Регион
Косовската опозиција потпиша договор за конституирање на Собранието
Партиите од косовската опозицијата, Демократски Сојуз на Косово (ЛДК), Алијансата за Иднина на Косово (ААК), Движењето Самоопределување и партијата Нисма во средата во Приштина потпишаа договор за конституирање на Собранието на Косово.
На досегашниот опозициски блок на Косово му се придружи и Движењето Самоопределување, а лидерот на оваа движење Албин Курти изјави дека овој договор е само за конституирањето на Собранието, но не и за формирањето на новата косовска влада .
Договорот, кој е потпишан со опозицискиот блок ЛАН од страна на Самоопределување, е начин за да се надмине проблемот во Собранието околу конституирањето и да се воспостави правдата, а за владата ќе се расправа потоа, изјавил Курти.
Од друга страна, победничката партија на изборите на Косово, Демократската партија на Косово (ПДК) и натаму смета дека и покрај тоа што нема мнозинство во новиот состав на Собранието, таа треба да го има претседателот на Собранието./крај/мф/мн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Децата кои беа ранети во училиштето во Загреб се пуштени од болница, празниците ќе ги поминат со своите семејства
Двете момчиња, ранети во страотниот напад во петокот во основното училиште „Пречко“ во Загреб, денеска се пуштени на домашно лекување од Детската болница.
Лекарите процениле дека момчињата на возраст од седум и 11 години се опоравиле доволно за да ги поминат Бадник и Божиќ дома со своите семејства.
„Најдобрата можна вест денеска од болницата Клаиќ е дека децата се добро. Чекаме психолошкиот тим да развие план за натамошно следење на нашите пациенти, а очекуваме да бидат отпуштени во текот на денот, што сите не радува многу – изјави Фран Штампалија, специјалист за детска хирургија за ХРТ.
Тој нагласи дека на родителите и на децата им олеснало кога дознале дека дошол овој момент.
„Ги пречекав, бев на должност во саботата, но целата екипа, вклучувајќи ги и нашите медицински сестри, кои особено морам да ги пофалам, завршија одлична работа, како и анестезиолозите, другите хирурзи и ургентното одделение“, рече Штапалија.
Тој додаде дека планот е да се следи закрепнувањето на децата откако ќе бидат отпуштени од болница.
„На сите им е јасно дека физичките рани ќе зараснат, но психолошките рани треба да се следат подолго време и на тој начин да нема опаѓање. Засега сме на нагорна патека и сакаме така да остане“, заклучи Штампалија.
Наставничката повредена во истиот напад е во стабилна состојба и и’ е укажана психолошка помош.
Регион
Брнабиќ: Хрватска призна дека работи на смена на Вучиќ
Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ, денеска оцени дека изјавата на кандидатот за претседател на Хрватска, Ивана Кекин, дека „стратешки интерес на Хрватска е Вучиќ да не е на власт“ имплицира дека работат на неговата замена.
Брнабиќ на мрежата Х напиша дека е интересно што во последната недела од кампањата за претседателските избори во Хрватска се занимаваат со тоа кој е претседател на Србија.
У последњој недељи кампање за председничке изборе у Хрватској, они се баве тиме ко је председник Србије. Занимљиво…. Ово је дефиниција појма “мешање у унутрашња питања друге земље”! Да ли било ко мoже да замисли да се током председничких избора у Србији говори о томе ко треба… https://t.co/7089TtqtZg
— Ana Brnabic (@anabrnabic) December 24, 2024
Како што нагласи за Ивана Кекин, оваа изјава е дефиниција на терминот „мешање во внатрешните работи на друга држава“ и праша дали некој може да замисли дека за време на претседателските избори во Србија ќе се зборува за тоа кој треба да биде претседател на Хрватска.
Регион
(Видео) Снежно невреме парализира колона возила со 70 лица во БиХ, спасувачката акција траеше 10 часа
Снегот кој непрекинато паѓа повеќе од 24 часа во поголемиот дел од БиХ, денеска предизвика бројни потешкотии во патниот сообраќај, а на територијата која е дел од ентитетот Република Српска, целиот железнички сообраќај е во прекин поради дефект во далноводите.
Автомото клубот на Босна и Херцеговина (БИХАМК) издаде предупредување до сите возачи поради отежнат сообраќај на патиштата кои водат преку планинските превои.
Поради тоа, дел од регионалните патишта мораше целосно да се затворат, а најлоша е состојбата во поширокото подрачје на Дрвар, каде колона возила со 70 лица, меѓу кои и деца, беше парализирана од снежно невреме на патот што води кон Босански Петровац, ноќта помеѓу понеделник и вторник.
Спасувачка акција траела цели десет часа.
Автопатот што води од Босанска Градишка до Добој е забранет за сообраќај на камиони, а вакво ограничување е воведено и за голем број главни и регионални патишта во северна и северозападна Босна.
Во Сараево висината на снегот во утринските часови достигна 30 сантиметри, а висината на снежната покривка на околните планини над еден метар.