Спорт
Трипл-дабл на Дончиќ пораз на Далас (видео)
Лука Дончиќ запиша трипл-дабл, но неговиот Далас Маверикс не успеа да го совладаат ЛА Клиперс. Во Лос Анџелес, Клиперс победи 121:112. ЛА Клиперс е на седмата позиција на Западот со 34 победи и 28 порази, а Далас е далеку од местата што носат плејоф. Маверикс со 26 победи и 34 порази е 13-ти во конкуренција на 15 екипи во Западната конференција.
Далас успеа да биде во егал со Клиперс во првите три четвртини. Маверикс имаше неколкупати предност од пет поени, но Клиперс не му дозволи да се одлепи. ЛА Клиперс во финишот на третиот и четвртиот период создаде двоцифрена разлика, што на крајот му ја донесе победата.
Дончиќ го предводеше Маверикс со 28 поени и по 10 скока и асистенции. За Словенецот, ова беше четвртиот трипл-дабл во кариерата.
Најефикасни играчи на Клиперс беа Монтрезл Херел (32 поени), Лу Вилијамс (21 поени), Данило Галинари (20 поени) и Парик Беверли (19 поени, 8 скока, 9 асистенции).
Резултати:
Шарлот Хорнетс-Голден стејт Вориорс 110:121
Кливленд Кавалирс-Портланд Трејлблејзерс 110:123
Детроит Пистонс- Индијана Пејсерс 113:109
Бруклин Нетс-Сан Антонио Спарс 101:85
Мајами Хит-Феникс Санс 121:124
Чикаго Булс-Милвоки Бакс 106:117
Хјустон Рокетс0Атланта Хокс 119:11
Мемфис Гризлис-ЛА Лејкерс 110:105
Минесота Тимбервулфс-Сакраменто Кингс 112:105
Њу Орлеанс Пеликанс-Филаделфија 110:111
ЛА Клиперс-Далас Маверикс 121:112
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
МВП на Евролигата во Милвоки, Јанис нема да ги напушти Бакс
Јанис Адетокумбо, како шо сега стојат работите ќе остане во Милвоки најмалку до крајот на сезоната.
Според новинарот на „ESPN“, Шамс Чаранија, Кол Ентони и Амир Кофи се селат во Феникс, додека Ник Ричардс и Најџел Хејс-Дејвис ќе ги продолжат своите кариери во Милвоки.
Со овој потег, Бакс дополнително ја зајакнуваат ротацијата под кошот, со оглед на тоа што Ричардс носи физичко присуство и дефанзивна стабилност на центарската позиција, додека Хејс-Дејвис е играч кој може да придонесе енергија и ширина на ротацијата на крилата.
Од друга страна, Санс добиваат дополнителна длабочина во надворешната линија. Кол Ентони треба да преземе позначајна улога во организацијата на играта, како „бек-ап“ плејмејкер, додека Амир Кофи носи дефанзивна флексибилност и можност за покривање на повеќе позиции.
Официјална потврда за размената се очекува наскоро, откако двата тима ќе ги завршат сите административни детали.
Foto/ EPA
Спорт
Баерн го задржа Серж Гнабри
Фудбалерот на Баерн, Серж Гнабри, го продолжи договорот со клубот од Минхен до 30 јуни 2028 година, објави најтрофејниот германски клуб.
Во соопштението не се наведени финансиски детали за договорот.
„Воодушевен сум што ќе можам да играм за Баерн уште неколку години. Причините за продолжување на договорот се тимот, тренерите, целиот клуб, навивачите, градот, околината… Се чувствувам многу удобно во Баерн“, рече Гнабри, објави веб-страницата на клубот.
Гнабри (30) пристигна во Баерн во 2017 година од Вердер Бремен. Тој одигра 311 натпревари за клубот од Минхен и постигна 100 гола, а освои 15 трофеи со Баерн.
Foto/ depositphotos
Спорт
Четворица се враќаат, но Реал ќе биде сериозно ослабен во Валенсија
Во недела, Реал Мадрид ќе игра без Винисиус Жуниор и Џуд Белингам на гостувањето кај Валенсија во 23-то коло од шпанската Ла Лига.
Винисиус го пропушта натпреварот поради пет жолти картони, додека Белингам нема да игра поради повреда на тетивата. Не е прецизиран датум за неговото враќање, но се очекува да отсуствува до шест недели.
Реал Мадрид има шест победи по ред во првенството, но сепак е втор на табелата со 54 бода, еден помалку од лидерот Барселона.
Добри вести за тренерот Арвало Арбелоа е дека за место во тимот ќе конкурираат: Трент Александар-Арнолд, Антонио Ридигер, Дани Карвахал и Ферланд Менди.
Foto/ depositphotos

