Европа
AI ги обвинува киевските и бунтовничките сили за погубувања
Меѓународната организација за заштита на човекови права Amnesty International ги обвини во понеделникот и силите лојални на прозападните власти во Киев и проруските бунтовници на истокот од земјата дека се одговорни за самоволни егзекуции во текот на воената операција на украинската армија во југоисточните региони.
Активисти на која Amnesty International пронашле докази за самоволни егзекуции кои можат да им се припишат и на двете конфронтирани страни, но не на ниво на коешто известуваа медиумите и руските власти во поглед на украинските единци, според извештајот на групата на организацијата којашто во понеделникот престојуваше во украинската престолнина Киев.
Организацијата особено ги истражувала наводите за масовните гробници откриени во близина на рудник крај селото Нижнаја Кринка, во близина на Донецк, коешто беше во рацете на украинската Национална гарда. Според властите на самопрогласената Народна република Донецк, руското министерство за внатрешни работи во овие гробници имало околу 400 тела.
Кон крајот на септември специјалната претставничка на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), Мадина Џарбусинова, изјави дека постојат сомневања дека од телата пронајдени во масовните гробници во Донбас се вадени внатрешните органи, кои можеби се продавани на црниот пазар.
На 1-ви октомври Ејнарс Граудинш изјави дека посетил две места на кои се откриени две масовни гробници во составот на групата од осум експерти од повеќе земји на Европската унија придружувани од претставници на самопрогласените Народни републики Донецк и Луганск. Како што вели овој активист за човекови права, убиените лежеле под тенок слој земја. Било очигледно дека телата биле набрзина фрлени во јамата. Ексхумацијата на гробниците ја вршат иследници од проруските власти од Донецк, кои го документираат излекувањето на секое тело, правата експертиза и го испраќаат телото во мртовечница.
„Во моментов само во мртовечниците во градот Донецк има околу 400 неидентификувани трупови. Очигледно тој број ќе се зголемува, бидејќи сѐ уште трае ексхумацијата од откриените гробници“, изјавил тогаш Граудинш. но и според членови на набљудувачката мисија на ОБСЕ.
Меѓутоа, во извештајот на Amnesty International се наведува дека нејзини претставници открила девет тела во тие гробници и „докази за вмешаност на силите приклонети кон Киев во убиства на најмалку четири лица“, од кои едно е локален жител.
Ексхумацијата на тоа тело покажало дека рацете му биле врзани на грбот кога умрел, според извештајот кои зборува за „жртва на вонсудско погубување“ кое го изеле украинските сили. Станува збор за 21-годишно момче доброволец во бутновничките единици, но кое никогаш не учествувало во борбите, изјави во Киев претставничката на Amnesty International за Украина, Татјана Мазур.
Таа нагласи дека „нема сомневања дека самоволните погубувања се дело на двете страни, на проруските сепаратисти и силите лојални на Киев на истокот на Украина, но тешко е да се процени нивото на тие злосторства“.
Киев претходно ги отфрли обвинувањата за вмешаноста на своите сили во таквите убиства и ги нарече провокација.
Откако кон средината ја покрена ткн антитерористичка операција на Киев во источните доминантно рускојазични југоисточни региони, според податоците на Обединетите нации убиени се повеќе од 3.700 луѓе, а над девет илјади се ранети./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Украинци: Соборивме авион за да можеме да разнесеме подморница
Безбедносната служба на Украина (СБУ) објави дека соборила модернизиран поморски извидувачки авион Ил-38Н „Sea Dragon“ во руската воздухопловна база во Јејск, како дел од подготовките за напад врз руска подморница во градот Новоросијск.
„Ова е авион дизајниран за поморско извидување, пребарување на подморници, следење на морски површини, поставување мински полиња и извршување напади со торпеда“, соопшти СБУ.
