Свет
Франција ќе интервенира ако нејзини државјани-џихадисти бидат осудени на смрт во Ирак
Францускиот министер за правда објави дека француската влада ќе интервенира ако француски државјани- припадници на ИД бидат осудени на смрт во Ирак за своите активности, пренесува „Ле паризиен“.
Тринаесет француски исламисти се соочуваат со судење во Ирак откако беа заробени во Сирија и, според ирачкиот закон, казната за секој што обезбедува материјална помош за Исламската држава или други екстремистички организации е смрт.
Министерот за правда, Никол Белубе, рече дека Франција ќе им дозволат на Ирачаните да ги судат странските борци, но инсистираат дека нема да дозволат примена на смртната казна.
„Постојат возрасни Французи кои свесно отишле на бојното поле и тие се одговорни за своите постапки онаму каде што ги извршиле”, рече таа.
“Ние, од една страна, ги осигуруваме правата на одбрана на земјата, а од друга страна правата на Французите на конзуларна заштита. Затоа, ние ќе обезбедиме минимално почитување на правото на фер судење.“
По повлекувањето на САД од Сирија, француските власти проценуваат дека има повеќе од 600 француски државјани, мажи и жени, во таа област.
Претстојните судења на странските борци од Европа не се новост. Минатата година, ирачките судови ја осудија француската државјанка Мелина Бугедир на доживотен затвор за членување во Исламска држава.
На судењето, адвокатите на 27-годишната Бугедир се пожалија дека француската влада работела проактивно за да ги спречи неа и другите џихадисти да се вратат во Франција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

