Македонија
(Видео) Затуровска до Заев: Дали ќе градите клинички или вселенски брод со 480 милиони евра?

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Лилјана Затуровска, на денешната седница за пратенички прашања праша зошто од буџетот ќе се издвои огромна сума од 480 милиони евра за изградба на новиот клинички центар, што е 4 пати повеќе од сумата што ја предвидела претходната власт.
Побара објаснување и кажа дека постои сомнеж оти овие пари ќе завршат во нечии џебови.
„Здравството ви служи како алатка за неважни цели, преку него само се слеваат пари во нечии џебови. Се сомневам дека ќе понудите услуга како што заслужуваат граѓаните. Дали тоа ќе биде вселенски брод или клинички? Зошто толкава сума кога ВМРО-ДПМНЕ имаше предвидено 120 милиони евра?“, вели Затуровска.
Одговор даде премиерот Зоран Заев. Тој тврдеше дека ова сума била предвидена со физибилити-студија, која била изработена и наследена од претходната власт.
„Имавме веќе изработена студија и нема потреба да се тршат пари за нова. Ова е џиновски проект и, освен клинички, ќе има и училишта за обука на медицински персонал, студенски домови, истражувачки центри. И сето тоа ќе го градиме врз основа на овој документ. Би сакал да ве повикам и вас како опозиција да се вклучите и заеднички да го реализираме овој огромен проект“, одговори Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Николоски се сретна со унгарскиот министер за национална економија: Регионалните проекти во инфраструктурата и транспортот се заеднички приоритет за двете држави

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во рамки на посетата на Унгарија, денеска оствари средба со министерот за национална економија на Унгарија, Мартон Наѓ.
На средбата се разговараше за движечките проекти на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, планираниот економски раст, нови инвестиции и актуелни политики.
Исто така се разговараше и за економските политики на Владата на Унгарија и нивниот план за раст како и можностите за уште позасилена економска соработка помеѓу двете држави.
Регионалните проекти во инфраструктурата и транспортот се заеднички приоритет на Македонија и Унгарија, како услов за забрзан економски раст и подобра поврзаност во регионот. Договорот Влада со Влада кој се потпиша помеѓу Македонија и Унгарија исто така носи големи придобивки за граѓаните на двете земји, потврдија двајцата министри.
Односите меѓу двете земји се на одлично ниво и истите ќе се интензивираат во делот на економијата и инвестициите.
Вицепремиерот Александар Николоски на покана на премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, од вчера е во посета на Будимпешта и присуствува на прославата на Националниот ден на Унгарија.
Македонија
Авионска дезинсекција против комарци во Скопје

Градот Скопје известува дека на 22.08.2025 и на 23.08.2025 година (петок и сабота), во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје против возрасни форми на комарци.
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин.
Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
Македонија
Во Македонија 18 пожари на отворено

Во текот на изминатото деноноќие, на ден 20/21.08 на територијата на Македонија имаше вкупно 18 пожари на отворен простор, од кои активни се три пожари, а под контрола и изгаснати се 15 пожари, информира Центарот за управување со кризи.
Активни се пожарите во Јасен (мешана шума), во Општина Маврово и Ростуше восело Церово и во Општина Прилеп во село Беловодица.
Под контрола и изгаснати се 15 пожари, и тоа:
1. Општина Гази Баба: ул. Перо Наков б.б (ѓубриште);
2. Општина Петровец: с. Средно Коњаре (ѓубриште);
3. Општина Петровец: с. Средно Коњаре (ниска вегетација и ѓубре);
4. Општина Струга: с. Драслајца (ѓубриште);
5. Општина Тетово: с. Сараќино (ниска вегетација);
6. Општина Желино: с. Стрмница (ниска вегетација);
7. Општина Чишиново-Облешево: с. Облешево (ниска вегетација);
8. Општина Неготино: с. Криволак, во близина на мостот пред касарна (ниска вегетација и напуштена нива со овоштарник);
9. Општина Тетово: на патот Тетово – с. Брвеница (ниска вегетација);
10. Општина Гостивар: с. Чегране (ниска вегетација);
11. Општина Гостивар: с. Дебреше (ниска вегетација);
12. Општина Крушево: с. Светомитрани (ниска вегетација);
13. Општина Радовиш: с. Раклиш (ниска вегетација);
14. Општина Студеничани: с. Драчевица (сува трева и грмушки);
15. Општина Долнени: с. Лажани (ниска вегетација);