинат.
Италијанскиот инсајдер Николо Скира откри дека за Французинот се распрашувале богатите саудиски клубови кои во последните години носат европски ѕвезди, како и клубовите од МЛС.
Поранешниот француски репрезентативец и поранешен соиграч на Погба во Јувентус, Патрис Евра (43) има поинаква идеја. Тој сака да му помогне на својот сонародник, па предлага да оди во Марсеј, моментално третопласираниот клуб во францускиот шампионат.
„99 отсто сум убеден дека нема да го видиме Пол повторно во дресот на Јувентус. Тој мора да сврти нова страница. Ќе го повикам Мехди Бенатија (советник во Марсеј) да контактира со Погба. Вратата е отворена за него“, рече Евра во подкастот на поранешниот фудбалер Жером Ротен.
🗨️ @Evra: "À 99%, je pense qu'on ne reverra pas Paul sous les couleurs de la Juve. Il faut tourner la page. Je vais appeler Mehdi Benatia pour qu'il l'appelle car les portes sont ouvertes"
👀 Un milieu Pogba/Rabiot à l'OM ? pic.twitter.com/pzV12pwb3n
— Rothen s'enflamme (@Rothensenflamme) October 4, 2024