Македонија
Без струја делови на Кисела Вода, Карпош и Центар

Од „ЕВН Македонија“ АД информираат дека поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, без електрична енергија ќе останат:
Во периодот од 9 до 12 часот корисниците од дел од улиците Михаили Ефтихиј, Георги Димитров, делот кај Домот на слепите, дел од улицата Димо Хаџи Димов, како и улицата Мариовска, делот кај Домот на слепите (општина Кисела Вода).
Во периодот од 9 до 12 часот корисниците од дел од улиците Букурешка и Прашка, од бр. 26 до бр. 40, како и улицата Париска, од бр. 1 до бр. 11 (општина Карпош).
Во периодот од 11 до 14.30 часот корисниците од дел од улицата Славка Динкова (општина Кисела Вода).
Во периодот од 12.30 до 15 часот корисниците од дел од улиците Ацо Караманов, Тодор Александров, Загрепска, ОУ „Кочо Рацин“, улицата Бигла и соседните улички во делот кај ОУ „Кочо Рацин“ (општина Центар).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Таков каков што сум“ – Анѓушев објави книга во која зборува отворено за општествено политичките прашања

Книгата со наслов ,,Таков каков што сум’’ пишува за бизнис, еснаф, наука, иднина, политика, лични погледи на многу општествени случувања, пораки за младите и охрабрување за секој кој сака да почне нешто свое и да биде претприемач. Ова книга која ја издаде бизнисменот проф. д-р Кочо Анѓушев и е негова автобиографија, со оглед на тоа што внатре пишува и за своето детство, за образованието, за неговите претци, за тоа што научил од неговиот дедо, фабрикант пред втората светска војна, и чии совети му биле насока во неговата работа, а пред се во делот да наоѓа области во кои никој дотогаш нема работено и не се познати.
,,Ова беше моја потреба да кажам некои работи кои одамна сакав да ги кажам. Да ја кажам вистината за мене од раѓање, од какво семејство потекнувам, кои биле моите предци, што работеле, колку имот имале, па потоа немале ништо со доаѓањето на национализацијата, дека јас лично пред 20 години почнав од нула, ама почнав со многу инженерско знаење, бизнис логика и преголема желба да успеам и да излезам од сиромашен живот’’- вели Анѓушев за неговата книга, напишана за три недели во јануари годинава.
Во еден дел се осврнува и на политиката, за која вели дека никогаш повеќе не сака да има никаква врска. Неговите погледи кон тоа како функционира државата како систем се сомничави, поради тоа што во последните 30 години, според него, не напредувавме доволно како држава и не се презеле храбри чекори. Во книгата дава предлози што би можело да помогне, иако како што вели, и самиот тој не добивал голема поддршка да ги спроведе кога лично бил дел од владата поради тоа што политиката кај нас е во принцип насочена кон дневно-политички опстојувања наместо кон стратешки решенија. Посакува и се надева новата власт и секоја идна власт да може да покаже поинакви резултати.
Како што заклучува на крајот, Анѓувшев ја напишал книгата за сепак да ги охрабри младите иднината да ја гледаат во Македонија.
,,Во оваа книга се обидов преку својот живот, преку своите искуства и грешки, да оставам едно четиво за сите кои денес се занимаваат или сакаат во иднина да се занимаваат со бизнис. Ова е, пред сѐ, книга за тоа дека може да се почне од нула и да се успее во животот со многу работа и учење. И дека никогаш не треба да се откажувате’’-вели Анѓушев.
Ова е првпат Анѓушев да напише книга која е надвор од машинската струка, односно надвор неговите книги од кои се учи на Машинскиот факултет.
Од печат излезе на македонски и англиски јазик, во соработка со издавачката куќа Арс Ламина. Ќе се продава во книжарите на Литература и во уште повеќе од 100 книжари и штандови за книги во хипермаркетите.
Македонија
Затворен аеродромот во Тел Авив, македонската амбасада во Израел соопшти дека активна е само морска рута

Воздушниот простор на Израел како и аеродромот, се затворени, а планот за евакуација на странски државјани преку аеродромот Тел Авив засега не е возможен. Македонската амбсада во Израел информира дека постои најава за отворање на аеродромот, денес 22 јуни, од 14.00 часот.
Од Министерството за туризам на Израел добиена е информација дека функционира морската рута од Ашдод до Лимасол (Кипар) (компанијата “Mano Shipping”).
„Следниот брод со слободни места “Crown Iris” планирано да отпловува од Ашдод на 27 јуни (петок). Можете да купите карти директно од веб страната на компанијата“, велат од амбасадата.
За македонските државјани кои немаат никаков валиден пасош, се упатува молба да се обратат до амбасадата за добивање на Патен лист.
Македонија
12 отсто од вработените на Клинички ќе паркираат на пет минути пеш за да им се олесни пристапот на пациентите, најави Алиу

Триста вработени од вкупно 2.500 на Клиничкиот центар Мајка Тереза од 1 јули ќе можат да ги паркираат своите возила кај „Лимак“ за да се олесни сообраќајот пред комплексот клиники. Ова го најави министерот за здравство, Азир Алиу.
Паркинг местата кај „Лимак” за дел од вработените во Мајка Тереза ќе бидат обележани со табли, оддалечени на пет минути пешачење, а ќе продолжат да ги плаќаат самите, по истатат цена како досега. За тоа кој ќе паркира таму, ќе се одлучува на доброволна основа, рече министерот.
Според него, со пренасочување на возилата на оваа бројка на вработени надвор од кампусот, граѓаните нема да мора да решаваат сообраќајни проблеми и да губат нерви. Сепак, на просторот на Клиничкиот центар дневно се паркираат и до трипати повеќе возила одошто има место, а секоја нова власт изминативе две децении ветува изградба на катни гаражи во Клиничкиот центар и решавање на проблемот.
Алиу вели дека во моментов се врши мапирање на секој агол, по што ќе се знае точно колку возила може да се паркираат, кои се пиковите во текот на денот и каде се најкритичните точки на застој.
Министерот најави и интерактивни табли со цел пациентите полесно да се снајдат на Клинички центар, но засега не знае колку ќе чини тоа решение.