Топ
СДСМ Куманово го предлага Оливер Спасовски за претседателски кандидат

Општинската организација на СДСМ Куманово доставила до централата кандидатура за Оливер Спасовски за претседател на државата.
„Општинската организација на СДСМ Куманово, како најголема општинска организација во партијата, а воедно и матична општинска организација на Оливер Спасовски, со одлука на извршниот одбор едногласно донесе одлука нашиот партиски другар Оливер Спасовски да биде единствен кандидат за претседател на Република Македонија на престојните претседателски избори. Со ова се надеваме дека ќе успееме да имаме претседател на држава од Куманово“ вели Мартин Костовски, претседател на општинската организација на СДСМ Куманово.
Општинските организации имаат можност до сабота да доставуваат кандидатури, додека рокот за самокандидирање измина. СДСМ во недела на 3 март ќе го избере кандидатот за претседател на државата, а во меѓувреме продолжуваат преговорите за консензуален кандидат. Најсериозни кадидати чии имиња засега се вртат во јавноста се Оливер Спасовски, Радмила Шекеринска, Стево Пендаровски и Никола Димитров.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Одземени 250 килограми грицки и оризови барови со поминат рок, казнет нелегалниот продавач

По добиено известување од полициски службеници дека при рутинска контрола на патничко моторно возило откриле значително количество кондиторски производи со поминат рок, иснепкциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во соработка со Министерството за внатрешни работи извршиле претрес на домот на возачот на возилото. Пртитоа пронашле 34 пакети со т.н. флипс производи и 35 пакети оризови барови со различни вкусови, грицки и други кондиторски производи во количина од 250 килограми. Утврдено е дека пронајдените производи се со поминат рок по што, како небезбедени, биле одземени од инспекциските служби на АХВ.
Како што информира АХВ, производите биле набавени од различни магацини и се нуделе и продавале на скопскиот пазар за стари работи во Маџари, како и на пазарот во Шуто Оризари во Скопје.
-Сторителот е казнет со парична казна од 400 евра во денарска противвредност. Издадена е и наредба за уништување на небезбедните производи, наведува АХВ.
Агенцијата за храна и ветеринарство продолжува со спроведување мерки за сузбивање на нелегална трговија со храна, за која може да пријават и граѓаните на бесплатната телефонска линија за потрошувачи 0800 3 22 22, електронска на [email protected], или лично во Агенцијата.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Триото Трендафилов, Деановски и Пешевски, заедно имаат месечни примања околу 5.000 евра

Триото Трендафилов, Деановски и Пешевски, заедно имаат месечни примања околу 5.000 евра, или над 3 милиони денари годишно, немаат претстава како му е на обичниот работник. Триото Слободан Трендафилов, Трпе Деановски и Иван Пешевски, кои се продолжена рака на триото СДС, ДУИ и Левица, продолжуваат да работат по нивните насоки, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Дека работниците немаат веродостоен претставник во ССМ се докажува секојдневно од страна на ова трио, кое одработува за политиките на опозицијата. Синдикалците на батерии не го интересира работникот, туку ги интересираат нивните милионски примања кои ги добиваат во вид на плата и други додатоци. Овие лажни синдикалци работат исклучиво по насока на опозицијата, а доказ за тоа е нивниот молк. Прашањето е зошто Пешевски, на минатата власт, која самиот тој вели дека за една година од 2023 до 2024 ги зголемила трошоците за живот за 200 евра, не излегоа на протест и тогаш да им побараат на истите тие кои ги бранат денес, зголемување на минималната плата за 200 евра? Зошто тогаш ССМ на чело со Трендафилов, не повика на протести, туку само мудро премолчуваат.
Трендафилов, Пешевски и Деановски ги интересираат само парите и поволностите кои следуваат во нивните синдикати, добивајќи ги парите од истите оние работници, кои поради нивната дволичност изминативе години, имаат ниски примања. СДС го насади ова трио по синдикатите, местејќи ги на позиции со огромни плати, кои ги добиваат од работниците кои земаат минимални плати, а потоа лицемерно бараат неаргументирано и неанализирано зголемување на платите. Милионските суми кои ги добиваат во само една година, директно од работниците кои членуваат во синдикатите, се во вид на плати кои се за 3 или 4 пати поголеми од минималната плата, а плус на тоа добиваат и останати финансиски додатоци, во вид на договори на дело. Прочитани се синдикалците на батерии. Владата ги зголемува платите на сите полиња, а тие ниту еднаш не го поздравија тоа, тврдат од партијата.
Свет
Неколку згради во Бангкок се евакуирани како мерка на претпазливост поради последиците од земјотресот

Неколку згради во Бангкок се евакуирани поради извештаи за вибрации и пукнатини кои се појавиле во зградите, објави Бангкок пост.
Bеше објавено и дека во ѕидовите се слушнало пукање, што предизвикало паника кај многу жители, како и кај владините службеници кои живеат во одредени згради во строгиот центар на Бангкок.
Евакуацијата започнала околу 10 часот. Меѓу погодените беа зградите на владиниот комплекс на патот Ченг Ватана, Министерството за труд во областа Дин Даенг и зградите на судот на патот Рачадаписек.
Луѓето беа евакуирани и од седиштето на Државната банка за домување во округот Хуаи Кванг, Кривичниот суд во Рачадафисек и Канцеларијата за социјално осигурување во Дин Даенг.