Регион
Вучиќ ќе одговара на прашања што граѓаните ќе му ги постават на „Инстаграм“
Српскиот претседател, Александар Вучиќ, в сабота, од 11 часот, ќе одговара на прашања што граѓаните може да му ги испратат во директна порака на официјалниот профил на „Инстаграм“ – buducnostsrbijeav, пренесуваат српските медиуми.
За да постават прашање до Вучиќ, граѓаните ќе треба да го следат неговиот инстаграм-профил.
Профилот е отворен во пресрет на почетокот на кампањата „Иднината на Србија“ за време на која Вучиќ ќе ги посети сите 29 окрузи во Србија со цел пред граѓаните да ги презентира резултатите, плановите, но и да ги чуе нивните забелешки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Пеколна ноќ на Санторини: земјата не престана да се тресе, силни потреси следуваа еден по друг
На грчкиот остров Санторини синоќа беше најтешката ноќ во последните денови бидејќи околу 20 земјотреси со јачина над четири степени според Рихтеровата скала ја потресоа областа од еден часот по полноќ.
Голем земјотрес е регистриран во 07:51 часот по локално време, североисточно од Анафи, со јачина од 4,6 степени. Половина час подоцна следуваше уште еден со јачина од 4.3 степени, а со интензитет од 4.5 е забележан нешто пред 10 часот.
Земјотресите над четири степени според Рихтеровата скала принудија голем број жители на островот да скокнат од кревет во страв, објави Прототема. Најсилниот земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала се случи синоќа.
Сеизмичката активност продолжи синоќа во морската област меѓу Аморгос и Санторини.
Областа беше погодена од повеќе од 6.400 земјотреси во изминатите девет дена, што предизвика загриженост кај научниците и жителите, од кои многумина го напуштија островот.
Во вторникот беше регистриран земјотрес со јачина од 5 степени, чиј епицентар се наоѓа на 22 километри југозападно од градот Аркесини на островот Аморгос.
Според податоците на Националниот универзитет во Атина (НКУА), сеизмичката активност ги покажува карактеристиките на т.н рој на земјотреси, име кое се користи за опишување на серија земјотреси, од кои ниту еден не бил значително посилен од другите и не може да се окарактеризира како голем сеизмички настан.
НКУА наведува дека се можни две сценарија: бројот на сеизмички активности би можел постепено да се намалува со помали потреси во текот на следните неколку месеци или „рој земјотреси“ може да предизвика поголем, главен земјотрес проследен со „типична секвенца од последователни потреси“.
Многумина одлучија да ги напуштат островите, што доведе до голем метеж на пристаништата, но планирани се дополнителни фериботи и воздушни линии за секој што сака да ги напушти.
Од безбедносни причини, училиштата во Санторини, Анафи, Иос и Аморгос ќе бидат затворени до петок.
Регион
(Видео) Закана за бомба добија неколку училишта во Загреб
Неколку училишта во Загреб добија закани за бомби, објавија хрватските медиуми.
„Во текот на ноќта, образовните институции во областа на градот Загреб добија порака на нивните имејл адреси за можна поставеност на експлозивни направи. Полициски службеници се испратени на локациите и во моментов ја проверуваат веродостојноста на наводите во добиената електронска пошта“, соопшти хрватската полицијата.
„Неколку училишта во Загреб добија пријави за поставени експлозивни направи денеска. Во контакт сме со полицијата, чии пиротехничари веќе вршат увид во училиштата. Сите ученици се целосно безбедни надвор од училиштата, а сите надлежни служби преземаат максимални мерки за да се обезбеди нормализирање на ситуацијата што е можно поскоро“, потврдија од Град Загреб.
„Најостро го осудуваме овој неодговорен и опасен чин и изразуваме надеж дека сторителот(ите) брзо ќе бидат идентификувани и строго казнети“, соопштија од градот.
Во утринските часови исто така во мејловите на две образовни институции во Пожега пристигнала порака за можни експлозивни направи.
На локациите се испратени полициски службеници за преземање дополнителни мерки.
Регион
(Видео) Црвената плажа повеќе не постои по големото лизгање на земјиштето: земјотресите го менуваат изгледот на Санторини
Серијата земјотреси кои го потресуваат архипелагот Додеканези трајно го менуваат изгледот на Санторини, еден од најубавите острови во Грција, кој се наоѓа во Егејското Море.
Најсилниот од 6.400 земјотреси што го погодија овој регион од 26 јануари се случи вчера вечер и беше со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала.
The Santorini-Amorgos earthquake swarm just keeps going. It has now produced over 1,000 individual events since it began on January 27. pic.twitter.com/KQwxEj0Vbb
— Nahel Belgherze (@WxNB_) February 5, 2025
Бројните земјотреси предизвикаа бројни одрони, а еден од поголемите речиси целосно ја уништи познатата Црвена плажа, која е симбол на Санторини, објави грчкиот портал „Прототема“.
На социјалните мрежи се појавија снимки од плажата покриена со карпи кои се одрониле на брегот од блискиот рид. Недалеку од оваа плажа се наоѓа познат археолошки локалитет.
Σαντορίνη: Μεγάλη κατολίσθηση στην Κόκκινη Παραλία Τουρίστες έβγαζαν selfies στο χείλος του γκρεμού
🖇️ https://t.co/LlVgbyJeBH#σεισμος #Σαντορινη #σεισμός #Σαντορίνης pic.twitter.com/h5Np5JwXeQ— in.gr/news (@in_gr) February 4, 2025
Локалните власти поставија лента и забележаа дека плажата е затворена, но и покрај тоа, некои од ретките туристи кои се уште се на островот доаѓаат и прават селфи.
Според грчките медиуми, повеќе од 10.000 туристи и локални жители го напуштиле Санторини од саботата кога наеднаш зачестија земјотресите.