Македонија
На Едмонд Темелко му се слоши, одложено рочиштето за „Титаник“

На денешното рочиште за изборните нерегуларности од предметот „Титаник“ му се слоши на обвинетиот Едмонд Темелко по што претседателот на судечкиот совет, Осман Шабани, го прекина судењето на кое се изнесуваа материјални докази од страна на СЈО.
Општата здравствена состојба на обвинетитот Едмнод Темелко веќе подолг период е влошена и тој речиси цел месец беше хоспитализиран за што има одложувања на судењата за „Титаник“.
На денешното рочиште обвинителката Лиле Стефанова пред судот ги презентира лажните лични карти, кои, според обвинението, биле изработувани за потребите на тогашната партија на власт, ВМРО-ДПМНЕ, за изборните процеси во 2013 година.
Станува збор за повеќе од 2.000 лични карти со лажни имиња и со фотографии од претежно постари лица.
Во предметот „Титаник“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, кој доби азил во Унгарија, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска-Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.
Обвинетите се товарат за делата злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Врнежи од снег и паднати дрвја на патот Никфорово-Леуново-Бунец, сообраќајот во прекин

На регионалниот пат Никфорово-Леуново-Бунец од 23:20 часот, сообраќајот е во прекин поради врнежи од снег и паднати дрва на коловоз, извести АМСМ.
Се интервенира за негово расчистување.
Во текот на денот и вечерва вработените од Ј.У.Н.П. „Маврово# со сопствена механизација, се вклучија во активностите за расчистување на паднатите дрва кои го отежнуваат движењето на автомобили по регионалниот пат Маврово – Дебар и околу Мавровското езеро.
Македонија
Петрушевски: Венко Филипче ти имаш фирми во Бугарија, на адреса со Заев каде се свртеа 9 милиони од јагленот од РЕК

„Вечерва Венко Филипче, пред 30-тина луѓе во мала сала во Кисела Вода, потрошил голем дел од својот говор за да ме навредува. Редно е да одговорам“, напиша на социјалните мрежи Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Венко, најмалку ти имаш право кој било да го обвинуваш за „лажење“ и „бугаризација“. Јас немам бугарски пасош, немам фирми во Бугарија и немам тајни зделки зад грбот на народот. Ајде еднаш биди искрен и признај дека токму ти си синоним за милионски шеми со фирми во Петрич, заедно со браќата!
Не мора на мене, туку на јавноста дај и одговори: Каде завршија 9 милиони евра од јагленот за РЕК Битола? Зошто на иста адреса во Петрич се појавуваат фирми на твоето семејство и на Вице Заев? Дали тие пари завршуваа во ваши фотоволтаични централи, додека народот го оставивте да плаќа скапа струја? Дали преку бугарски фирми финансирате бизниси по светот, додека Македонија ја потонавте во сиромаштија?
Ова се вистинските прашања, Венко.
Не лажи дека јас или Христијан Мицкоски имаме такви врски. Ние немаме ниту бугарски пасоши, ниту скриени фирми. Ние имаме чесна и чиста биографија.
ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се јасно определени за Македонија во ЕУ, но како достоинствена држава, без понижувања и без тргување со националните интереси.
Доста е од лицемерието Венко! На народот му е јасно дека додека си трупавте милиони преку Бугарија, граѓаните останаа со празни џебови“, вели Петрушевски.
Македонија
Забрана за тешки товарни возила на неколку патни правци

Од 19:45 часот на магистралниот пат Маврово – Дебар воведена е забрана за тешки товарни возила поради задржување на снег на коловоз, извести АМСМ.
Од 19.55 часот воведена е забрана за тешки товарни возила и за патниот правец Гостивар – Стража, додаваат од АМСМ.