Според украинското разузнавање, погодениот Ил-38Н активно дејствувал против украински поморски беспилотни летала. Проценетата вредност на авионот е околу 24 милиони долари. СБУ истакнува дека Русија имала само еден авион од оваа класа во Црното Море способен да го открие украинскиот подводен дрон „Sub Sea Baby“ додека се движел кон својата цел.
Онеспособувањето на леталото, тврди УСБ, овозможило успешно спроведување на главната фаза од специјалната операција, експлозијата на руската подморница од класата Варшавјанка.
„За напад врз Ил-38Н, УСБ користела современ дрон со боева глава за површинска детонација опремена со 2.000 фрагменти насочени надолу. Детонацијата се случила директно над главната опрема и радарскиот оддел, а моторот бил оштетен“, објави украинското разузнавање.
УСБ претходно објави дека на 15 декември, за прв пат во историјата, руска подморница била уништена со употреба на подводни дронови „Sub Sea Baby“. Нападот во Јејск, според украинските тврдења, бил клучен предуслов за успехот на операцијата.
Европа
(Видео) Нова експлозија во Москва во близина на местото каде што пред два дена беше убиен генерал
Експлозија што се случи синоќа во јужниот дел од Москва уби три лица, вклучувајќи двајца припадници на руската сообраќајна полиција, соопшти Рускиот истражен комитет.
Според официјалното соопштение, двајца полицајци забележале сомнително лице во близина на службено полициско возило. Кога му се приближиле за да го идентификуваат и да го приведат, била активирана експлозивна направа.
„Двајца полицајци и едно лице кое било во нивна близина починале од повредите на местото на настанот“, се вели во соопштението на Истражниот комитет. Експлозијата се случила во густо населена област на градот. Членови на Истражниот комитет, полицијата, Росгвардија и службите за итна медицинска помош остануваат на местото на настанот.
🇷🇺🇺🇦 Moscow appears hit by another terror attack
An explosion in southern Moscow killed three — two police officers and an unidentified suspect
Officers noticed a suspicious person near their patrol car overnight, but as they moved to detain them, an explosive device detonated… pic.twitter.com/K5Jpeu9OJD
— The Other Side Media (@TheOtherSideRu) December 24, 2025
Руските власти потврдија дека е отворена кривична постапка. Најавено е дека ќе бидат спроведени неколку форензички вештачења, вклучувајќи медицински и експлозивно-технички вештачења, за да се утврдат околностите на инцидентот, видот на експлозивната направа и начинот на нејзино активирање.
Државното обвинителство ја презеде истрагата. Сè уште не е објавено дали третото лице кое загинало било напаѓач или дали постои врска со организирани структури или политички мотиви.
За потсетување, пред два дена, рускиот генерал Фанил Сарваров беше убиен во експлозија на автомобил-бомба во Москва, во близина на местото каде што се случи и синоќешната експлозија, а ова беше трет случај на убиство на генерал во Москва за една година.
Европа
Папата: Русија се чини дека го одбила барањето за примирје за Божиќ
Папата Лав XIV повика на еднодневно божиќно примирје низ целиот свет вчера вечер, без да спомене никаков конкретен конфликт, но изразувајќи жалење што „Русија се чини дека го отфрли барањето за примирје“.
„Ја повторувам оваа молба до сите луѓе со добра волја да одбележат барем еден ден мир на овој празник на Рождеството на Спасителот“, рече Папата додека ја напушташе својата резиденција во Кастел Гандолфо, во близина на Рим, пред да се врати во Ватикан.
„Можеби ќе нè послушаат и ќе има 24 часа мир низ целиот свет. Она што особено ме растажува е фактот дека Русија се чини дека го отфрли барањето за примирје“, истакна тој.
Лав XIV ќе ја прослави својата прва божиќна миса по изборот за Папа пред да го одржи својот традиционален благослов „Urbi et Orbi“ напладне во четврток, во кој папата традиционално ги разгледува конфликтите низ целиот свет.

