Топ
Скопјанец почина на улица
Педесет и едногодишен маж, со иницијали Т.Т. синоќа бил пронајден починат на улицата „Лазар Личеновски“ во Скопје.
МВР соопшти дека лекарот констатирал смрт без траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител над телото на починатиот била извршена обдукција и констатирано дека причина за смртта е срцев удар.
Претходно, МВР соопшти за смртта на таксист од Скопје, кај кој истотака немало траги на насилство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Сè уште се трага по хеликоптерот со кој леташе иранскиот претседател Раиси, објави ИРНА
Државната Иранска новинска агенција (ИРНА) објави дека во тек е опсежна операција за пребарување и спасување откако хеликоптерот со иранскиот претседател Ебрахим Раиси беше принуден да изврши „тешко слетување“ во планинскиот регион во северозападниот дел на Иран.
Инцидентот се случи денеска во шумата Дизмар помеѓу градовите Варзакан и Џолфа во иранската провинција Источен Азербејџан. Раиси се враќаше од Азербејџан, каде присуствуваше на отворање на брана со азербејџанскиот Илхам Алиев.
Неименуван ирански претставник за западните медиуми изјави дека хеликоптерот со кој се превезуваа иранскиот претседател Ебрахим Раиси и министерот за надворешни работи Хосеин Амирабдулахиан се урна додека летал над планинска област во иранската провинција Источен Азербејџан.
Тој истакна дека „животите на Раиси и Амирабдолахиан „се загрозени по хеликоптерската несреќа“.
„Сè уште се надеваме, но информациите кои ни доаѓаат од местото на несреќата се многу загрижувачки“, наведе неименуваниот ирански претставник.
Како што јави ИРНА, повеќе од дваесет целосно опремени тимови за пребарување и спасување, вклучително беспилотни летала и кучиња трагачи, се испратени во областа. Иранските вооружени сили распоредија командоси и специјални сили за да помогнат во операцијата за пребарување.
Поради нерамниот терен на регионот и тешките временски услови, особено густата магла во областа, операцијата за пребарување и спасување би можела да потрае некое време.
Портпаролот на Иранската служба за итни случаи изјави дека осум амбулантни возила се испратени во регионот.
Регион
По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност
Словачкиот премиер Роберт Фицо е надвор од животна опасност по обидот за атентат, изјави денеска министерот за одбрана и вицепремиер Роберт Калинак за словачката новинска агенција ТАСР.
Состојбата на Фицо се подобрува, а лекарската комисија утре треба да одлучи дали тој ќе биде префрлен. Фицо моментално се опоравува во универзитетската болница во Банска Бистрица.
Фицо беше тешко повреден на 15 мај, по седницата на Владата во градот Хандлова, кога 71-годишниот писател Јурај Цинтула, од непосредна близина неколку пати пукаше со пиштол во него. Специјалниот кривичен суд во словачкиот град Пезинок, со силно полициско обезбедување вчера му одреди притвор на Цинтула.
Топ
Во сообраќајката на „Водњанска“ во Скопје со повреди завршија седум лица
Седум лица се повредени во тешката сообраќајна несреќа која синоќа се случи на улица „Водњанска“, пред влезот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.
Од МВР денеска излегоа со подетални информации за сообраќајката во која учествувале четири автомобили, од кои два биле паркирани.
„Сообраќајната несреќа се случила помеѓу автомобил ‘БМВ’ со скопски регистарски ознаки управуван од М.М.(45) од Скопје, автомобил ‘ауди’ со скопски регистарски ознаки управуван од Н.Р.(40) од Скопје, и две паркирани патнички возила ‘голф’ и ‘мерцедес’, двете со скопски регистарски ознаки“, велат од МВР.
Во незгодата со телесни повреди се здобиле седум лица, а извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.